…Но, по се’ изгледа дека новинарите малку северозападно од нас многу подобро си ја сфатиле својата професијата, за разлика од кај нас каде известуваат слично како во времето на СФРЈ дека пушачите се многу дисциплинирани, го почитуваат законот за забрането пушење и дека два дена неикој не е казнет. Браво, само така продолжете македонска новинарска фело.Перете ги мозоците на луѓево на секое поле..
>>>
…Дали сум хедонист и дека е тоа премногу што барам, дали сум толку себичен да мојот дим од две три цигари ќе ја отруе човековата околина околу мене да би бил така дискриминиран и малтретиран? Не знам, само знам дека не е фер. Многу е болно чувството на беспомош и гнев дека морам да се кријам како некој криминалец дека ќе бидам дискриминиран, легитимиран и на крај казнет само поради тоа што пушам…..
>>>
… Каде сте вие разниоразни невладини опрганизации и бранители што ги штитите правата на уличните џукели, правата на педерите, лезбијките, курвите и на разноразните девијантни групи на луѓе ширум државава Македонија. Излезете да застанете зад нас и барем донекаде да го зачувате нашето човечко достоинство и нашите основни човекови права после донесувањето на овој идиотски закон за задолжително додавање на горенаведените грозни и морбидни слики на опаковката од цигарите. Гледате ли до каде оди ова психолошко малтретирање и тортура против пушачите?
>>>
…. Во последната популарна емисија ИСТРАГА која беше емитувана на 13 Ноември гостин беше Оливер Драгојевиќ, кој зборуваше за дискриминаторниот однос и флагрантното кршење на човековите права на пушачите. Како што најавија во емисијата, голем број на естрадни уметници од Хрватска ќе достават званичен поднесок до Уставниот Суд на Хрватска во кои ќе бараат стручно толкување на уставноста на овој ступиден и контроверзен Закон.
А каде e Македонија во врска со ова? Никаде. Македончето како секогаш си молчи, па дури и блогерите. Два-три пати ја зачнав оваа тема, но одзивот беше катастрофален, два пати ја бев замолил г-ѓата Најчевска да ми одговори дали ми се кршат човековите права …
>>>
А еве во пракса драги мој Андреј08 какво место за пушење ми одредува како на пушач една фирма во Скопје. Еве поради долниве слики јас се чувствувам доскриминиран и граѓанин од втор ред. Облечен денес во одело одам во една фрима и после дваесетина минути со еден колега излагаме да испушиме по една цигара на местото одредено за пушачи. Зар до тоа дереџе дојдовме на вакви места да не’ испраќаат да пушиме? Што толку му згрешивме на бога па вака да не’ понижуваат? Што да кажат некои госпожи ( што би рекол PIncher Barnet) облечени елегантно за на работа и да одат да седнат на оние железни и дрвени испокршени столици и испопрљани маси со пепељари никаккви тука да ги оставаат цигарите и кафе да пијат….
>>>
Не се лутам воопшто на колегите а ни на директорот. Напротив, со сета моја почит кон нив. Нивно суверено право е преку законски регулативи да си го чуваат здравјето. И сите непушачи го добија своето право што го бараа. А ние пушачите? Изгубивме едно човеково право. Овој закон не само во Македонија туку и во целиот свет е флагрантно кршење на човековите права. Тоа го почувствував денес на работа..
>>>
… Дали со законот за ускратувањето на пушење на јавните места се решава проблемот со пушењето? Сигурно не. Туку само го преместуваме проблемот од едно на друго место, како на пример дома во станот, во некоја двоквадратна и затемнета просторија на работното место, на тераса од некој кафе бар, на влезот од пред некоја установа или угостителски објект, што доведува до стигматизација на пушачите и поради сите овие лицемерни законски одредби ги диведува до ситуација како граѓани од втор ред или талогот на едно општество….
>>>