Бајкингот во Скопје и пошироко

  • Креатор на темата Креатор на темата krusha03
  • Време на започнување Време на започнување
DuFFy напиша:
Не бе немора пола саат.....15-20мин доста се :):)...не се зезам ке се чекаме мајкуму сите заедно ке идеме....ти без одмор стигаш до горе ??
:pos::pos::pos:
Како бе без одмор, денес дали зашто уште не сум истрениран или зашто бев спиен само 4 саати, нагоре душа немам 3 пати застанував и 5мин си седев. Плус го туркав, а камо ли да го возев. Затоа ви викам ако сакате да се договориме утре во 9-9:30 да се чекаме горе да речеме кај масичкана кај црквата. Па после ке ве носам надоле по капиштец стазата (мада последниот дел го асвалтирале па малку е пократка). Јас утре идам 95% па пишете
 
Ај после ке ти пишам јас дали ке одам....а Мац)) моеш ти бре ? ? ?
 
Дафи јас утре идам, па ако го прочиташ ова дојди. Планирам горе да бидам некаде околу 9:00-9:30
 
Прочитав :):):):)....ама сеа ти си горе најверојатно така да убо да си поминеш и облачно да ти биде за враќање.....ама да не врне

п.с. Мисли некој да отиде на натпреварот на 24 кај камени мост шо е ??? Немора да учествува дали мисли некој да отиде и ко гледач :)
 
Абе дафи бе што да ти кажам ај утре или задутре тогаш. Јас пак тоа време ќе бидам горе 9:00-9:30. Денес се подобрив за 35мин стигнав до горе и одмор направив само доле кај фонтаната кога стигнав да земам воздух. Иначе нагоре по тоа угорницата полека клај-клај земи сокче, пак нагоре и така. Сум си направил договор со себе дека до 1ви ако можам секој ден има да идам на водно. Денес имаше нешто повеќе луѓе плус горе се најдов со двајца другари од мало ама они се спуштаа по патот, нејќеа да дојдат од ваму. Па има кандидати за утре или евентуално задутре? Зашто се може да испадне, не сум 100% сигурен дека ќе идам утре, па ќе пишам вечер што сум решил.

Заборавив да кажам точакот го туркам нагоре, ме мрзи да возам и уште не сум во форма
 
DuFFy напиша:
Прочитав :):):):)....ама сеа ти си горе најверојатно така да убо да си поминеш и облачно да ти биде за враќање.....ама да не врне

п.с. Мисли некој да отиде на натпреварот на 24 кај камени мост шо е ??? Немора да учествува дали мисли некој да отиде и ко гледач :)



ja kje idam da gleam,VIE?????
 
И јас мислам да доам....ако имам со кој за да ми праи друштво....море и да немам сам ке си дојдам :):)

Круша у 9-9:30 си на средно водно ???.....
 
A не сум информиран, што е тој натпревар? Нешто финти правење и слично?
Иначе да планирам во 9 да стигнам горе, седам до 9:30 и си идам надоле
 
E,хе,хе,хехе,хе хеј народе, народе чујте и почујте! На 24 ден од месецот 8-ми по ред лето господово 2006-то ќе се случи првиот бајк натпревар од овој тип во нашата земја. А тој тип е дисциплината Урбан Тријалс, односно оние со точаците што сокаат низ град ако сте ги виделе... е сега уште повеќе ќе скокаат и ќе праат финтици во добар дух и расположение. Натпреварот е во организација на EVIL BIKERS TEAM од Скопје и икс-м-к-д од Интенрет. Дојдете на кејот од реката Вардар во Скопје, каде што плоштадот Македонија се спојува со Калето преку историскиот Камени Мост кој го реновираа пред некоја година и сега не е толку историски како што беше. Ете тука од година во година се создава една нова историја, а вие драги читатели ќе имате можност да бидете дел од неа. Опростете се со своите гревови од предходната вечер, и дојдете заедно да го проследиме овој настан. Тркалото се врти...
превземено од xmkd.com :)

п.с. мислам дека го постирав ова еднаш ама ти беше на одмор затоа не си го видел ::)

Еве Круша информирај се :pos:
 
Претпоставував, највероватно ќе бидам таму. А ти сега ако идам утре ќе доаѓаш?
 
Идам бе......до 9 ке бидам на средно...ваљда ке се познаеме :toe:
 
Си ги знаеме точаците :) Уште имаш долга коса како на сликана од водно кога сте биле со Мац и Бушав? Јас или ќе бидам на првиот паркинг или доле кај црквичката. Па се гледаме тогаш утре околу 9 саат.

PS. За кој к*р неможам да ти дадам зеленко, за тоа што ме информисаше?
 
Абе јас уште имам долга коса ама тоа црквичката поим си немам каде е.....ке доам со уште двајца другари и може ке подраниме и ке бидеме кај клупите кај чешмата (не тие 4-5-6 шо се горе таа едната доле :))...или ај може другариве знаат кај е таа црква :):):):)

п.с. ке доаѓаш со таа Downhill кациката SixSixOne ???:):)
п.п.с. поим немам зашо немоеш :)
 
Aбе незнам дали пишав ама ја немаше таа и земав една класа подобра SixSixOne Full Bravo 2005 модел. Еве ја овде на слика таа плавата и нормално дека со неа ќе дојдам не за џабе сум ја купил. А иначе како не ја знаеш црквата на средно, одма кај хотелот?
 
Лееееј не сме нормални.....ни требаше 27 страни да се договориме :pos::pos::pos:
за црквата другаров вика знаел како да стигне до нејзе....се иде десно по тоа патчето пред паркингот голем ???.....
Значи у 9 кај ке се чекаме ???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom