Постење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Јас ниту сум постел некогаш, ниту постам, а и не планирам во иднина да постам... За мене тоа е глупост.... ( за појаснување не верувам во БОГ )
 
Стефанос, фала за доблеста со нас да споделиш една толку битна информација.

Мисирков, најдобро да тркнеш до црква и со некој отец да се консултираш, ако сакаш да си сигурен дека ќе постиш "прописно".
 
Stefanos_M напиша:
Јас ниту сум постел некогаш, ниту постам, а и не планирам во иднина да постам... За мене тоа е глупост.... ( за појаснување не верувам во БОГ )
Браво за тебе...Само не декларарирај нешто како глупост кога немаш појма за неговата суштина и не си се обидел да го искусиш( за појаснување мислам дека предрасудите се глупост):helou:

Инаку на темава..Велигденскиот пост започнува денот после Прочка, а завршува во 12-ет часот на полноќ, Сабота( во очи Недела-Велигден). Се јаде растително масло само во недела, а риба само на Благовец(но, во зависност од тоа на кој ден се пага празникот). За да бидеш сигурен околу правилата најдобро е да се обратиш кај свештено лице.
Инаку многу поважен и духовниот дел од постот. Воздржувањето од храна не е главната суштина. Зато, меѓу другото, пожелно е пред започнувањето на постот, а и за време на истиот да одиш на исповед.
Сепак, како што кажав, свештеник ќе ти објасни многу подобро за се што те интересира околу постењето.
 
Јас ги постев првите две недели ама не се чувствував доволно чиста за да ја испостам оваа без зејтин и да се причестам.
Целосно - постот трае 6 недели од кои последната е најстрога - без зејтин. Тоа е смрт, trust me:) Како и да е, ретко кој толку долго пости...
Најдобро ќе ти е да прашаш свештеник а јас само ќе ти го кажам она што го знам...
Постот не е само до храната. Одрекувањето треба да биде целосно. Значи - не смееш да пцуеш, да навредуваш, да се караш, да имаш секс... Не знам дали смее алкохол, треба да провериш, мислам дека не смее.
Во врска со храната - не е дозволено месо (освен риба), млеко и млечни производи и јајца. (ова за масло само во недела не верувам дека е точно, не ми го имаат кажано...).
Не ми текнува друго, ако сакаш рецепти - кажи:)
 
Utre (petok) sekoas postam sakal ili ne. Religija si e religija i si ja obozavam...
 
ada напиша:
Браво за тебе...Само не декларарирај нешто како глупост кога немаш појма за неговата суштина и не си се обидел да го искусиш( за појаснување мислам дека предрасудите се глупост):helou:
За да кажеш вакво нешто треба да знаеш дали сум постел, и дали имам познавања за работата. Поради тоа што веќе кажав дека не сум постел, ниту дека имам намера тоа да го кажам ќе ти појаснам, дека наместо да ги земам здраво за готово работите, сум читал и мислел !
Ако веќе се предводиш по светото писмо, поголем грев е да кажуваш на другите дека постиш, или да го правиш тоа само за да знаат другите дека постиш. Одколку воопшто да не постиш...
Друга работа, никаде во светото писмо не пишува дека мора да се пости !!! Туку дека тоа може да го прави оној кој сака, а не дека е задолжително...
П.С и да ќе заборавев, нема зошто да постам... Ниту имам вишок на килограми, ниту се лошо се исхранувам...
 
postam samo ovie poslednive tri dena, cetvrtok, petok i sabota... ne mozam da izdrzam poveke za postenje, premnogu sum naviknata na fast food i skoro sekogas koga postam se razboluvam...
 
Темава нема потреба да стои во Гурманско катче. За тука си има тема „Посни јадења”. Ќе ја спојам со темата во Религија, таму има коментари и за исхраната за време на постот.
 
Јас ги постам сите 7 недели бе, го прашав попот и најправилно постење е без телесни задоволства, растителни масла само сабота и недела, ама кој не може тоа да го издржи доволно е само неделата кога ќе се причести да не јаде растителни масла...за месо, млеко и јајца не мора да спомнувам...риба само на Благовец и Цветници, ама оваа година знам дека задутре е Благовец и пошо тогаш е најстрог пост немет риба :) И дефинитивно од цел постот најбитен е духовниот дел, односно без задни намери, превари, лажги, кавги и тако даље...:)
 
И во на благовец се пости строг пост и самиот пост по себе не е доволен ако не ги исповедаме нашите гревови
 
Ја постев цела оваа недела пред Велигден и се причестив и сум среќна :icon_bigg
Не ми беше воопшто ни тешко,ни напорно,напротив супер се чувствував бидејќи прв пат во животот една недела здраво се хранев со еден тон витамини и секогаш се чувствував прејадена и сита.
Така да ќе си продолжам и понатаму :)

Инаку постам секоја година една недела пред Велигден и се причестувам. Мислам дека е навистина убаво доколку човек се чувствува така,ако самиот смета дека може и дека треба.
 
На здравие и спасение причеста
 
Порано не постев никогаш.Оваа година решив мислев дека ке ми биде тешко но издржав без проблем..ама не ги постам сите 6 недели туку само последната така да уште денес ми остана..и вака без мрсна храна ми е многу подобро
А за во иднина ке пробам целиот пост да го издржам
 
Stefanos_M напиша:
За да кажеш вакво нешто треба да знаеш дали сум постел, и дали имам познавања за работата. Поради тоа што веќе кажав дека не сум постел, ниту дека имам намера тоа да го кажам ќе ти појаснам, дека наместо да ги земам здраво за готово работите, сум читал и мислел !
Ако веќе се предводиш по светото писмо, поголем грев е да кажуваш на другите дека постиш, или да го правиш тоа само за да знаат другите дека постиш. Одколку воопшто да не постиш...
Друга работа, никаде во светото писмо не пишува дека мора да се пости !!! Туку дека тоа може да го прави оној кој сака, а не дека е задолжително...
П.С и да ќе заборавев, нема зошто да постам... Ниту имам вишок на килограми, ниту се лошо се исхранувам...
Јас никаде во својот пост не спомнав дека мора да се пости...И да, јас не постам.
Инаку мојот коментар се однесуваше на тоа дека сметаш дека постењето е глупост. Ок, мисли што сакаш, ама не го етикетирај постењето како глупост, кога на форумов има луѓе кои се потрудиле да постат, и на кои тој чин им носи радост. Значи не ми беше целта да те разубедувам дека треба да постиш или нешто друго(па и како би можела да го правам тоа кога и јас не постам), туку да ти кажам дека не е ок априори да напаѓаш. Згора на тоа темата беше да каже секој, што знае за правилата на постење...
И да, постот у никој случај не треба да се сфаќа како начин за симнување килограми и сл...Тоа се вика диета и режим на исхрана...А постот има и духовна димензија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom