Потона брод во Охридско езеро-17 мртви
Потона патнички брод во Охридско езеро, бројот на загинатите постојано се зголемува. Според полициските информации на А1 Телевизија спасувачките екипи сеуште работат на извлекување на жртвите и засега јавуваат за извлечени 17 мртви тела, а 53 се спасени.
Станува збор за туристичкиот брод „Илинден“ кој се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот „Елешец“.
Полицијата реагирала на повик од граѓани од охридската плажа Лагадин. Повикот, кој е примен утрото, е лоциран од ресторанот „Два Бисера“.
53 лица се извлечени живи по хаваријата на бродот „Илинден“.
Освен претрпениот шок тие се наоѓаат во добра здрвавстевна состојба и се привремено сместени во хотелот „Метропол“ во Охрид.
Едно лице е хоспитализирано и по пружената реанимацита е ставено под специјална медицинска нега.
Неофицијално во него имало група од педесетина туристи од Бугарија кои сакале да патуваат до „Св. Наум“.
На терен пристигнаа и специјалните нуркачки екипи од МВР Скопје.
Први во помош на патниците во потонатиот брод, пристапиле лица од автокампот со чамец, кои успеале да спасат голем дел од нив.
Сеуште е рано за какви било информации за тоа дали станува збор за несреќа или евентуален дефект на бродот, се шпекулира дека бродот потонал од претовар.
Очевидци велат дека бродот „Илинден“ наеднаш исчезнал од водената површина на Охридското езеро.