- Член од
- 5 август 2008
- Мислења
- 558
- Поени од реакции
- 180
Што се однесува на мене не би ми сметало да цела Македонија се пресели во Скопје. Баш се радувам ако скокнат цените на становите и плацовите. Бидејќи веќе имам и станови и куќа во Скопје.
Ист случај и со мене, нека растат до 2000 евра квадрат ако сакаат. Повеќе ќе ми вредат недвижностите во Скопјево. Сега одма ќе се јават завидливите...види го овој има 4 стана во Скопје. Одма удбаш ќе ме направат. Едно треба да ни е јасно на сите. Во догледно време цената на становите во Скопје нема да се движи по надолна линија од причина што Скопје е премногу централизиран град, тука живее секој, студира секој и тоа го оправдувам. Нема работа во помалите градови. Па секој рационален човек, ако не е паша во својот град/село, би се преселил во Скопје, тука се парите во Скопје, а не во Делчево. Еден куп фирми од другите градови се преселија во Скопје или отворија свои подружници во Скопје. Да, точно е, има премногу инвеститори кои градат, премногу се гради, и по некоја економска логика треба цената по квадрат да се намали, но сите тие градежни фирми инвестираат затоа што можат да извадат солидна цена за продаден стан. А, од друга страна имате еден куп провинцијалци кои само чекаат да го продадат својот имот во родниот си град и да купат стан во Скопје.