Fantom
Chikara
- Член од
- 4 јуни 2006
- Мислења
- 11.453
- Поени од реакции
- 812
Јамајканецот Усеин Болт го сруши сопствениот рекорд на сто метри во финалето во Берлин со вртоглави 9.58 секунди.
Најбрзиот човек на планетата го подобри своето најдобро, а воедно и светското најдобро време за 0.11 секунди, па рекордот од 9.69 поставен во Пекинг пред една година е минато.
Американецот Тајсон Геј, шампионот од 2007 година, трчаше во животна форма со време 9.71, трето најдобро време на сите времиња, но сепак недоволно за злато во Берлин.
Сонародникот на Болт, Асафа Пауел ја заработи бронзата со време 9.84.
За разлика од финалето на Олимписките игри во Пекинг, Болт почека прво да помине преку целта за да почне со славење. Рекордот на 100 метри обично се подобрува за стотинка или две, па ова време од 9.58 поставено во недела е просто неверојатно.
„Не трчам за светски рекорди“ - изјави дваесет и две годишниот Болт. „Целта беше да дојдам тука и да победам, затоа што конкуренцијата е голема и се води битка за престиж и доминација. Имав прилично добар старт, и по поминати дваесет метри имав чувство дека можам да го подобрам и личниот рекорд“ - заврши тој.
Болт ќе добие 100.000 долари од Интернационалната Атлетска Асоцијација за светскиот рекорд, но големите пари сепак ќе дојдат од спонзорите кои сега ќе водат епски битки за неговиот потпис.
Филип Петрески | Кајгана