Во ред, пак да се навратам на она биолошкото, природното ако може така да се каже.
Ние сме, иако од атоми, молекули, клетки, ткива...сепак различни. Таква не дала природата и не можеме ние самите тоа да го смениме. Его-јас и слични состојби потекнуваат од мозокот, неговите функции и активности, хормоналните активности...ај забегав

Џони спомена она со дрвата, сепак има активности кои ниту и прилегаат на жена, ниту може да ги изврши без да се повреди. Истото важи и за мажот.
Накратко, после некоја година заеднички живот/брак, сеедно... нема ниту да се забележи како се надополнува човек со човек. Иако сум ортодокс, односно православец, сепак ја почитувам Јин-Јанг изграденоста на светот...затоа често и го применувам тој поим во повеќе прилики. Се остава да тече заедничкиот живот, спонтано навлегувајќи во него, без усила. Оти се што е на
сила-без спонтаност, не држи долго време. Ако се инсистира на сила рамноправност, без спонтаност во односот...тешко истото ќе се одржи. Битно е да се погоди вистинската личност, баланс во односот, се друго е песна, тогаш можеш и светот да го подигнеш со една рака