Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Screenshot_2023-01-09-11-41-35-716-edit_com.letterboxd.letterboxd.jpg
wtf?
Не би сакал да давам идеи амаа мислам дека кај нас би успеало пример филм од стилот "Гоце Делчев vs турци-зомбиња", "Александар Македонски во поход на Марс | "
" Јане Сандански : Resurrecton"
 
Последно уредено:
The Pale Blue Eye, едно огромно разочарување, и ништо повеќе. Единствено Harry Melling растури во улогата на Едгар Алан.

Таман ти е оцената 3/5, ама па крајот ме изнанади, таман мислев готово и прц
 
The Pale Blue Eye, едно огромно разочарување, и ништо повеќе. Единствено Harry Melling растури во улогата на Едгар Алан.
Netflix produkcija=prosek produkcija.

Prosek e maximumot na Netflix i ne treba da imate povisoki ocekuvanja.
Makar i Nolan da pravi film za niv ili Spilberg.
 
Го начекав вчера Hatefull 8 на Фокс, на самиот почеток, викам ај малце да погледам, и окапав 3 саати. Чекај уште ова, чек сеа е јако, чекај сеа за писмото, чек сеа ќе го ркне, чек сеа ќе изеде лакт у нос, чекај сеа стигнаа у крчмата, чекај сеа да видиме кој е што е, чек сеа гитарата ќе биде тресната од земја, чек сеа нононо јејеје шарааап, чек сеа ќе и поврати у уста итн итн.

Прејак филм, само Тарантино може да смести 3 саати у едно место, со едни исти ликови, да измеша 2-3 жанрови, да смикса оркестар, класична вестерн музика и поп песна у вестерн филм, зборот нигер да се слушне 600 пати и тоа изговорено на најможниот расистички начин, да ги понижи мексиканците, и све тоа да биде интересно и забавно од почеток до крај. Пред некој ден гледав едно интервју со него и збореше за дугачките сцени, каде навидум ништо не се дешава ама полека полека ти влага таа напнатост, suspense, као и да се вика. Не само за филмов, туку општо за сите негови каде има дугачки сцени што почнуваат наивно, пренесуваат трилер и на крај завршуваат јако и епски.

Врвна кинематографија, врвна музика, врвен каст, врвно све. По не знам кој пат го иам кажано ова, едина замерка за улогата на Тим Рот која некако не му одговараше, мислам, можеби би му одговарала ако претходно не постоеше Кристофер Волц во улогите во Џанго и Копилињата. Оваа улога на Освалдо Моубри тотално би му донела уште еден Оскар. Другото си беше на место. Секако вреди да се спомне и празниот мозок на Џенифер Лоренс која ја одбила улогата на Дејзи Домергју, улога која фантастично ја искористи Џенифер Џејсон Леј.


Види му сцена со мексиканците, кучињата и знакот на Мини. :D

Со секое репризирање све појаки и појаки ми се филмовите на Тарантино. Не постои боље лик у Холивуд.
 
Ќе ми беше чудно Olivia Colman и Виола Давис да не се на списокот... Отекоа со двете, како да нема други добри глумици. Господ ако им дал таков сурат не значи дека треба секаде да се форсираат.
 
Овој Ке Хуј Кван од Everything Everywhere... како дете глумел во Indiana Jones and the Temple of Doom на Стивен Спилберг. Интересен говор имаше, во стил: никогаш не се откажувајте:
 
Овој Ке Хуј Кван од Everything Everywhere... како дете глумел во Indiana Jones and the Temple of Doom на Стивен Спилберг. Интересен говор имаше, во стил: никогаш не се откажувајте:
Прилично е возбуден :)
 
Конечно го изгледав Once Upon a Time in Hollywood. Секако дека доцнам, како и за се останато во животов, но си ветив дека годинава ќе сум поактивен од порано (за контекст - минатата година дали изгледав 10тина филма се на се...)

Иницијалната импресија од филмов ми беше дека Тарантино докажа две работи. Прво, дека е маестрален режисер на кој му нема рамен моментално, а второ, дека ужива таков статус во индустријата, што не му е гајле дали ќе го напише совршеното сценарио, или дали воопшто ќе напише сценарио кое ќе има намера да го забавува гледачот. Напротив, сака самите да си ја составиме приказната (до одредена мера) и јас немам проблем со тоа.

Pacing-от, отсуството на конфликт помеѓу двата главни лика, времетраењето и „епизодичната“ структура ми беа онака, мех. Точно, епизодноста е trademark на Тарантино, но овде, во првиот дел од филмот, се забележува многу повеќе затоа што приказната се уште треба да заземе некој правец. Вториот дел е доста подобар, и тоа се должи на две сцени кои отстапуваат од сите останати - Клиф Бут оди на ранчот каде што живеат хипиците, и хипиците, на чело со Текс, ги поматуваат сметките и влегуваат во погрешната куќа. Поради ова, откако заврши филмот, ми фалеше да навлезе малку подлабоко во Менсон аспектот, и да го оправда сиот тој foreshadowing што го правеше.

Точно, ова е пред се филм за Холивуд на крајот од златната доба, но кога го имаш култот на Менсон како наративен елемент кој стои во позадина, зошто да не ставиш дополнителен фокус на него? Сфаќам дека Тарантино не сака да прави филм за хипиците, туку за актер кој сфаќа дека кариерата му оди во надолен правец додека неговиот другар/колега е индиферентен за светот околу него, но кога едниот аспект е „пофилмски“ и „поинтересен“ од другиот, се прашувам дали, во некоја друга прилика, таков филм би ми го направил искуството како гледач подобро.

Верувам дека Once Upon a Time in Hollywood треба да се изгледа - човекот е генијален режисер, и можеби најавтентичен автор денес. Но не мислам дека ова дело има rewatch value како неговите претходни остварувања поради тоа што раскажува толку многу приказни во исто време, што не допира до ниту една од нив подлабоко.
 
Го начекав вчера Hatefull 8 на Фокс, на самиот почеток, викам ај малце да погледам, и окапав 3 саати. Чекај уште ова, чек сеа е јако, чекај сеа за писмото, чек сеа ќе го ркне, чек сеа ќе изеде лакт у нос, чекај сеа стигнаа у крчмата, чекај сеа да видиме кој е што е, чек сеа гитарата ќе биде тресната од земја, чек сеа нононо јејеје шарааап, чек сеа ќе и поврати у уста итн итн.
И мене увек тоа ми се дешава со филмов. И вчера, потпуно исто.

Интересен момент у филмот (карактеристичен и за други негови филмови) ми се барските светла, кои од нигде светат у масите одозгора. А станува збор за колиба у планина.

Тарантино ми е, ваљда, најбољи режисер.
 
На Западу ништа ново

IMO, филмот може, од некоја перспектива, да се посматра како целина од два дела.
Станува збор за патот на униформата. Едниот дел е кога униформата е на жив човек, а другиот дел е кога униформата е без сопственик.
Најпрвин униформата е на жив човек, кој умира, па после е сама некое време, па пак на жив човек, до крајот на филмот.
Во деловите кога е на жив човек, филмот е, да кажам, нормален, со нормални агли на камерата, со нормални филмски кадри. Тоа е делот од почеток, па до кај 05:00 отприлика и од 8:30 па до крај.

Во оној малиот дел, кога униформата е помеѓу двајца носители и не е назначена на никого, филмот зазема поинаква визуелна перспектива. Тоа е во оној дел од 5:00 до 8:30, отприлика. Тоа е комплетно дехуманизираниот дел од филмот. Трае три и пол минути, со кадри кои зафаќаат агол што треба да ви ја долови перспективата на униформата. Ја нема тука перспективата на носителот - оние нормални, да кажам, хумани филмски агли, во кои игра некој карактер, чии експресии режисерот ги доловува. Во тие три и пол минути нема карактери. Нема ниту едно јасно прикажано човечко лице. Лицата кои се појавуваат се скриени. Не се гледаат. Тие се декор, како и мртвата природа.
Првиот кадар, на вагон полн со трупови, од перспектива на внатрешноста на вагонот, грубо ја прекинува дадената експозиција со која почнува филмот и на голема врата ве внесува во клаустрофобичниот дехманизиран свет на униформата без власник, што е надоврзано со следните кадри, како што реков, лишени од човечки лица и од чуден агол. Демек, грубо ве внесува во тој downtime, небаре пред тоа сцените беа од бушава азбука.

По завршетокот на тој дел, филмот се враќа повторно во "хумана нормала" и дознаваме како следниот сопственик на униформата станал тоа.

Ова ваљда до сега го приметиле многумина, а можда и не.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom