Секоја кавга раскинување

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ова ми е интересна појава кај многу парови кои на секоја кавга раскинуваат и готово крај. За потоа за неколку часа или ден/два да се смират и се е по старо. Потоа пак кавга и одма пак фешти и раскинувања и повторно пак смирување. И се така во круг.
Ова посебно се случува кај тинејџерските парови, иако често се случува и кај парови на веќе зрели возрасни лица кои по претпоставка се тврдоглави и непопуштаат, па секоја кавга ја завршуваат со крај на врската.

Дали сте имале таква врска или сте во таква врска?
Или пак ве нервира таа појава (како мене што ме нервира :)).
 
Не сум бил така а и нема да бидам оти ме нервира оваа страшно имам видено ваков пар и освен некаде настрана да ги видеш како се караат никаде на друго место у кафич, дискотека нема шанси... зошто кога може да си се караат
 
Ne sum bila vo takva vrska(fal Bogu) ama poznavam eden takov par koj posle sekoe raspravanje ili malo nedorazbiranje raskinuva i posle den dva pak se zaedno...Toa uzasno me nervira i mislam deka ne bi mozela da bidam vo takva vrska
 
Тоа е чиста глупост.Според мене тоа е незрело однесување но се среќава и кај многу возрасни.Доколку 2цата партнери сметаат дека е во ред да раскинуваат на секоја кавга и потоа да се смируваат тогаш и не е некој проблем.Но доколку на едниот од нив му смета тоа (глупирање) тогаш ќе имаат сериозен проблем.Јас лично не би го поднесувала тоа...
 
Детска работа и нетолерантност . . .
Знам некои шабани кои се караат за тоа дали да се изренда кашкавал на макароните и сето тоа го поткрепуваат со принципиелност и некои си нивни ставови од кои не отстапуваат ни за жива глава . . .
 
до пред некој месец бев во ваква врска... едноставно не е издржливо, не можеш после секоја караница да раскинуваш, посебно ако се расправаш за некои глупости, од тоа не произлегува ништо добро, треба да се разговара ако се има проблем, а не едниот пратнер да си прави како што ќе му текне, без да размисли дали ќе повреди некого или не...
не знам, изгледа некои луѓе никогаш не созреваат
 
Кај мене не се случило, никогаш. Кога ќе се ставело крај, крај било, заради тоа што врската не била повеќе ок. А така од секоја караница крај, не сум имала такво искуство, ниту пак сакам. Знаев порано одамна еден пар, кој секој втор муабет им беше кавга, а на секоја трета кавга во денот раскинуваа, а утредента исто како ништо да не било. Едно 45 раскинувања имаа сигурно, на крај не им веруваше никој дека навистина раскинале. :)
 
Јас сум прилично тврдоглава и некои пати сакав да си отидеме и двајцата дома без довршување на дискусијата туку-така, потскарани. Но! Испаѓа дека доволна е волјата и упорноста на едниот за вакво безвезе недовршено нешто да не се деси. Секогаш сме ги дискутирале стварите до крај, колку и да звучи тоа напорно за мене, а што е иронично, обично испаѓа дека целата работа била недоразбирање или па од премногу мислење за тоа што мислел другиот или слични ситници.

Значи, да резимираме, не треба партнерите да си идат дома лути, иначе сигурно после ќе ја исфрлат гадната енергија на друг плус, ќе имат недоразјаснети работи, па ќе си праат филмчиња.

Ако врската вреди, вредат и саатите поминати у дискутирање, колку и да ни е скапо времето.
 
да иам таква другарка... брееее една кавга и одма коа ја питам кај е зето... раскинаме, толку таа... бреее викам ај ке те питам за 2-3 дена и коа да видеш... епа па сме заедно... хах... сеа више не ја ни питувам. мада некогаш и сама балега, јас само си го пијам кафето и ја слушам внимателно.
 
Многу лоша работа. Имам и јас таква другарка и секој втор ден ми кажува дека раскинала со дечко и. Веќе сум навикната. Кога ќе ми рече имам да ти кажам нешто? Ја и викам, немора знам, раскинавте?.. ххх
И секогаш се е готово и секогаш драми и секогаш после два дена смирување.
Каква монотонија... не би можела да издржам такво нешто. Благодарна сум што не ми се случило :)
 
Ау многууу лоша појава е ова...

Јас никогаш не сум имал ваква појава во никоја врска..
 
Бев до пред некое време во ваква врска и едноставно-ЛУДНИЦА !!
-Ни луд не би издржал ваква врска,секој втор ден карање за мала ситница,уште помала глупост и кој е газда во врската.
Два дена скарани,на третиот се смируваме и после пак одпоново...:nesum::nesum:

Па не личи тоа на врска е***о,повеке на калакурница ми личи...
 
Глупост ама честа работа е кај тинејџерите. Или нека раскинат еднаш засекогаш или нека научат дека караниците се само караници и немора секоја да заврши со раскинување . Лутењето 2-3 часа па и ден два е нормално ако сакаат нормална врска, меѓутоа раскинување секој пат кога ќе се скараат ? Што ќе биде ако им прејде во навика , што ќе прават во брак ? Секој втор ден ќе трошат телефони за развод?
 
Најдолгата и најубавата врска, ми беше баш таква.
Секое второ искачање као готово, раскинуваме (често и пред луѓе и у јавност сцени праевме), па после за неколку саати или утредента, ќе си плачеме, ќе се смируваме...и така добри три години.

Ваљда тоа беше затоа шо се фативме на 16 години, а раскинавме на некои 19, па хормоните уше ептен не маваа у глава. Мада, и поред се тоа, таа врска ми е нешто неповторливо. Некако и со тоа детско понашање, функциониравме.

Али сега, кога хормоните ми се потсмирија, не би репризи од тој тип. Мислам дека неам ни сила за такви инфантилни љутења.
И дефинитивно сфатив дека си страшно напорен тогаш за околината.
 
Кај мене, ако некој ми раскинува, раскинува за вечност. Јас не раскинувам обично, освен ако имам навистина добри причини за тоа. Ама кога еднаш ќе раскинам, тоа е трајно.

Е сега, не можам да кажам дека е тоа најдобриот начин. Кога си дете, кога ни самиот не знаеш што сакаш, претпоставувам дека тоа доаѓа природно. Но кога ќовек веќе ќе подостари, нема енергија до толку за таков живот и се смирува.

Кај мене тоа било од самиот почеток така и сега ми е криво, што не сум го поминал тој период. Затоа, додека луѓето се тинејџери, треба да се избувливи и полни со енергија, па макар раскинувале на секој чекор. Логиката ќе дојде дури отпосле.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom