Материјални: Шолја за млеко (или големо кафенце) со срценца, мече обесено на срце со натпис “I love you“, запалка со два делфина кои нешто као се бакнуваат, две мечиња во стаклена топка која кога ќе ја свртиш се полни со конфети како илузија на снег...
Нематеријални: Допирот на нејзиниот образ кога се гледавме во очи на -20 степени еден јануарски ден, изразување љубов на десетина јазици, бесцелните телефонски разговори додека бесцелно зјапаш во ѕид, чекањето пред нејзината куќа додека “не ги закасни академските 15-тина минути“, строгиот поглед кога ќе лупнеш глупост, судирањето со колкувите при одење- ноќите кога пивнував малку повеќе, треперењето на нозете при првиот бакнеж, луцидните разговори пиејќи пиво седнати на столбче без “жива-душа“ на километар околу нас, бакнежите со кои ми ја прекинуваше намерата да запалам цигара, бакнежите со кои ме сопираше да се извинувам или бранам.... има ли крај...