И двете страни играат партизански
Ја подржувам Open source филозофијата. Не мора да значи дека Open source е бесплатен. Ко што кажа некој од погоре, и тие програмери мора да живеат од нешто. Но во тоа не е поентата. Поентата беше дали да плаќам, да кракувам или да си барам бесплатна варјанта.
Секогаш кога имам избор барам бесплатна варјанта. Сум користел кракуван софтвер пред се поради „евалуациски потреби“ и секогаш на крајот завршувам со бесплатната варјанта за трајно користење. Крадење е крадење. Пар фармерки или софтвер исто му доџе.
Интересен е начинот на делување двет условно речено страни. Од како Open source варјантата озбилно заличи на нешто, копирајтот и копилефтот се удрија гради во гради. Очигледно се исплатеше рововската битка на GNU, GPL, Open source и компанија(како што кажа spooky тоа се сосема различни работи).
Значи прво Микрософт па после и други фирми почнаа да спонзорират блогови, лични страници па и форуми да јадат бабури за опен сорсот. Со што би можеле да го нападнат опен сорсот? Она за што беше дозволено во Америка да се палат луѓето на клада. ЗА Комунизам.
Еве два блога што се занимаваат со плукање по партизаните(GNU, Open Source, GPL) иако вториот вика дека не е така:
Anti GNU Movement - Анти ГНУ движењето го споредува ГНУ со најсурова форма на комунизам.
Firefox Myths Firefox митови. Е ова е смешки. Видете на крајот кој е изборот за броусер на авторот.
Иако има уште бааги блогови кои го подржуваат copyright и платениот софтвер овие случајно ги видов како линкови на
TECTONIC. Прочитајте ги коментарите од читателите.