Не прашај гаталец, прашај паталец
Приемниот и не е баш толку тежок. Има некои основни прашања од интелегенција, математика, англиски и уште нешто мислам, али не ми текнува.
За оние што сакаат да факаат стипендии, да почнат да учат уште од денес.
Другите што имаат желба да учат (значи не им е до стипендија) потребно е да бидат солидни на приемните. Ма да, искрено, приемните и не играат толку битна улога. Повеке се како формалност, и препознавање на општите знаење на учиниците од областите што погоре ви ги набројав.
Во мое време, учеа деца , што на приемниот испит биле рангирани како 500 и некои. . . Генерацијата ни броеше стотина ученици. Такоѓе, околу 400 ученици се откажале.
Сите што ке полагаат приемен нема да се запишат.
Неколку дена по приемниот ке ви се јават дома и учтиво ке ги прашаат вашите родители дали сакате да учите во училиштето.
Наставата ке ви се одвива на англиски, турски и македонски.
Во прва година интезивно се усовршува јазикот. Во втора, трета и четврта 80% од наставата се одвива на англиски и турски јазик.
Во втора година се пренасочувате на математички или општи смер. Тогаш се прават рокади помеѓу класовите.
Предности на училиштето:
Англиски јазик може да научите многу добро
Турски јазик исто така може да научите многу добро
Ке запознаете деца и од друга верска припадност (во школото учат македонци, албанци, турци, босанци, торбеши итн)
Ке запознаете малку и друг свет и начин на живот.
Мал број на ученици во класовите (15-20) и подобри услови на научите нешто (сепак тоа зависи најмногу и од вас:wink

Мал број на ученици во генерација, па така секој ке се познава со секого.
Ке остварите другарство со деца од други градови од државава и со деца од друга верска припадност:wink:
Недостатоци на училиштето:
Дел од професорите кои се од Турција се релативно неквалитетни. Истите тие професори имаат послабо познавање на англиски јазик.
Во последно време според бројот на учениците доминираат албанците (ова зависи и вие како ке го протолкувате. Не мора да го сметате за недостаток)
Мора да носите униформи секој ден. Истите треба да ви бидат под конец.
Машките кои имаат брада, на училиште мора да одат избричени (смешно али точно)
Часови не се губат. Наставата почнува од 8:00 и завршува некаде околу 14:00 часот. Секој ден!
Огради високи преку 2 матри. Бегање од часови - малце потешко. Излегување од школото за време на наставата/одморите е забрането!
Цигари не се дозволени. Строго казниво
Во склоп на школото има кантина. Мастики не се продаваат. (може да им ометате на професорите:wink

На екскурзија ке одите одвоени машки од женски. Во еден автобус мажи во друг жени. Во еден хотел мажи. Во друг жени.
Изјавувања љубов во школо (гушкања, бацувања, лап - лап) - казниво со одземање поени.
Имам уште многу да пишувам али не можам се одеднаш. Ако има нешто нејасно, прашувајте.
Како и да е, на вас останува да си одлучите:smir: