Академик Блаже Ристовски-Македонската Национална Енциклопедија

  • Креатор на темата Креатор на темата Andonov Bale
  • Време на започнување Време на започнување
Sledstveno, jas da prasam, ako ne se menuva delot za potekloto na mKedoncite, kade e REVOT na Lavot, kade e gromoglasniot RIK na lavot, kade e revoltot i buntot na makedonecot!?? Ili mesto da se "skastrat" kandzite na orelot, mu se izbrici grivnata na lavot??
 
Јас мислам дека слепилото го роди, реакцијата на Шќиптарите против енциклопедијата, и затоа ги егзалтира "патриотиве", и си реков, ПА ДО КОГА БЕ СО ОВИЕ СЕЉАЦИ, ЌЕ ИМ ДАВАМЕ ПРАВА ОВА ОНА...

Колку и да е автодеструктивно, сепак ако е деструктивно за непријателот, Албанците, е супер.
Вчера на фитнес, имаше еден револтиран мембер, и нешто јадеше гомна, го дискриминирале, некој богаташ му го закачил. И веднаш почна со некои математики, дека "у пичку матер, НЕКА НЕ ЗЕМЕ ГРЦИЈА..."

И ја му викам, зашо бе Грција, еве Албанија нека не земе. И ми вика, се нека биде, само Албанците не!

Ова во кратки црти, памтен чоек, ќе сфати, шо ми е муабетот, а може да се елаборира на ова до утре. Лоша "фактичка" состојба.
 
Па ми остави впечаток...
-Словените како име потекнувало од Македонија-не е тука важна Словачка,Словенија,Славонија и Сава и традицијата на Западните словени ...
-На Дунав имало мостови,а во 6 век не се користеле трски.
-Во 16 век Европа ни го тупнала името Македонија и Лавот,а со тоа и идентитетот на некаква си каша попара во која не се знае ни кој јал ни кој пиел
ни кој кого туцал се така до Пулески.А од таква смеса биле сите нации.Теоријата смрди на Цвијич за резервите на глина во Македонија што лесно се моделира според приватни потреби на Балканските комшии.
-Како можело од една малечка Македонија да се насели Руско-Украинското пространство...тоа било глупост.Па зарем не звучи глупаво една малечка Македонија да го завладее светов во 4 впне и кралот да им киниса до некојси Панџаб во Индија.Па зар не звучи глупаво да кралеви и фараони од таа малечка Македонија да си владеат со стотици години во Египет,целиот Блиски Исток...абре цел класичен свет...Да прават библиотеки и не знам што...
---------------------------
Блаже и компанија сменат-несменат нема да го промени задкарпатскиот поглед на актуелната научна мисла,а најмалку реформата според рамковноста.
 
Дунав мора во минатото да била мала река штом имало толку големи мостови на таква река преку која би поминувало голем број на население и стока и притоа сетоа тоа да го издржат плус земајќи го предвид и влијанието на реката
само не ми е јасно како успеале да ги изградат и што технологија ќе беше тоа :toe:
 
Политички менаџмент со МАНУ
D5BE8635AC25A54591B4A4D159251E8E.jpg

Особено е болно да се доживее удар однатре, од некои колеги. Во духот на паритетот, тројца Албанци и тројца Македонци се јавија како иницијатори за запирање на дистрибуцијата на Македонската енциклопедија, за нејзино преименување во Енциклопедија на Република Македонија (како ли ќе ги објаснат Гоце Делчев, Крсте Мисирков, Димитар Влахов, Јане Сандански и редица други македонски дејци родени надвор од овие граници!), за промена на главната редакција, за „реорганизација на МАНУ“ според рамковен принцип... Можеби предолго молчев. Се' отиде предалеку. Јавноста има право да го знае моето мислење за некои суштествени прашања во врска со коментарите и обвинувањата што беа упатени на моја лична адреса, на адресата на Редакцијата на Македонската енциклопедија и на адресата на МАНУ од страна на претставници на одредени политички партии, здруженија и поединци.

Македонската академија на науките и уметностите претставува највисок и независен храм на знаењето и убавото. Чест и привилегија е да се биде нејзин член, но тоа е истовремено и голема одговорност. Меѓутоа, последниве недели некои го доведуваат во прашање нејзиниот кредибилитет и оправданоста за нејзиното постоење. Како формална причина се наведува содржината на првата Македонска енциклопедија, а како главни протагонисти на беспризорната хајка против Редакцијата и против мене лично се појавија личности, политички експонирани од албанскиот блок и од опозицијата.

Линчот почна веднаш, првиот ден по промоцијата на Енциклопедијата, со одлично организирани и координирани манифестации од разни политички субјекти на Албанците во земјава и во околните земји. Кога ли само ја прочитаа, а дента на промоцијата се продадоа првите примероци!? Биле навредливо третирани, била искривена историската вистина оти биле староседелци на Балканот, погрешно била толкувана војната од 2001... Чувме лавина грди навреди на Редакцијата, на МАНУ и на мојата чест и достоинство. За дел од нив некој ќе треба да се соочи со законот.

На ова брзо се надоврзаа и некои македонски политичари од опозицијата со почетно обвинување дека немало дилема оти сум се застапувал за поделба на Македонија во 2001 година (сиц!). Ова си дозволи најрано да го изрече потпретседател на опозициона партија и за тоа секако ќе одговара за клевета. Потоа го проширија фронтот и со други претставници, формално или неформално блиски до нив. Без прочитано дело тврдеа дека во Енциклопедијата немало ни збор за ЕУ и за НАТО, го немало Влатко Стефановски, го немало Институтот за македонска литература, ја немало античката историја на Македонија и што се' не. Жалам што моите деманти беа медиумски обработени и само делумно стигнаа до јавноста.

Така, видовме како на чудесен начин се споија два политички проекта, секој со своја агенда, но со заеднички именител и повик за ритуална жртва како спојна точка. Веројатно најточно објаснување за политичкиот проект што се спроведе и се' уште се довршува со МАНУ даде во својата колумна еден од главните протагонисти на хајката, прикажана како „демократска операција“: „Обидот за македонска енциклопедија... го закопавме како токсичен отпад, сто метра под земја, некаде во Мариово! ...Тоа го направи едно живо општество...: десетина македонски и албански интелектуалци, десетина новинари и пет-шест телевизии и печат.“ (?!?) Верник би рекол: „Прости им Господи, не знаат што прават!“

Разбирам да е некој лично навреден што на друг сум му дал поддршка за претседателски кандидат, но суетата да земе толкави размери, па мене да ми го припише својот изборен пораз и во својот гнев да руши се' околу себе... Да ни се заканува јавно од медиуми мене и на Редакцијата дека треба да бидеме „ликвидирани што поскоро“! Јас никогаш не сум се тужел по судови, но изгледа ќе бидам принуден да барам правна заштита на личниот интегритет, зашто овие луѓе ја претераа.

Особено е болно да се доживее удар однатре, од некои колеги. Во духот на паритетот, тројца Албанци и тројца Македонци се јавија како иницијатори за запирање на дистрибуцијата на Македонската енциклопедија, за нејзино преименување во Енциклопедија на Република Македонија (како ли ќе ги објаснат Гоце Делчев, Крсте Мисирков, Димитар Влахов, Јане Сандански и редица други македонски дејци родени надвор од овие граници!), за промена на главната редакција, за „реорганизација на МАНУ“ според рамковен принцип...

За жал, науката попушти пред политичките притисоци, темпирани спроти добивањето Извештај од Европската комисија за напредокот на Република Македонија на европскиот пат. Како што некој создаде вештачка криза во земјава со Енциклопедијата и со МАНУ, така и ја изменаџира. Не знаеме само дали овој пат менаџментот на кризата бил платен проект или некој го одработил гратис - за својата „кауза“.

Да се потсетиме само на редоследот на случувањата внатре во МАНУ. Поради забелешки за 5 одредници од вкупните ок. 9.000 во Енциклопедијата (0,06 отсто), главната редакција се согласи да направиме корекции во некои формулации, во знак на добра волја и уште еден повик до научната и стручната јавност за конструктивна дебата за целата содржина на книгата. Иако овој заклучок на седницата од 30 септември беше прифатен од Претседателството на МАНУ, се изврши дополнителен притисок врз него, се' дури не го смени заклучокот во радикалната верзија од 7 октомври годинава.

Јас, секако, ќе проблематизирам повеќе прашања на закажаното собрание на МАНУ на 13 октомври, но сега ќе поставам само четири прашања до моите колеги „реформатори“:

1. Зошто не сакавте да учествувате во работата на Македонската енциклопедија кога ви беше понудено?

2. Зошто молчевте и не дадовте ниедна забелешка на пробното издание на Енциклопедијата, иако бевте писмено замолени за тоа уште на 24.12. 2008 година?

3. Зошто се огласивте со жестоки напади и шокираност веднаш по официјалната промоција на Македонската енциклопедија?

4. Конечно, зошто толку непомирливо ви пречи придавката македонска пред зборот енциклопедија, за кое што во главната редакција сме расправале многупати и сме се надгласувале?

По се', длабоко жалам што политичката реторика ја замени научната аргументација и дебата во врска со најзначајниот повеќегодишен проект на една врвна научна институција. Зашто, ние и на самата промоција повикавме на заедничко препрочитување на 9.000-те одредници, напишани и редактирани од речиси 300 научни работници од сите научни области и струки и сфери на нашето живеење.

Сосема ослободени од суета и целосно свесни дека прво издание на вака обемно и комплексно дело со голема извесност содржи и пропусти и грешки од различен вид, најавивме отвореност за сите добронамерни сугестии и критики. Ова издание беше и замислено како основа што понатаму ќе се надградува и доградува, низ компетентен дијалог, со смирен и разумен пристап.

Со мирна совест изјавувам дека ниту јас, ниту кој и да е од Редакцијата, имал макар и помисла да навреди некого како поединец или како група. Жал ми е ако некој така се почувствувал, било поради содржината во изданието било поради нечие надворешно наведување и манипулација со чувствата.

Нема да ги коментирам изјавите што беа искажани на невкусен начин, низ говорот на омразата. Одбивам да верувам дека се став на цела политичка партија или уште повеќе на цела етничка заедница. Повеќе верувам дека се работи за лични ставови, затскриени зад групни фотографии. На олтарот на нечии интереси се направи обид да се жртвува науката, меѓучовечката доверба, но и стабилноста на Македонија и на Балканот. Останувам со надеж дека работите ќе се вратат во нормален тек, кон науката, со ладни глави и рационално расудување. Но не смееме да дозволиме МАНУ да биде ранета и поразена. Таа и' треба на нашата држава заради авторитетот и интегритетот на науката, но и заради легитимитетот пред светот.

Блаже Ристовски
(Авторот е академик)
 
Требаше, посебно Нада Проева која целосно е посветена на изучувањето на антиката. Треба да се исфрлат од МАНУ неколку поети-џабелебојадци и историчари-фосили, и да се стават луѓе - амбициозни, посветени на науката и предадени на македонската кауза.
Не благодарам за Наде Проева. Читав интервју од неа, ги нарекуваше заблудени или така нешто тие што верувале дека се потомци на античките Македонци, и велеше дека секоја генерација имала студенти што доаѓале со такво мислење а таа работела на тоа да ги разубедува. Кај некои успевала кај некои не.
 
Дунав мора во минатото да била мала река штом имало толку големи мостови на таква река преку која би поминувало голем број на население и стока и притоа сетоа тоа да го издржат плус земајќи го предвид и влијанието на реката
само не ми е јасно како успеале да ги изградат и што технологија ќе беше тоа :toe:


апдејт

Constantine's Bridge во Романија

http://en.wikipedia.org/wiki/File:Roman_Gothic_Walls_Romania_Plain.svg


Trajan's Bridge во близина на денешниот градови Drobeta (Романија) и Kladovo (Србија) ама уништен во почетокот на вториот век

другите мостови се многу понови од 6ти век

е сега дали Блаже имал тајм машин па знаел за други мостови или сам ги ѕидал тоа незнам
 
Ако чекаме вие да ни ја спасувате македонштината,богами и прашање е дали ќе остане нешто од неа.Сакале,нејкеле,Македонската енциклопедија е реалност!
 
Ако чекаме вие да ни ја спасувате македонштината,богами и прашање е дали ќе остане нешто од неа.Сакале,нејкеле,Македонската енциклопедија е реалност!
Lepi, pa tokmu toa e problemot za makedonstinata, sto e realnost taa takva enciklopedija. :):toe:
Aj, ke vi tekne i vam, moze docna ke e, ama jebiga, vazno ke vi tekne...
 
Впрочем кога подобро би размислил и подобро да е забранета Енциклопедијава. Тогаш ќе почне underground ширење на истата како и што се случува во моментов. Со ваква забрана интересот на Македонскиот народ ќе биде поголем, а истата ќе биде поценета. За жал таков е Македонскиот народ, само кога некој му брани, го напаѓа малтретира, забранува, само тогаш му доаѓа памет.

Како не измислат уште некоја цивилизациска придобивка, да шетаат по нашите домови со вооружена придружба и ја бараат Енциклопедијава?! А доколку е накјдена кај некој истиот да се казни што е можно построго. Тек тогаш истата ќе биде бесмртна.
 
Само 100 се поврзани и пуштени во продажба (веќе се и продадени), другите стојат неповрзани и веројатно само ќе се препечатат спорните страни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom