Вардар - Пелистер 14.03

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran Bt
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи ?

  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Искрено би сакал да се одложи натпреварот барем за една недела. Времево ќе го расипе дербито ќе има мала посетеност,теренот ќе биде лош за игра итн.
Друго е да биде потопло па и сончево,така гарантирам дека би дошле 5000 публика, вака...:toe: Сепак дербито не смее да се пропушти
НАПРЕД ВАРДАР !!!
 
Не заебавај друже, овој тим на Вардар е далеку поквалитетен од оној есеноска. Јес да и тој тим имаше квалитетни играчи, не викам не, Пеев, Ступиќ, за Ристовски и да не зборувам, но сега го имаат Мојсов,Илиевски,Кировски (ако игра во недела), Положани и ред други,а и тренер е Ѓорѓиоски, кој несомнено е најдобар тренер за 2009 година иако копиљациве од ФФМ не му доделија признание, сепак мора да се признае дека е добар тренер.

Со Положани и Кировски е друга приказна,јас зборев за составот кој настапи против Работничли,а за одбраната кажав дека е посилна но средниот ред,а особено нападот тотално ме разочараа.
Инакуза натпреварот ако е вакво времево подобро да се одложи,зашто ке биде само мачење на никаков терен покриен со кал и вода
 
Тешко дека снегот ќе го исчистат, камо среќа да има кал и вода :)
 
иако сум за Работнички би сакал Вардарци да тепаат...
 
Или нерешено или победа на Пелистер, ама сепак повеќе на нерешено ме влече. :toe:
 
Нема дилеми. Подобро што се одложи. На ништо немаше да личи да се игра во вакви катастрофални услови. Вака за 10 дена ќе се стабилизира времето, а и на Вардар му одговара ова дополнително одложување. Веќе сигурно е дека сме појачани за Ардијан Нухиу и Положани, а после оваа одлука голема е веројатноста и со Кировски. Ете им можност уште повеќе да се уиграат и да добијат оваа значајна утакмица. За поддршка, нема дилеми дека ќе добијат.
 
и 3 месеци да се одложат џабе е-пелистерци се поуиграни и сакаат да се докажат-80% се млади талентирани играчи
 
и 3 месеци да се одложат џабе е-пелистерци се поуиграни и сакаат да се докажат-80% се млади талентирани играчи

А вардарци па воопшто не се заинтересирани и нема ниту да пробаат да одиграат нешто, па и да победат, а!?
 
ако победат ќе биде изненадување на колото:vozbud:
Дете се гледа дека си мал и не знаеш што зборуваш.Преиспитај се малце па после постирај.Очигледно не ти е јасен составот и имињата кои го појачаа Вардар.
 
Дете се гледа дека си мал и не знаеш што зборуваш.Преиспитај се малце па после постирај.Очигледно не ти е јасен составот и имињата кои го појачаа Вардар.
ооооооооо,не знаев дека кака и роналдо преминале во вардар зимава....се извинувам:smir:не мора да се преиспитуваш,само немој на полувреме да го напуштиш дербито,ќе има шо да гледаш и во второто...
 
Темава да беше Портстмут - Хал, до сега 20 страни ќе се наполнеа, ебати младината наша... :kesa:
Да бидам искрен до пред некое време и јас бев еден од тие што ќе пишуваа на таква тема...:kesa:Ама во последно време многу малку пратам странски фудбал,евентуално да погледнам некој резутат и табела и тоа е тоа,дури и почнав да идам на утакмици на Вардар.Сите се правдаат демек тиња бил фудбалот.Па што ако бил тиња?Тоа е моја тиња :)
Треба луѓе да почнат пак да одат на стадиони.Тоа би било мотив играчите подобро да играат,клубовите од карти може некој денар ќе свртат........А не вака сите пред ТВ и гледаат Барнли-Хал,а немаат појма дека во нивниот град се игра дерби и ако им кажеш дека идеш на утакмица ти се смеат како можеш да даваш пари тоа да го гледаш:tapp:
 
се што зборуваш убаво би било,да присуствуваме на добри натпревари во НАШЕТО првенство....меѓутоа веќе 20 години никој не носи закон за спорт така да и никој не ги купува ниту вложува сериозно во клубовите,повремените спонзорства се од краток период...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom