Партнер одбран од страна на родителите

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Оваа појава иако ја имало во минатото многу повеќе, денес сепак сеуште е присутна. И тоа пред се кај муслиманите, иако се појавува и во неразвиени средини, а и кај оние најбогатите (кои избираат за своите синови и ќерки богати и успешни животни партнери).

Иако можеби оваа појава ни се чини во денешно време дека е речиси се помалку присутна, сепак мислам дека постои сеуште во малку поразвиена форма. Многу родители сугерираат кој партнер да го одберат нивните деца. Посебно сугестии даваат за богати партнери и со зборови и милион пофалби за партнерот ги присилуваат своите деца токму изборот за сопруг/а да падне токму на нив. Или пак забрануваат врска или брак со определено лице.

Што мислите за ова? Ја оправдувате ли таа постапка на родителите да одберат патнер за синот или ќерката?
Посебно муслиманите што мислат за ова и дали својот партнер ќе дозволат да го изберат нивните родители?
 
Позната ми е ситуацијава и тоа важи кај сите луѓе не само кај муслиманите, особено ако живеете во помало место каде секој со секого се знае. Само што како што беше напоменато, денес тоа се сретнува во помодерна верзија. Најчесто се сугерира за момчиња и девојки деца на пријателот на родителите за кои знаеме сите дека се добро ситуирани и дека во едно такво семејство на нивното дете нема ништо да му недостасува- материјално, наспроти тоа се забрануваат врски со деца од посиромашни семејства или во некои случаеви деца од село.

Не ми се свиѓа мене ваквата работа. Особено доколко сугерирањето е во претерани граници. Во ред е да се каже мислење, да се проба да се поврзат децата, но кога не иде- не иде, не мора по секоја цена да се оствари намислата.
Тоа е веќе мешање во туѓ живот па макар да станува збор и за своето дете.
 
Никогаш не би можел да се замислам себе како им го дозволувам тоа на родителите. За среќа живеам во едно полиберално семејство и секој си има право на свој избор.
Оваа појава која многу често била застапена порано за мене претставува продавање на слободната волја на секој поединец. Сосема неправилно е некој друг да му бира на некого личност со која би требало да го помине целиот свој живот. На еден начин тоа е одземање на способноста секој да си ја креира својата иднина.
Е сега, сугерирањето го оправдувам. Сугестиите се само размислувањата на родителите изнесени пред нас. Јас би дозволил сугестија но никогаш тоа не би бил факторот кој ќе ме натера да одлучувам за работи поврзани со мојата патнерка.
 
Нема да им дозволам да ми бираат тие партнер, ама нормално би прифатила секаква критика или совет, особено од мајка ми затоа што кога сум јас во прашање секогаш знае каде правам грешки и секогаш го одбира најдоброто за мене.
А, знам и самите се свесни дека неможам да се мажам онака само површно..
За да успее брак би требало да постои некаква хемија меѓу партнерите, а не само материјална поврзаност.
И секогаш викам дека и да би бил посиромашен,а да е способен и да знае да се снајде би успеал повеќе отколку да имам некој шо е богат, коцкар и може во една вечер све да изгуби или со еден збор некој си сноб кој е научен да живее на грбот на родителите, а без нив е изгубен случај.
 
Најголема глупост што се случувала во минатото.Наметнат партнер, наметнати бракови.Да седам со некоја росла цел живот што ми ја одбрале татко ми и мајка ми.:tapp:Ако толку им се свига, нека си ја земат и нека си ја чуваат ко вонбрачно дете.Глупости.Боље неженет ке останам!
 
Не треба да се правиме многу паметни за да паметуваме тука дека ние сме многу либерални па сами си го избираме партнерот. Денешново време е толку сурово што и кога мислиме дека ние сами си го избираме партерот се залажуваме. Сакале или не мораме да признаеме дека она што го носиме во себе т.е. вистинската слика за тоа како треба да изгледа нашиот партнер (женско или машко) и што се треба да поседува, реално во вистинскиот свет тешко се наоѓа собрано во една личност. Ако на тоа се додадат сите сугестии директни или индиректни, ќе видиме дека на крај честопати наместо да го избереме партнерот кој го замислуваме потпаѓаме под една несвесна идила која ни наметнува партнер со карактеристики кои во почетниот стадиум на барање не биле во нашата агенда. Понатаму настанува корекција на нашите вкусови за да се оправдаме самите себе си дека токму тоа е тоа што го баравме. Со еден збор наметнатото темпо на брзиот живот ни наметнува и карактеристики на тој брз живот за избор на нашиот партнер. Едноставно наместо ние да избираме, тоа нас не избира и спојува. Во сето тоа кај малкумина цврсти и истрајни изборот на партнерот е по сопствена желба.
 
Моите родители на пример би дале се за да го изберат мојот иден партнер.Но тоа нема да се случи.Никогаш не би дозволила да се мешаат во мој избор и се свесни за тоа.Со кого ќе го поминам мојот живот е само моја работа,доколку ним не им се допаѓа ќе мораат да се помират со тоа:toe:
 
па не дозволувам да ја изберат мојата партнерка незнам како би живеел со жена кој на ја сакам
 
Да бе сега нема да се навраќаме 100 години наназад кога тоа им било и најнормално... Нема што други да ти поставуваат правила и патеки на твојот живот. :toe::jaj:
 
Уште тоа фали денес, и родителите партнер да ни бираат-црн хумор бе!
Или јас имам среќа или да, што моите родители не ми наметнуваат одлуки и избори, ни па ми сервираат под нос опции за мажење...Добредојдени се секакви критики и сугестии од моите, ама да остане само на тоа, понатаму моја е одлуката-мој е животот.Треба да се запази границата меѓу укажување кон подобро(според нив) и навлегување подлабоко во интимата.
Семејството ми е либерално, ги прифаќа нормално моите одлуки а и самите тие не би си дозволиле акт од тој тип.
 
ова било пред 100 год. сега не верувам дека некој вака прави :toe: а и да прави нешто не е во ред со човекот
 
Аууууу,не би дозволила родителите да ми го бират партнерот со кој би се омажила...па ако треба и да ме утепат нема да ги послушам,јас си го бирам својот партнер,оној кој мислам дека ке биде добар и треба да го прифатат а ако не им се допага здравје.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom