Peak oil - како ќе го дочекаме ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Веб-сајт
ygeneration99.blogspot.com
Мал вовед :

Нафта е главниот енергенс кој го движи светот, поради нафтата имаме ефтина храна и брз пораст на населението. Од нафтата освен што се користи како гориво, се користи и за произведување на скоро целата пластика и гума, пестициди,дел од боите, вештачко ѓубриво...
Сега ќе се задржам на производството на храна : оди една машина која работи на нафта и ора,сее,сади...друга која става вештачко ѓубриво(да...се прави од нафта) , трета која го прска со пестициди( да...пак од нафта) четврта која го собира , камион кој го носи до фабриката за преработка и го пакува во пластика (не? хахах да... пак нафта) и на крај стига до супермаркетот (не...добрата вила не го става таму на рафтот...нафтаааааа).

Целата трговија зависи од нафта,дневно се трошат околу 86 милиони барели нафта (ако не и повеќе).
Малце флешбек во минатото : Во седумдесетите кога призводството на нафта во Америка достигнале до врвот (Пик Оил) и кога понудата заостанала за само 5 отсто цените се покачиле околу 300 посто (ако не и повеќе)

Сега што значи peak oil : тоа значи дека екстракцијата на нафта го достигнала зенитот во однос на расположивите резерви на светско (или локално) ниво и дека од таа точка па понатаму се оди во надолна линија т.е. се исцрпува она што е преостанато...дури не секне еден ден...и цената на секој нареден барел е се поголема за екстракција при што доаѓа до намалување на екстрацијата на нафта...соодветно со тоа се зголемува цената на нафтата на лондонската и другите crude oil берзи...

Политичко економски последици :vozbud:
The end is nigh...:vozbud::vozbud::vozbud:

Поради сеопштата зависност на глобалната економија од нафта (како џанак на Хорс...не џанак на коњ туку на хорс...) не е премногу тешко да се види во кој правец ќе се движи светската економија од која, колку и да е тешко да се поверува (не дека не е:vozbud:) сме и ние...тоа значи дека се поголеми пари ќе одат на увоз на нафта,нафтениот шок од 70-те и оној од пред 2 години ќе се the good old days...секоја земја која не располага со колку толку независна енергетика или пак со значителен процент на обновливи извори на енергија ќе е прва на удар...

Е сега сите овие показатели одат кон заклучок дека

1.Цената на храната ќе расте
2.Цената на водата ќе расте
3.Цената на сите видови услуги ќе расте
4.Инфлацијата ќе го почне тангото кое го игра...последица...парите се претвараат во она што се...хартија...:vozbud:
5.Социјално-економски пореметувања...
6.Во случајот со Македонија...ќе почне да стагнира девизниот прилив од иселениците...или пак...погодете...ќе го снема
7.Отворена врата за разни видови политичко-национално-верски лоботомии :tapp: со кои би се купувало време на власта...че га пуцаат :vozbud:...плус ерозија на ионака начнатите “права“ на рајата...
8. Институциите и законите ќе прекинат да важат посебно ако не сте од оние „поеднаквите“ од вас

Со вакви сценариа ќе се соочуваат огромен број земји и економии...посебно оние кои живееле на принцип на напумпан балон и имаат големи надворешни и внатрешни долгови...

Хинт...Грција и Тајланд...што имаат заедничко...:vozbud:

Од развни извори има разни процени за доаѓањето на економско-социјална катастрофа од размери што кризата од 1929 ја ставаат во пелени...инаку Пик Оил е веќе достигнат во глобални рамки...меѓу 2005 и 2008 зависно од кој извор на инфо се работи...значи...живееме на вересија...иако пооптимистички прогнози има дека со некои нови извори на нафта (како Канадскиот нафтен песок) Пик Оил ќе дојде околу 2020...

Сеа прашање за милион долари ; Дали некои од глаучиве знае кон каде оди светов и има ли некаков план? Или ќе ги праќа Латас и Миленко по потрага на нафтен извор во Мариово и Малешевијата ?
Или Александар Велики оставил некои информации за златни рудници...во Дебарца...:tapp:

Ваши коментари и мислења на темава...и по некој спам ама тоа е нормално веќе...
 
Никола тесла кога не го слушаа што да правиме, н осега бидејчи како се вика народно ѓаволот ги покажа роговите се виде и зашто та светска влада која сака да направи нов светски поредок тоас и го прави а да може лесно својот план да го спроведе.


Мое мислење е ама е касно на тоа требал ода се има визија, да се направило некој нов вид на енергија која е бесплатна и така тогаш ем што би преживеале би биле и конкурентни на пазарот со тој изум.

ама кај нас све дегени.
 
Интересна тема...
Како што знаме, пред некое време нафтата го достигна максимумот во цената: близу 150 долари за барел! После тоа знаеме, следеше кризата.
Е сега, со топењето на мразот на Арктикот, предвидено е оли пикот да се пролонгира.....но не за долга. Од тоа огромна корист ќе има Русија. Впрочем, сите земји кои во иднина имаат ресурси (питка вода, доволно порвшина за производство на храна, енергенси) ќе бидат моќни и богати. (не за џабе Венецуела и др. држави нагло се вооружуваат).
Кога ќе дојди оил пикот (а верувајте, тоа ќе се случи наеднаш и за многу брзо време, пред се, заради растењето на побарувањата на Кина, Индија, Бразил...) ќе биде мн. лошо. Големите ќе се борат за до последната капка нафта, додека биогоривата, т.е. горивата добиени од растенија нагло ќе почнат да се користат, со што ќе дојде до големи гладови насекаде во светот.
Што да кажам, земјите богати со ресурси во иднина ќе владеат....првенствено Русија...
 
има резерви на нафта, кои се проценуваат да се искористат за едно 35-40 години, а што потоа?
 
Потоа ќе умреме сите :(











Упс :) нема да умреме. Се обложува некој со мене дека за некоја година ќе излезат уште куп алтернативи на нафтата (не немислам на горива како неа) сончеви колектори, едноставни мотори кои ќе работат на разложување на воздухот т.е согорување на водород итн. Сончеви колектори кои нема да бидат... хмм детски играчки како овие кои сега се модерни и "последен" збор на технологијата, потоа ќе бидиме "изненадени" и од силата на фотоните кои ќе бидат искористувани за погонување на машини... и на крај помислете дека можеби и наскоро буквално ќе доживееме да видиме и развој на телепорт... ништо ама ништо не е случајно на овој свет.

А ако некој мисли дека сум луд или дека сум... скренал нека ми пише со време да знаеме на кого да се смееме :)
 
Упс :) нема да умреме. Се обложува некој со мене дека за некоја година ќе излезат уште куп алтернативи на нафтата (не немислам на горива како неа) сончеви колектори, едноставни мотори кои ќе работат на разложување на воздухот т.е согорување на водород итн. Сончеви колектори кои нема да бидат... хмм детски играчки како овие кои сега се модерни и "последен" збор на технологијата, потоа ќе бидиме "изненадени" и од силата на фотоните кои ќе бидат искористувани за погонување на машини... и на крај помислете дека можеби и наскоро буквално ќе доживееме да видиме и развој на телепорт... ништо ама ништо не е случајно на овој свет.

А ако некој мисли дека сум луд или дека сум... скренал нека ми пише со време да знаеме на кого да се смееме :)

Се согласувам дека алтернативи ќе испаднат ..
но ме плаши меѓупросторот временски од Пикот до Алтернативите .. не верувам дека само ќе има премин од ова денеска во аа алтернатива ... (море кај го најде она у Болд ... уше тоа ни фали :) )
инаку околу горива од растително потекло кои ги спомна Хјуман ... нема шанси да ја заменат ниту задоволат потребата од енергенси ..
 
Се согласувам дека алтернативи ќе испаднат ..
но ме плаши меѓупросторот временски од Пикот до Алтернативите .. не верувам дека само ќе има премин од ова денеска во аа алтернатива ... (море кај го најде она у Болд ... уше тоа ни фали :) )
инаку околу горива од растително потекло кои ги спомна Хјуман ... нема шанси да ја заменат ниту задоволат потребата од енергенси ..
Такви горива ни се еднакви на пиштол на слепоочница :) Ќе умреме за глад од нив.

А алтернативните... верувај дека ќе излезат одма, сметај на тоа дека воената индустрија по правило е 200 години напред со технологија, експериментите на Тесла се запленети, куп иновации и иноватори се на стенд бај - заќутени да несмеат да ги користат иновациите итн... има куп работи кои ме наведуваат на ова.
 
Такви горива ни се еднакви на пиштол на слепоочница :) Ќе умреме за глад од нив.

А алтернативните... верувај дека ќе излезат одма, сметај на тоа дека воената индустрија по правило е 200 години напред со технологија, експериментите на Тесла се запленети, куп иновации и иноватори се на стенд бај - заќутени да несмеат да ги користат иновациите итн... има куп работи кои ме наведуваат на ова.

И да не е пиштол на слепоочница ... и да претпоставиме дека ете ајде да пробаме .. цело земјиште на планетава да се искористи нема да не задоволи ... (башка шо и храна ќе нема :) )
туку околу нафтава ... се проценува дека за секои потрошени 3 барели нафта се наоѓа/складира 1 барел ...
а пикот според некои проценки е 2004-2030год .. у овој период ..

(околу воената индустрија .. се согласувам ... но сум скептик дека така само ќе излетаат со технологија ... прво ќе има криза светска ... и којзне шо не пред да испадне тоа (да не навлегувам во мистерии :) ) )
 
јас ќе преживеам некако... ако се е ок следниве 30 години, ќе навлезам во пензионерски денови, ама децава мои јадни, ќе го јадат... повеке од јасно е дека нема да се прејде туку така од едно на друго, ќе се активира прво една јака криза, да змре се, да испоумира пола земјина топка, па после ќе тргне се јово на ново... размислете и разгледајте го логаритамот на зголемувањето на популацијата во светски рамки... колкав ќе биде за 30-40 години? прво и основно ќе нема доволно простор за народот а не за храна а пак уште помалку за био горива...
 
Такви горива ни се еднакви на пиштол на слепоочница :) Ќе умреме за глад од нив.

А алтернативните... верувај дека ќе излезат одма, сметај на тоа дека воената индустрија по правило е 200 години напред со технологија, експериментите на Тесла се запленети, куп иновации и иноватори се на стенд бај - заќутени да несмеат да ги користат иновациите итн... има куп работи кои ме наведуваат на ова.

Пред некое време слушнав една приказна на еден документарец...once upon a time...:vozbud:
...си пловел еден брод по име Титаник..бил најголем најсовремен најбрз и најлуксузен до тогаш...а освен тоа го сметале за непотоплив...арно ама се појавил мраз...а тој мраз да ти бил само замрзната вода...и го распорил стомакот на Титаник и за 2 часа...:helou:
Е сега на бродот во основа имало 3 вида на патници...првите биле паничари кои лутале наоколу со главата во раце и со испакнати очи и прашувале „а што сега,што сега...помооош..мамооо...татоооо...“ вторите биле оние рекле ОК бродов тоне што тоне дај да видиме како може да се спасиме...а третите биле оние кои викале “This is Titanic.It`s fuckin` unsinkable` и си заминале долу до барот да пивнат уште по некоја...

Како прво, не е нефтата само енергенс.Зад неа е цела еконосмко-политичка структура на моќ која ја знаеме денес.Мислиш дека туку така ќе ја извадат ладната фузија која дава БЕСПЛАТНА енергија или некои изум од Никола Тесла (пак бесплатно...)Дали го прочита делот каде стои дека од нафтата се добиваат : пестициди, гума, пластика? Скоро колку што се троши за гориво толку оди за продуцирање на овие останати продукти?Дали размислуваш колку време треба воопшто да помине еден патент до масовна продукција (а да не е Војо...ток одма добил патент:vozbud:)?
Или пак ти мислиш дека сите ресурси се бесконечни? Знаеш кој тоа го тврди? Оние кои или не ја гледаат реалноста или кои имаатнаследени интереси ос нафтата (стручњаци,born,made,home-grown,cooked & spiced од некоја нафтена компанија)
Да продолжиме...
Губење на обработливи површини, продукција на храна, растење на популацијата (не мислам на Малтус и слични лоботомии), глобално затоплување, сериозно нарушен баланс во екосистемите, сеча на дрва... and on and on and on.
Ова се призна јавно преку ABC tv, и ред други мејнстрим медиуми (настрана конспиративците кои одамна трубат за ова ама нели тие се со фолии на глава...) одвреме навреме (после следува скандали за дефокусирање... тоа како некој ебел некого,Парис Хилтон и слични... да тоа е поинтересно), имаше дури еден куп документарци , војната во Ирак се случи „зошто имаа други патенти и други извори на енергија“ или пак ради “оружјето за масовно уништување“ кое се проценува нааа....90 милијарди барели...:vozbud:. Ставот на просечен американец е „Doooh of course it was about oil“...

Заклучок...This is Titanic.It`s fuckin unsinkable...

mistakes_demotivator.jpg
 
Ова е јацрното сценарио...верувај ми нема ни да се долижиме до тоа.
 
јас ќе преживеам некако... ако се е ок следниве 30 години, ќе навлезам во пензионерски денови, ама децава мои јадни, ќе го јадат...

хех .. сите ќе преживееме некако ама до кога :) не се работи за тебе ова е светски проблем ...

повеке од јасно е дека нема да се прејде туку така од едно на друго, ќе се активира прво една јака криза, да змре се, да испоумира пола земјина топка, па после ќе тргне се јово на ново... размислете и разгледајте го логаритамот на зголемувањето на популацијата во светски рамки... колкав ќе биде за 30-40 години? прво и основно ќе нема доволно простор за народот а не за храна а пак уште помалку за био горива...

се согласувам .. баш вчера читкав и гледав нешто околу Population Growth и Energy Peak од еден универзитетски професор по физика ...аритметиката која ја постави е многу интересна но и застрашувачка ..
 
За сите кои мислат дека е за 100 години ова и ќе бидат мртви до тогаш :helou:
за оние кои не можат да гледаат, реномиран експерт предвидува за 2-3 години ова ќе се случи , парите ќе изгубат вредност , се ќе изгуби вредност освен храна, нафта и се што се консумира за дневни потреби
На здравје...ЛОБОТОМИЈА

П.С. Ова го тврдеа многу кои беа нарекувани „теоретичари на завери„ и со тоа замолчувани...

jackass.jpg
 
Се разбира-НУКЛЕАРНА енергија,моментално и мајкрософт работи на проект т.е нуклеарен реактор кој ќе треба за 50 години да добива ново гориво,исто така и зеленашиве ќе покачат производство(САД денес 6% од енергијата е зеленашка,а по стратегијата за 20 години треба да изнесува негде 25%),и се разбира тука е метан-от...нема да дојде до огромна енергетска криза...уште сега се оди на електрични автомобили....туку има друг проблем-налик локалните проблеми кои ги имаше Англија со исцрпувањето на рудата па преквалификација на кадарот...Е ОВДЕ ќе биде на СВЕТСКО НИВО и затоа ќе биде потежок процес преквалификација на огромна работна сила,но од друга страна фала богу...колку дупчења испаднале БОШ пари фрлање....и се разбира многу фармери си користат енергија од изметот на животињето...се снаоѓаат значи,сами добиваат енергенс од изметот и тоа,а во холандија Биодизел е НОРМАЛНА работа и го има секој втор дом.

Значи нема да има некои огромни потреси т.е нема да има афтершокови-туку само ШОК и но најмногу за КОРПОРАЦИИТЕ-грешни се тезите дека индустријата ќе стопира.

Значи хемиските капацитети на нафтениве корпорации ќе можат да се пренаменат но огромен дел од работната сила...ќе остане без работа.

А чекајте нели 2012 беше крајот:vozbud:

--- надополнето ---

И да не е пиштол на слепоочница ... и да претпоставиме дека ете ајде да пробаме .. цело земјиште на планетава да се искористи нема да не задоволи ... (башка шо и храна ќе нема :) )
туку околу нафтава ... се проценува дека за секои потрошени 3 барели нафта се наоѓа/складира 1 барел ...
а пикот според некои проценки е 2004-2030год .. у овој период ..

(околу воената индустрија .. се согласувам ... но сум скептик дека така само ќе излетаат со технологија ... прво ќе има криза светска ... и којзне шо не пред да испадне тоа (да не навлегувам во мистерии :) ) )


А во венус проџект тоа старото вели дека има дооооволно геотермална енергија за цело човештво.

Ма нема да има некои посериозни проблеми посебно на полето на ЕНЕРГЕТИКАТА бидејќи имајте предвид ова нема да УДРИ(Crash) изненадно....туку истото е АНТИЦИПИРАНО однапред така да не верувам така да дремеме..

Инаку околу нас има енергија колку ви душа сака-проблемот е што не сме дојдени до тоа ниво....инаку моментално гледам нуклеаркиве стануваат ШЕМА во многу држави и тоа е нормално кога еден кг ураниумово гориво дава енергија колку 28 тони јаглен(антрацит и тоа).

Шокот ќе биде се разбира само психолошки и делумно ќе влијае врз одредени слоеви....

Преквалификацијата ќе биде неопходна додека пак има субститути на нафтата како што видовме.

--- надополнето ---

размислете и разгледајте го логаритамот на зголемувањето на популацијата во светски рамки... колкав ќе биде за 30-40 години? п а не за храна а пак уште помалку за био горива...

Ма каков логаритам...средновековните квази економисти тка рачунале популација и производство па ОП катастрофа.

рво и основно ќе нема доволно простор за народот

Згради со над 30 000 жители,веќе е тестирано до 10 000 жители. тоа ти е буквалмо мини држава,самостојна....и познатите мини нуклеарни тошиба реактори се добри за домашна употреба ама ќерата не ги даваат:)
 
Македонија нема галје, Грујо само што не почнал со изградбата на 400-те хидроцентрали, во Гевгелија пред некои две недели е отпочната изградбата на ветерниците само уште на ABC чекаме да ја стартува нуклеарката во Мариово. :motor:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom