3D кина - околу Македонија

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Е браво бе, успеа да ги ставиш во ист кош филмчињата на торент што ги гледаме на лаптоп и оние во првокласни кино сали во 3D технологија..
Таква ни е ситуацијата.И мене не ми е сеедно дека во нашите кина еднаш во 5 дена имаме проекција на некој мизерен филм, а секоја втора е откажана поради недоволно купени карти.
Кажа GeGo погоре, во Струга киното е запустено, во Охрид некој чкљ филм и премиера на светски хит 5-6 месеци после европската...во Кичево, Гостивар, Кочани и не знам на уште колку места се целосно/делумно уништени опремата и салите.Потребно е да се средат овие, место да патуваш до Солун, да гледаш уште 2-3 филма тука место превозот.

Еее, да беа паметни во Кавадарци бум ќе имаа со првото 3Д кино позицијата - секако им е во центар на Македонија, ама пола од луѓево мислат дека прво 3Д кино е во Скопје.Кавадарци промоција и реклама нула.
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Сум одел на кино во Софија повеќе пати, на 3Д околу 5-6 пати. Се случувало да се собереме екипа во кола 4-5 луѓе и да заминеме на 1 ден само за да изгледаме филм :)
Би ти ги препорачал овие 3 кина, каде што можат да се изгледа сите премиери и предпремиери.

Cinema City - во Mall of Sofia .
Cineplex - во City Centar Sofia.
Arena - го има на повеќе места.

Инаку Македонија го доби првото 3Д кино пред неколку дена, најпрво во Кавадарци во просториите на старото кино, па утредента во Скопје во кино Милениум.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Таква ни е ситуацијата.И мене не ми е сеедно дека во нашите кина еднаш во 5 дена имаме проекција на некој мизерен филм, а секоја втора е откажана поради недоволно купени карти.
Кажа GeGo погоре, во Струга киното е запустено, во Охрид некој чкљ филм и премиера на светски хит 5-6 месеци после европската...во Кичево, Гостивар, Кочани и не знам на уште колку места се целосно/делумно уништени опремата и салите.Потребно е да се средат овие, место да патуваш до Солун, да гледаш уште 2-3 филма тука место превозот.

Еее, да беа паметни во Кавадарци бум ќе имаа со првото 3Д кино позицијата - секако им е во центар на Македонија, ама пола од луѓево мислат дека прво 3Д кино е во Скопје.Кавадарци промоција и реклама нула.
ХАХАХА ЛЕГЕНДА ! :)))
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Сум одел на кино во Софија повеќе пати, на 3Д околу 5-6 пати. Се случувало да се собереме екипа во кола 4-5 луѓе и да заминеме на 1 ден само за да изгледаме филм :)
Би ти ги препорачал овие 3 кина, каде што можат да се изгледа сите премиери и предпремиери.

Cinema City - во Mall of Sofia .
Cineplex - во City Centar Sofia.
Arena - го има на повеќе места.

Инаку Македонија го доби првото 3Д кино пред неколку дена, најпрво во Кавадарци во просториите на старото кино, па утредента во Скопје во кино Милениум.
Мала поправка за датумот во Кавадарци
Кавадарци прв град со 3D кино во Македонија​
Напишано од Unevski on Вторник, 28 Декември 2010 01:55​















Една вест од културата која сигурно ќе ве развесели, а на сите вљубеници во филмот ќе им дојде како божиќен подарок. www.kavadar4e.com ексклузивно објавува дека Кавадарци многу брзо ќе стане првиот град во Македонија кој ќе добие 3D кино. Опремата вредна 250000 евра е веќе купена и ќе биде инсталирана по новогодишните празници.

Уште една убава вест е и тоа што најверојатно повторно ќе биде отворен балконот во големата сала при домот на културата кој беше затворен по пожарот кој го зафати домот на културата и беше планиран за мала сала, но одкако надлежните видоа дека на градот му е мала сегашната сала, дојде на идеја да се врати првичниот изглед на големата сала.

Па народе, спремајте се за кавадаречка 3D филмска година.​
http://www.kavadar4e.com/index.php?option=com_content&view=article&id=5217:kavadarciprvgradso3dkinovomakedonija&catid=20:kavadarci&Itemid=62
 
Член од
19 декември 2011
Мислења
101
Поени од реакции
34
сакам првото 3д искуство да ми биде со "The Dark Knight Rises" :Dама тоа најверојатно ќе биде после неколку месеца од светската премиера, така да уште година дена:(
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Во Софија има Арена Мултиплекс, со неколку THX сертифицирани сали, едниот мултиплекс е кај технополис, другиот во молот, третиот во западна софија, на метро станицата Вардар.
Во Софија мол има и IMAX кино.
Мултиплекс во Солун е Villlage Cinema (се наоѓа во Космос)
Сите имаат вебстрани, со репертоар и цени.
Картите се поефтини во Софија, а репертоарот и квалитетот на проекциите е тука некаде (едно ниво над Милениум во Скопје)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom