Потона брод во Охридско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
колку шо знам езероно не е уште под концесија дадено па државата т.е извршната власт ја има сета извршна моќ над сите собраќајни објекти на површините од тоа езеро.

последно од мене на вакви глупи одговори ...
прво колку години имаш кажи ми ...
второ:

И улиците не се под концесија, па ако некој кој не си ги средил кочниците на колата брзо вози и ако прегази некој на улица владата ли ќе биде крива? :tapp:
 
Ццц ова станува една од најголемите трагедии во Македонија, после таа со хеликоптерската несреќа, па и авионската несреќа во минатата декада...

Ќе има изгледа ден на жалење.
 
бројот се зголемил на 17
 
навистина страшно и жално за фамилиите..
нека почиваат во мир...
 
последно од мене на вакви глупи одговори ...
прво колку години имаш кажи ми ...
второ:

И улиците не се под концесија, па ако некој кој не си ги средил кочниците на колата брзо вози и ако прегази некој на улица владата ли ќе биде крива? :tapp:

...ај д ане забегвиме од темава...луѓето нема да ги вратиме.

анализирај си го вториот одговор подобро.
 
Нека почиваат во мир

Се возев во овој брод во летото 2008 и уште одтогаш ми изгледаше несигурен. Никаков беше...
 
Сеуште е рано за какви било информации за тоа дали станува збор за несреќа или евентуален дефект на бродот, се шпекулира дека бродот потонал од претовар.

Ништо чудно и ова капетанов летово ќе го качеше и цел Охрид само да земе повеќе пари нема место за седење а они уште луѓе чекаат :toe:
 
Потона брод во Охридско езеро-17 мртви

Потона патнички брод во Охридско езеро, бројот на загинатите постојано се зголемува. Според полициските информации на А1 Телевизија спасувачките екипи сеуште работат на извлекување на жртвите и засега јавуваат за извлечени 17 мртви тела, а 53 се спасени.
Станува збор за туристичкиот брод „Илинден“ кој се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот „Елешец“.
Полицијата реагирала на повик од граѓани од охридската плажа Лагадин. Повикот, кој е примен утрото, е лоциран од ресторанот „Два Бисера“.
53 лица се извлечени живи по хаваријата на бродот „Илинден“.
Освен претрпениот шок тие се наоѓаат во добра здрвавстевна состојба и се привремено сместени во хотелот „Метропол“ во Охрид.
Едно лице е хоспитализирано и по пружената реанимацита е ставено под специјална медицинска нега.
Неофицијално во него имало група од педесетина туристи од Бугарија кои сакале да патуваат до „Св. Наум“.
На терен пристигнаа и специјалните нуркачки екипи од МВР Скопје.
Први во помош на патниците во потонатиот брод, пристапиле лица од автокампот со чамец, кои успеале да спасат голем дел од нив.
Сеуште е рано за какви било информации за тоа дали станува збор за несреќа или евентуален дефект на бродот, се шпекулира дека бродот потонал од претовар.
Очевидци велат дека бродот „Илинден“ наеднаш исчезнал од водената површина на Охридското езеро.
 
Потона патнички брод во Охридско езеро, бројот на загинатите постојано се зголемува. Според полициските информации на А1 Телевизија спасувачките екипи сеуште работат на извлекување на жртвите и засега јавуваат за извлечени 17 мртви тела, а 53 се спасени.
извор А1
 
Шо да не потони, онолку мал брод незнам кај им даваат дозвола да пловат до Св. Наум, бранче мало да фати, ќе се отпреврти, кога и да го видиш само се нишат и плус во онолкаво мало бродче напикале 70 луѓе.
А, некакви информации за некој од Охрид загинато дан има?
 
Колку разбрането може да е Охридското Езеро, па не е Тихи Океан.

Ти си се нашол некогаш на сред езеро кога има бранови? Или дали воопшто си го видел Охридско езеро кога е разбрането какво е?
 
17 мртви тела, а 53 се спасени. = 70 луѓе значи биле качени на бродот а капацитетот е 50! ех пуста пара да се земе што трагедија направи.



http://pazar3.com/ViewItem.aspx?itemId=118279

пред 2 години бев на „ноќно крстарење“ ... арно немаше многу народ ...

да се може цел Охрид би го качиле на него у пм ...
летово Александрија го видов кога помина покрај Славија ... човече немаше место кај да се застане ... луѓето мислиш висеа од бродот ...

пуста пара ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom