Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено, не, не сум некој форумџија, затоа и така напишав на почетокот :)
Ако има нешто што грешам, или некое правило што го прекршувам - кажујте :)

Инаку, многу јак филм и добри поенти, пошто многу ги има... Само што се извадени повеќето анархистички филозофии што ги има напишано Алан Мур у стриповите - барем така викаат (пошто не сум ги читал :) ). Инаку и јас му го препорачувам на секој филмов. Одличен е. Добра акција плус :)

епа нз ни ја толку ама мислам дека не треба да се пишува за секој филм посебно туку имаше посебна тема http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=49006 :smir:

едит: еве ти извадок

Правила за отворање нови теми:

Се разбира важи како и секаде по форумов: погледнете дали има иста или слична тема, и дали вашата тема можете да ја вметнете во рамките на некоја постоечка тема. Дури потоа, отворете ја новата тема. Тоа е стандарно, но понатаму:
Дозволено е отворање на нова тема за секоја ТВ серија одделно.
Не е дозволено отворање нова тема за секој филм одделно. (Исклучок се одредени филмски серијали, повремено и некои филмски хитови, но задолжително прашајте модератор предходно.)
 
Ај бе нема везе - ќе ме банираат, ќе ми ја затворат темата и крај :)
 
Инаку, многу јак филм и добри поенти, пошто многу ги има... Само што се извадени повеќето анархистички филозофии што ги има напишано Алан Мур у стриповите - барем така викаат (пошто не сум ги читал :) ). Инаку и јас му го препорачувам на секој филмов. Одличен е. Добра акција плус :)

Штом ти се допаднал филмот, задолжително прочитај ги стриповите, навистина генијални. Има оргазмични дијалози :). Сеа да пишам за нив не би сакал - многу спојлери ќе напраам

А филмот си е супер, та и времето во кое излезе беше погодено. Со него се редефинираа некои термини као терорист на пример, исто ко шо со стрипот се промени претставата за (анти)херој
 
За жал, додека не добиеме реорганизација на подфорумов, не може вакви теми посебно. Затоа ја префрлив во генерална дискусија па терајте ја дискусијата дури можете.

Добар филм, мене многу ми се допадна, иако не беше баш добро прифатен од публиката. Повеќето не го разбраа филмот и пораките кои ги носи, па им се виде детски. Веројатно очекуваа некаков суперхерој со којзнае каква моќ зад маската, па останаа разочарани.

Во секој случај, мене ми остави одличен впечаток.
 
Не знам што очекувале, али у филмов има сè што барам во еден филм - и акција и приказна и глума и одвивање и поента. Инаку, планирам да ги читам стриповите пошто сите викаат дека се многу подобри од филмот :)
 
Не знам што очекувале, али у филмов има сè што барам во еден филм - и акција и приказна и глума и одвивање и поента. Инаку, планирам да ги читам стриповите пошто сите викаат дека се многу подобри од филмот :)

Не е важно дали се подобри од филмот, важно е дали читаш стрипови или не :pos:

Ич не ги сакам тие дискусии од типот дали е подобар филмот или книгата. Има љубители на филм, на книга, на филм и на книга. Тоа е споредување на баби и жаби.
 
Искрено го гледав овој филм пред една година, има многу убава порака во себе.Но, му фали на филмов некоја магија која би ме натерала пак да го погледнам.
Морам да кажам дека тука ме импресионира Натали Портман:smir:
 
Преска случајно се зафатив да правам муабет со другар за кратки филмови и ми текна на еден филм кој го гледав пред година и кусур. После 20 минути барање на јутјуб го најдов!

Се работи за еден типац кој заради својата девојка ќе направи цел нов свет.
Филмот е направен од Bruce Branit, кој ако го имдбовате (леле зборов) ќе видите и дека во неколку епизоди на Лост ги правел визуелните ефекти.

Филмов е must see! Вакво ремек дело во 9 минути никогаш не сум видел.
 
Има тема за [thread=38984]кратки филмови[/thread].
Ај сега да го изгледам филмчево.
 
Го изгледав Shutter Island (2010) и не сум нешто премногу воодушевен од филмо.
Да, добар филм, но не е од оние филмови кои ти остануваат во сеќавање и на кои им се восхитуваш.
Прво че речам дека премногу долго траеше.
Второ,половина од филмо мене лично ми беше досаден.
Трето, чути на кино шо си го изгледав "Алиса во земјата на чудата", појче ме бендиса од овај.

не читај ако го немаш гледано, ОЗБИЛНО:

Скоро и претпоставував дека че излези дека и леонардо е луд. Според дејството кое цело време се одвиваше, логично беше дека че излези така. Цело време ти навестува режисеро нешто друго, за на крајо да излези спротивното
 
Случајно ги разгледував филмовите и сериите од Damian Lewis (го баравThe Baker (2007) ) и налета на крими серијава-"Life" (2007) па ме интересира некој на форумов дали ја има гледано импресии и слични работи.
 
ајдее аватар ке излезе овие денови HD:vozbud:
додека не го кракнат тој нов BD+5 енкрипциски метод ке чекаме
 
KICK ASS :vozbud:

го пуштив да го глеам на почеток али снимката е очајна, бетер од Титаните... лелее едвај го чекам, да немав испити деновиве палам колата и џом за Солун :tv:

with no power comes no responsibility :pos2:
 

Откачена Акција-Комедија од 1999 година со несекојдневна смисла за хумор,режирање,глума и реализација.

Се работи за двајца откачени браќа кои под дејство на интересни околности ја истребуваат мафијата во Бостон и еден забеган ФБИ агент кој ги анализира на многу чуден начин нивните бељи.
За делово има да се зборува и објаснува уште многу бидејќи изобилува со несекојдневност,хумор,добра акција и ве држи во неизвесност до самиот крај...и редно е да прекинам бидејќи ке испадне добар спојлер!!

Режирано и напишано: Трој Дафи
Времетраење: 108 минути
Оценка од IMDB: 7.9

П.С Штотуку излезе и втор дел по цели десет години-Boondock Saints II: All Saints Day!!
Еден од најдобрите филмови кои сум ги гледал. Тешка философија има во филмот, и баш е мојата омилена тема: „се оправдува ли барем еден вид убиство?“.
Вториот дел е тешко промашување, не го гледај за да не си расипеш мислењето за првиот.
 
Пред недела дена на ТВ сретнав се вртеше нешто. И го гледам смешно и интересно па ме заитересира. Го гледам и Алек Болдвин. Брзо заврши и после видов тоа е некоја серија 30 Rock. Ја даваат на Сител кај полноќ веќе две недели. Јас некоја епизода имам фатено само.

И добра изгледа серијава, ко да се издвојува од останативе актуелни хумористични американски тв серии. Гледам има земено дури 6 Златни Глобуси.

Епа, има некој што ја гледа редовно? (нема тема на форумов)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom