Колку пари ви се неопходни месечно ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
Кога веќе сите отидовте оф-топик, еве и јас:nesum:
бидејќи се запишав на ЕУРМ, значи ќе ми треба стан во Центар, како се движат таму цените, сакам станот да биде оддалечен од факултетот најмногу 30 минути пешачење. И примаат ли во студентски домово студенти од приватни универзитети?
Како се движат таму цените и колку е оддалеченен најблискиот до ЕУРМ?
 
Кај нас за богаташи ги сметаат тие што одат на одмор во Охрид.
Јас сум богаташ, а лани бев малку и супербогаташ, ја свртев Албанија :)

Овде никој не троши 4.000 за бензин, 5.000 за кафани, 6.000 за гардероба итн.
Без кола Велес можеби е можно, Скопје...ќе видиш како е. За минимум на излегување во град 500-700 денари идат онака (само такси за назад е изгор).

Ти знеаш дека има луѓе што во фрижидерпт имаат само маргарин.
Ова се социјални случаи под апсолутен минимум на исхрана.

бидејќи се запишав на ЕУРМ, значи ќе ми треба стан во Центар, како се движат таму цените
Ќе видиш, цените се далеку повисоки од било кој град, после една година овде може да прајме муабет дали е многу 1000 евра за Скопје :)

А вас Скопјани 8.000 не ви стигнуваат само за кафани и дискотеки.
Само сметките се толку, оние редовни трошоци. Струја зимно време 8-10.000, вода и комуналии 1.500, ова што сурфам и телефонот 1.800, даноци на имот и други слични давачки (кои се далеку повисоки од друго место) не ни рачунам. Плус некоја рата 1.000-2.000. Летно време е исто, со тоа што струјата се смалува на една четвртина некаде. Цените, кога ќе отидам во друг град (Штип, Берово, Гостивар...) се далеку повисоки. Лебот на пример пред некоја година кога поскапуваше кај нас од 25-30, во другите градови беше многу и цена од 20 денари. Кафеана исто, има разлика од сок или вотка овде и кај вас... Штип скоро бевме-за чевли и на пастрмајлија. Чевлите се живо џабе према Скопје, седењето и јадење во кафеана далеку од секоја споредба со цените.

Уосталом
Најреалниот пост што го прочитав на оваа тема, реален поглед на животот на едно македонско семејство.
Каква е таа реалност, само леб, маргарин? Да ставам бунар во двор и да црпам беспари вода. Едно пазарење во СП, Веро...за фамилија иде накај иљадарка. Е сега, ако не јадеме, не се возиме-идеме пешки, ако не купуваме средства за лична хигиена, ако не купуваме облека...можда е и реално.
 
Илјадарка веќе нема никаква вредност. Тешко дека можеш нешто да испазаруваш со неа. Минатата недела приметив дека има има едно ново, освежително поскапување по маркетите...
Живеењето е се поскапо и покомплицирано. Нереално високи кирии за станови и деловни простори, транспортот (бензинот се уби од поевтинување ама таксистите не реагираа, еднонасочни се движења на цените)... Страшно тешко за тие што доаѓаат од страна на студии.
 
Илјадарка веќе нема никаква вредност.
Сакав да бидам малку поскромен, макар да и нереално поскромен :)

Минатата недела приметив дека има има едно ново, освежително поскапување по маркетите...
Сето тоа по малку, дневно неприметно, месечно уау...:toe:, контра податоците каде цените се намалуваат -weird.
Заради тоа и оној просек плата е само бројка. Битна е куповната моќ, која зависи од примања (пријавени и непријавени, даночени или не), трошоци на живот, пораст на цени на мало. Просечната плата и потрошувачка кошница се онака, више ради тешење на граѓаните.

Страшно тешко за тие што доаѓаат од страна на студии.
Оние кои доаѓаат на студии и работа не мора да земаат станови каде се кириите најскапи. Има делови од градот каде е доста поефтино. Има разлика од Ѓорче, Чаир, Железара до Центар, Водно, Тафталиџе. Не ги знам сега точно бројките, но порано додека ги следев цените, така беше.
 
Цените на кириите надвор од централното градско подрачје се поевтини, ама за да може да ги заврши своите обрски до центар потребни се повторно финансиски средства за превоз кои варираат во зависност од потребите, што во превод би му дошло тука негде со цената на киријата за стан во центар + губење време и живци за превоз.
 
Од аспект на 14 годишно дете:
* За чипсови,сладоледи и други работи од тој тип преку 2000 сигурно.
Се на се,скоро се што сум побарала сум добила,неможам да се пожалам од тоа.
Од невозможно возможно ми правела мајка ми,ја жалам колку само ја трошам...:kesa:

Пошто и ја сум 14 години се согласувам со ова само ќе надополнам уште 1000денари пошто сум ненајаден.:kesa:
 
Нормална живеачка: каде и за кого? Можеби, во некоја развиена западно европска држава.
Ова е Македонија. Третина од популацијата е невработена. Ние сме само една сиромашка државичка на Балканот. И плус, ко што кажа еден аналитичар: продуктивни сме како африканци, а трошиме како Германци. И кога веќе збориме за луксуз: официјално, да се има кола во МК е луксуз, зошто државата наметнува данок на луксуз (акцизи) на овој продукт. Па сеа ти види. Фактички, твојот животен стил е релативно висок, луксузен за голем дел од Македонците. Повеќето немаат пари за сево ова: „да ручам во кафана,да испаднам да прошетам да си купам сладолед,некое млеко за тело,парфем,кино,некоја книга,сакам на викенд да отидам,да си купам парче облека,да се начукам како човек на некоја свирка,да имам за на одмор летно време,зимување,да им купам на внуците играчка,да ги прошетам,да купам некому поклон...“

Зарем не виде дека тоа е во делот плус кој ни јас самата неможам да си го дозволам,а го посакувам бидејќи тоа е нормален живот кој требаше да го имаме сите во земјава.Моите трошоци во Скопје без кола се над 20 000 денари,без при тоа да ручам во ресторан,туку купувам кифла која овде чини 40 денари,за разлика од Велес каде чини 15 денари.Немам кола во Скопје,што значи имам трошоци за пат кој ги анулирам со „пешки“. Не купувам 100 пара чевли и не фрлам пари за непотребни работи,ниту за шминки.Живеам на земја и верувам дека сето она што го набројав во делот плус треба да го имаме,а не да мислиме дека е луксуз како што денес мислиме.Срамота е да немаме пари за карта во кино или играчка за внуците,тоа е најболното во нашата држава.
 
Пак ќе речам вие немате видено С од сиромаштија, богати газловци.
Во нормален живот сметаат одмор во Грција, кола на кредит, 100 евра за кафани, 100 евра за дискотеки, секој викенд надвор од градот, алал да ви е.:nenene:
 
Јас дојдов до заклучок дека овде на темава се изјаснија само хипер богаташи.
Овде во Велес најголем број од мажите возат такси, а жените шијат во конфекции.
Една просечна Велешка плата е 8.000 денари.
А вас Скопјани 8.000 не ви стигнуваат само за кафани и дискотеки.
Кај нас за богаташи ги сметаат тие што одат на одмор во Охрид. А пак недај боже некој да замине преку границите, или пак на зимување:tapp:, Шпанско село, зимување само на сон. Овде никој не троши 4.000 за бензин, 5.000 за кафани, 6.000 за гардероба итн.
Некој спомна 1.000 евра потребни за нормален живот. Па ти другарче незнаеш што е сиромаштија. Со 1.000 евра би си дозволил кредит за кола од 300 евра.
Ти знеаш дека има луѓе што во фрижидерпт имаат само маргарин.
Јас кратко ќе кажам дека за нормален живот во Македонија потребни се 300 евра.
Ма немој некој да ми каже дека во нормален живот спаѓа 10.000 месечно за дискотеки и кафани, со тие пари треба да се прејадеш како свиња и да се опиеш како магаре.

А кој спомна сиромаштија реков дека се доволно за нормален живот, нормален живот е според мене да можеш барем да заминеш летово на одмор некаде еве во Охрид пример, и гледам викаш за нормален живот се доволни само 300 евра е од кај ќе биде нормално кога само 300/400 евра одат ако имаш во фамилија некој на факултет месечно за стан/храна/ а да не зборуваме што се плаќа на почеток на година 700 и нешто евра .. ти кога со 300 евра месечно ќе заштедиш за факултет и слично тогаш ти давам рака.
 
Пак ќе речам вие немате видено С од сиромаштија, богати газловци.

???

Кога веќе сите отидовте оф-топик, еве и јас:nesum:
бидејќи се запишав на ЕУРМ, значи ќе ми треба стан во Центар, како се движат таму цените, сакам станот да биде оддалечен од факултетот најмногу 30 минути пешачење. И примаат ли во студентски домово студенти од приватни универзитети?
Како се движат таму цените и колку е оддалеченен најблискиот до ЕУРМ?
:nenene:
 
Можеш веќе да ми дадеш рака:pipi:јас плаќам 2.000 на почеток на година.
Сакам да нагласам дека не зборувам за мене, туку за мнозинството семејства:salut:
 
Нормален живот е правилна исхрана, просечна облека, пари за скромен одмор еднаш годишно и секако за школување на децата...
Е сега со добар куќен менаџмент сигурно може да се помине многу поевтино...
Според мене најмногу може да се штеди на телефон, кола и храна...
Овде некој пишуват дека за еден човек трошат 1000 денари или 16 евра месечно само за телефон што секако е луксуз и навистина безпотребно, ако нешто навистина во денешно време е потребно тогаш тоа е интернетот и мислам дека е сосема доволен за комуникација...Значи според мене 4 члено семејство не би требало да дава повеќе од 20 евра за телефон...
Потоа Бензин, никако не ми иде во глава нашиот менталитет за секоја ситница да ја палиме колата...Меѓутоа тука најмногу ги обвинувам градските власти кои многу малку прават за зголемување на свеста кај граганите за возење на велосипеди, секкао тука влегуват и лошите патеки како и бесплатното движење со автомобил во централното градско подрачје...Значи како и да свртиш 6000 денари за бензин се премногу пари...И незнам што ни е филмот со автомобилите , ама на запад автомобилот се користи само тогаш кога мора и сосема е „ин„ да се вози со градски превоз или велосипед...
Потоа храна, и тука има многу простор за штедење , секако треба да се научиме да готвиме здрава храна , место да јадеме замрзнати пици...
На крај заклучок е дека горе наведените суми имат простор за редуцирање, потребна е само малечка промена на навиките и избегнување на непотребните трошоци...
И да ќе заборавев, облека и шминки ова особено важи за девојчињата...
 
Можеш веќе да ми дадеш рака:pipi:јас плаќам 2.000 на почеток на година.
Сакам да нагласам дека не зборувам за мене, туку за мнозинството семејства:salut:

Може плаќаш 2000 евра на почеток на година ама сигурно немало да те пратат родителите ако зимаат месечно 300 евра плата, и викаш не се трошело 100 евра за колата, ти ако рачунаш само за низ градов арно викаш ама некои денеска минат и 100 километри за тоа, инаку секогаш било така кој како ќе си ја нареди, инаку како за мене ми се потребни ептен малку пари не трошам :smir:
 
Кога веќе сите отидовте оф-топик, еве и јас:nesum:
бидејќи се запишав на ЕУРМ, значи ќе ми треба стан во Центар, како се движат таму цените, сакам станот да биде оддалечен од факултетот најмногу 30 минути пешачење. И примаат ли во студентски домово студенти од приватни универзитети?
Како се движат таму цените и колку е оддалеченен најблискиот до ЕУРМ?

Пак ќе речам вие немате видено С од сиромаштија, богати газловци.
Во нормален живот сметаат одмор во Грција, кола на кредит, 100 евра за кафани, 100 евра за дискотеки, секој викенд надвор од градот, алал да ви е.:nenene:

Хахаха сам се конфротира за малку уште сам да си реплицира. А бре дерле додека се пењавиш и притресуваш со изливи од емпатија не ќе беше лошо да појдеш до бараките до Медицинар и да се пораспрашаш за смештај или пак да се запишеше во државна квота за да го побараш тој аскетски и гандиевски дух во тебе не мора да бараш стан во центар и да се запишуваш на факсови со партиципација колку еден нов мерцедес.
Се повеќе и повеќе хипокризија во општествово ама ќе му дојде крајот и на нив мора да се запри со ова лудило еднаш
 
Може плаќаш 2000 евра на почеток на година ама сигурно немало да те пратат родителите ако зимаат месечно 300 евра плата, и викаш не се трошело 100 евра за колата, ти ако рачунаш само за низ градов арно викаш ама некои денеска минат и 100 километри за тоа, инаку секогаш било така кој како ќе си ја нареди, инаку како за мене ми се потребни ептен малку пари не трошам :smir:
Стоп, чекај, размисли одново.
Зборуваме за приварни потреби, секој ден по 100 километри можеби поминува некој за деловни потреби, а не за до маркет, за до кај пријателите или роднините, за на кафе до град и слично.
Јас знам случаеви каде што сметката на мобилен е секој месец 200 евра, ама за деловни потреби, а не 200 евра за разговор со домашните и пријателите.

Хахаха сам се конфротира за малку уште сам да си реплицира. А бре дерле додека се пењавиш и притресуваш со изливи од емпатија не ќе беше лошо да појдеш до бараките до Медицинар и да се пораспрашаш за смештај или пак да се запишеше во државна квота за да го побараш тој аскетски и гандиевски дух во тебе не мора да бараш стан во центар и да се запишуваш на факсови со партиципација колку еден нов мерцедес.
Се повеќе и повеќе хипокризија во општествово ама ќе му дојде крајот и на нив мора да се запри со ова лудило еднаш
Веќе нагласив дека зборувам за мнозинството семејства, а не лично за мене:salut:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom