Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Ќе влези непушач муштерија и одма пасивно пушење нема мрдање, затоа нема пушење има да си ставите од тие големите канти и пред излог надвор :icon_lol:.
Ако му одговара нека влезе и нека купува ако не никој не го пресилува .. досега непушачите влегуваа и купуваа во дуќани каде што пушат сопствениците,а сега ќе им смета .. булшит
 
Се пушеше пред секое дуќанче.
Пред? :icon_lol:
Таман де тогаш, демек пред дуќаните на десната страна од вардар не се пуши.

Него сериозно, секаде ги има. Казни и според власта сеуште нема, значи ни лево од вардар ни десно, ама инспекција има секаде. Го тврдам ова. Да беше поинаку немаше да учествувам на темава веројатно. Ко што не учествувам на онаа "Во врска со љубовта, сакам да ти кажам дека...", немам интерес таков.
 
Основно човеково право за пушење на јавни места нема во Универзалната декларација за човекови права при ОН :toe:.
Ама има право за слободен избор, нели?
И мене ми пречи дим од цигари, ама секое искачање сега ми е од тапа - потапа затоа што цело друштво (20 луѓе, од кои 17 пушачи) излагаат на секои 10-15 минути да запалат цигара.
Па не ми треба мене закон кој покрај што им скратува право на избор на другите, покрај што ќе се одрази врз економијата (не знам точно како, ама знам дека ќе се одрази) па уште и да се одрази на мојот социјален живот... Не благодарам.
 
Pa ne e zabraneto pred dukance da se pusi. :toe:

забрането е. 15 метра од објектот треба да се тргнеш а ако се тргнеш 5 6 метра веќе влагаш у просторот на комшискиот дуќан и се така антака. коа ке видиш треба на раскрсница да застанеш и да запалиш цигара ко човек
 
забрането е. 15 метра од објектот
Ова каде го пишува? Мислам дека беше оспорено. И логично да е оспорено, многу поголема глупост него самата забрана во објект...од икс логични причини.

Знам дека за продажба од градинки и школи имаше нешто со оддалеченост, но за консумирање на цигари досега барем немало.
 
прочитај во претходните постови ме мрзи сега да барам инаку ке цитирав. некој пиша само дека добиле опомена бидејки пушеле пред објект и џандарот мислам беше им рекол 15 метра треба одалечени д објект да бидат.
 
Не. на улица можеш да пушиш. 6 метри од објект (ова со метрите не знам дали е заебанција или вистина :) )
Можеби овој посто, но најверојатно дека е само претпоставка.

За оддалеченост немам видено досега негде за пушење да пишува (дали новите предлози ќе содржат, ич не знам), само за продажба (за реклами не сум сигурен), а и тоа гледам им падна на Уставен од многу прости причини наведени во образложението на Уставен од 06.06.2007
http://pravo.org.mk/documentDetail.php?id=363&gid=32&tid=1&page=documentlaws.php

За пушење на одредена далечина од објект глупо е и да го споменат во законот пошто (не само што никого не трујат туку) замисли улица и од двете страни објекти, локали, фирми...пушачите би требало да излезат и пушат на коловоз :) Друга работа (пошто не е забрането да се пуши на отворен простор), минувачите со цигара во рака исто би требало да бегаат од објектите на 10-15 метри што веќе би делувало премногу конфузно. Ќе испаднеме стварно земја број еден со закони од градот Будалија :wink:

Инаку вработените од сите фирми пушат пред самата фирма така да...сигурно се претпоставки (кои ептен не им одат во прилог на пушачите).
 
кажав у претходниот пост мислам дека.. ако е така со тие 10 15 метра треба да искочиш на сред раскрсница за да запалиш цигара ко човек :)
тоа ми беше и мене муабетот. замисли во чаршија на пример нема да смееш да запалиш цигара никаде! ај во центар некако на сред плоштад ке запалиш али во улички кај шо секои 3 4 метра имаш деловна просторија дали дуќан кладилница мобилара или слично... ке треба да отидеш мноооогу далеку за да запалиш цигара и коа ке видиш на крај паузата одишла...
 
Треба само да се овозможи правото на избор. Обавезно мора физички да се оградат пушачи од непушачи и после кој кај сака нека иде.
 
Треба само да се овозможи правото на избор. Обавезно мора физички да се оградат пушачи од непушачи и после кој кај сака нека иде.

Идејата на законот е не постоење на избор, туку наметнување на нешто задолжително.
Значи, никаква шанса да можеш да одбереш каде сакаш да пушиш.
Нема пушење и точка.
Ваков глуп и рестриктивен закон може да мине само во фашиштичко-социјалистички држави во кои постои константна и загушувачка државна интервенција.
Да постоеја кај нас или во Европа, правилата на слободниот пазар, капитализам во вистинска форма, ќе си отвореа многумина кафичи во кои ексклузивно ќе е дозволено пушење, дури и ќе им се даваат цигари на влез, па да видиме кој локал ќе успее.
Ова е безумно и е уште еден од чекорите кон формирање на тоталитарно општетсво, каде државата ќе има удел во секој сегмент од животот на граѓаните.
 
Во Струмица посебно во кафаните работата падна за едно 15% до 20%. Жално е да гледаш како надвор застанале на ладно 10 - 15 луѓе во една група и пушат цигара до канта, ( што патем смрди не се поднесува ама мораш да стоиш до неа ) додека некој непушач си седнал внатре на топло и си се ќефи што ти надвор се заледуваш. Незнам ама многу ми е дискриминирачки овој закон. Синоќа сум бил во кафич цела вечер и не запалив ниту една цигара пошо никој несакаше да ми прави друштво надвор оти беше ладно, а и целото друштво ми се непушачи само јас пушач. Па не е ли тоа жално?:toe:
 
Вчера за малку ќе повратев од тоа миризбата во диско, можеби воздухот е почист ама далеку понепријатен со законов!
 
Доста Тамара тебе сега не те остават дома да пушиш, по кафичи забранија и немаш каде сега скршен ти е филмот зато скокаш. Нешто најисфрустрирани ми се тие пушачи дома шо не смејат цигари да донесат. :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Мене уште посмешни ми се вакви муабети. Дома кај нас се пуши и Тамара е единствен непушач во куќата наша... Така да...
 
Posle dolgo vreme od disko se vrativ naparfimirana kako sto iskociv od doma. CUDO. Odlicnen poteg! Sepak, za pusacite treba nekakov pregraden prostor
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom