Можеби овој посто, но најверојатно дека е само претпоставка.
За оддалеченост немам видено досега негде за пушење да пишува (дали новите предлози ќе содржат, ич не знам), само за продажба (за реклами не сум сигурен), а и тоа гледам им падна на Уставен од многу прости причини наведени во образложението на Уставен од 06.06.2007
http://pravo.org.mk/documentDetail.php?id=363&gid=32&tid=1&page=documentlaws.php
За пушење на одредена далечина од објект глупо е и да го споменат во законот пошто (не само што никого не трујат туку) замисли улица и од двете страни објекти, локали, фирми...пушачите би требало да излезат и пушат на коловоз
Друга работа (пошто не е забрането да се пуши на отворен простор), минувачите со цигара во рака исто би требало да бегаат од објектите на 10-15 метри што веќе би делувало премногу конфузно. Ќе испаднеме стварно земја број еден со закони од градот Будалија :wink:
Инаку вработените од сите фирми пушат пред самата фирма така да...сигурно се претпоставки (кои ептен не им одат во прилог на пушачите).