Најдобар веб прелистувач

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар веб прелистувач

  • Mozilla Firefox

    Гласови: 147 31,7%
  • Internet Explorer

    Гласови: 12 2,6%
  • Opera

    Гласови: 55 11,9%
  • Google Chrome

    Гласови: 240 51,7%
  • Apple Safari

    Гласови: 10 2,2%

  • Вкупно гласачи
    464
Преголемото црпење ресурси кога сум на You Tube ми е најголем проблем кога користам Dell Mini нетбук (скромни 2GB RAM / 1.67 GHz процесор). Различните прелистувачи како демек се обидуваат да подобрат нешто во тој поглед, ама изгледа Chrome тргнал у погрешна насока. Еве еден вчерашен експеримент на Windows 8.1 Pro x86.

Opera користев првите години, по што се префрлив на Chrome. Еве до кај стигнале со најновите верзии:
Прегледај го приврзокот 77640Прегледај го приврзокот 77641
Со еден збор речено: РАЗОЧАРУВАЧКИ.

Релативно популарниот дериват на Chromium, Torch (брат на Chrome), иако со еден куп џиџи-миџи како вграден торент клиент и симнувач на видеа (вклучително и од YT) е далеку подобар и со него можам да вклучам паралелно и камера на Skype без никаков проблем.
Прегледај го приврзокот 77642

Firefox, Safari и два алтернативни демек light прелистувачи - QtWeb и QupZilla, се тука некаде, барем по однос на засегнатиот сајт.
Прегледај го приврзокот 77643Прегледај го приврзокот 77644Прегледај го приврзокот 77645Прегледај го приврзокот 77646

IE 11 дефинитивно најдобро лизга на нетбук со вакви карактеристики. Останатите сајтови ги вчитува далеку побрзо со помалку ресурси, а и најчисто изгледа од естетски аспект.
Прегледај го приврзокот 77647

Другар браво за тестов ама нели ќе беше по веродостен да го дадеше името на процесот плус користење на процесорски цкилуси? Вака на сите слики имаш дадено ама искотистеноста на процесорот ти е збирна сосе се што работи на компјутерот?
 
Освен прелистувачот и Task Manager-от, никаков дополнителен процес не е стартуван. Позадинските процеси и оние од оперативниот, заедно со Task Manager еве колку црпат, се друго е од прелистувачот.
Untitled.jpg
 
Освен прелистувачот и Task Manager-от, никаков дополнителен процес не е стартуван. Позадинските процеси и оние од оперативниот, заедно со Task Manager еве колку црпат, се друго е од прелистувачот.

Далеку од тоа дека не вреди споредбата која ја имаш направено, но за следен пат :) подобро отвори Resource Monitor, одбери го само процесот кој го мериш ... ќе добиеш нешто од прилика вака:

Untitled-1.jpg

Се гледа и целото оптоварување на системот, колку цица процесот, колку време му требало да ја изврши операцијата па да ги ослободи ресурсите и сл.
 
Освен прелистувачот и Task Manager-от, никаков дополнителен процес не е стартуван. Позадинските процеси и оние од оперативниот, заедно со Task Manager еве колку црпат, се друго е од прелистувачот.
Прегледај го приврзокот 77775

Во право си. И на појака машина правеше проблем пред некој ден. И тоа 100% искористеност на CPU, а освен www.google.com ништо друго отворено. И тоа во еден таб...требаше да сликам. Ако ја тргнеме сигурноста, гласам за Internet Explorer 11. Човеку колку лесно отвара видео, да ти е мерак и 10 табови да отвориш одеднаш.
 
Користел ли некој K-meleon?
Денес самите енџини на пребарувачите се презахтевни со ресурси. Имам проблем да најдам незахтевен бровсер за постарите компјутери дома (winXP и 768Mb RAM). Kaмелеонот си беше супер ама последниве пар години не ги отвара позахтевните страници како што треба.
 
зашто во последно време е многу успорен хромот.коа ќе пуштам на јутуб нешто и коа идам од еден на друг таб подрипнува содржината што тече на јутуб подсецнува.пробав на мозила не праи така.епетен ми е успорен хромот
 
задњата Version 32.0.1700.76 m

Google Chrome is up to date

Пробај да си ја вратиш старата верзија, оди во фолдерот каде е инсталиран Хромот, има таму фајлови chrome и chrome_оld. Направи преименување на моменталната верзија, а на chrome_old во chrome и пробај дали ќе ги имаш истите проблеми.
 
сменив,исто е не ја бива
 
Пробајте го Torch, добро делува засега кај мене. Го користам како втор веб прелистувач.

Лисицава (Firefox) у последно време ме нервира, пошто крашира ако отвориш повеќе табови заедно со Google Images. Но терам уште... не ја менувам, традицијата продолжува... 8 години користење Firefox :D
 
Моментално користам Хром и не планирам да го менувам, иако во последно време има некои проблеми и почна да багира и да се гаси често. Сигурен сум дека ќе го средат во брзо време.
Сум користел и Сафари, и Опера, и Фајрфокс, од сите овие најзадоволен сум од Опера, работеше најубо, најглатко од сите, додека Мозилата не знам зошто е толку користен броузер, ја уопште не сум задоволен, кочи, се гасат табови и често замрзнува. Сафари е преспор, едноставно.:)
 
Хромов од пред 1 недела почна да забушава на јутуб. Голем дел од видеата не ги стартува. Некој да не знае нешто повеќе?
На и.експлорер истите видеа работат супер.
Апдејт имам напраено.
Кеш меш исчистив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom