Колку пари ви се неопходни месечно ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
Еве, сега да се покажете, па и донирањето дури и 1000ден. месечно нема да ви биде страшно на тие суми кои ги кажувате.

Lurtz, тебе те разбирам, како и што го поштувам мислењето на ogledalo, вие сте родители и вашите трошоци се сепак најнормални во однос на "децава" кои изгледа се премногу во филм влезени од што мама и тато со бекутан ги мачкаат откако ќе ги забришат после нужда #2.
 
Да, не е се така како што... едно е сингл, друго е у јато, имаш право :)
А ако ми текне дека пред 20-25 години идевме на одмор во Градиште, ловевме желки за ручек, збиравме шишиња за кауција (со тоа може да се мине и цела недела плус), се прекачувавме на диво кај ќе стигневме-диска, клубови, спиевме по плажи и грмушки... со многу мали пари се задоволувавме. За денешно време чудно мали. Она нелегалното не го спомињам, не се важи во муабетов.
Но сепак ја сум у друг филм, семеен, па гледам од тој аспект, можда затоа и дошло до недоразбирање :smir:
 
Па hebocig, во државава има доста богати луѓе, нормално е дека нивните потреби се поголеми. Ко и секој човек колку повише пара се има толку повеќе се троши.

Но според мене, мислам дека 500 € треба да биде минимална плата. Еве на пример за време СФРЈ платите се движеа над 1000 марки, но животот беше многу поефтин. Фиксен телефон имаа сите, можеа да го платат. Бензинот беше поефтин минимум едно 50%. Струјата исто така, лебот млекото и остало беше минимум за 30% поефтино. Цените по кафичите и кафаните исто така 50% поефтини. И мислам дека е срамно тоа што и после 20 години неможеме да го достигнеме нашиот зенит.
Батка не мешај социјализам со капитализам. Кај нас лугето уште викаат: Што не отворат фабрики? Еее тоа време поминало, си одлучил да живееш со волците а ти си само кротко јагне(не мислам на тебе).

За болдов ја мислам дека поубаво би било да биде просечна плата како и во германија, ама само сонуваме, и што е најлошо ништо не правиме за да го претвориме во јаве.

А инаку требаат 500 еура за пристоен живот барем во Македонија.
 
Па hebocig, во државава има доста богати луѓе, нормално е дека нивните потреби се поголеми. Ко и секој човек колку повише пара се има толку повеќе се троши.

Но според мене, мислам дека 500 € треба да биде минимална плата. Еве на пример за време СФРЈ платите се движеа над 1000 марки, но животот беше многу поефтин. Фиксен телефон имаа сите, можеа да го платат. Бензинот беше поефтин минимум едно 50%. Струјата исто така, лебот млекото и остало беше минимум за 30% поефтино. Цените по кафичите и кафаните исто така 50% поефтини. И мислам дека е срамно тоа што и после 20 години неможеме да го достигнеме нашиот зенит.
Минималната плата не се определа от това,колко ние сакаме да е.Много е битно,дали икономиката и бизнеса можат да си ja дозволат тази плата.
Да секогаш граганите ке сакат поголема и поголема,но е битно да се наjде баланс между саканиjaта. 500 евро минимална плата е премного.Икономиката нема да издржи,а и 95% от бизнеса ке иде во сивата икономика со таква минимална плата.
 
Работата е што овие што пишале толкави суми, уствари сонуваат за нив. Срамота е, ко што кажа hebocig, да пишувате такви огромни суми. И ако имате стварно толкав буџет и толку многу трошите, кај сте во темите за кај треба да се донира за некои што стварно им треба помош?

(штама)
Тука сум не пишувам на темава затоа што друг се грижи за сметки, како група т.е. фамилија ги имаме тие пари, ама не трошиме толку многу затоа што знаеме што е сиромаштија :toe:.
 
Пошо никој од „кукачите на сиромаштијата во која живеат“ не одговори ајде јас ќе напраам една анализа за тоа колку трошам...


Стан = 3000 дкк
Месечна = 320 дкк
Храна = 400 дкк
Интернет = 300 дкк
Телефон = 500 дкк
Излегување = 500 дкк
Облека = ~500 дкк
Останато = 500 дкк

сума сумарум 6020 дкк = 48.160 денари

Бре во Данска поскромно се живеело од Македонија :nesum:

Pere 400 дкк*8=3200 денари, тоа значи дневно во Данска трошиш само 100 денари за јадење?
 
Бензин 1 000
Мобилен 500 ден
Кладилница околу 3 000
Јадење надвор од дома 1 000
Други трошоци 1 000
тоа би дошло од прилика преку целата год шо трошам сега не трошам оволку зошо не играм кладилница а и ретко јадам надвор од дома
 
Ај ке пробам да сумирам:

кредит за стан 28 000
Моб за мене и жена ми 3320
Вода и ѓубре 1200
Струја просек 3000
Интернет и ТВ 850
Бензин 6000
Целодневна настава и ужинка за големиот 2300
Градинка за малиот 4600
Храна просек 24000 месечно


Туу веке дојдовме до 73150.. а тука не се вклучени книги и осталу глупосто потребни за почеток на школска година, екскурзии и друг рекет што ми мава МОН и школото, нов пар кондури секој 2-3 месеца за децава пошто нозете им растат ко трева после дожд итн итн итн.

Така да, искрено коса на глава ми се дига кога ке чујам дека некој пилиштар зима 15 000 од мама и тато и ги спиздува лево-десно.


Офф топик: Големиот син почна да ми бара пари, ама не му давам додека не сработи нешто, па макар тоа било и да го фрла ѓубрето во корпа у двор секоја вечер или да ја полива тревата. Ја парите не ги берам на дрво и само ја знам колку р'мбам за да ги обезбедам
 
Само едно ќе речам - Секој троши колку што има. Ова го зборувам од лично искуство. Имаше периоди кога вработен беше само татко ми и едвај врзувавме крај со крај. Сега работат брат ми и мајка ми, јас земам стипендија ,татко ми е технолошки вишок зема некој денар месечно и пак на крајот од месецот испаѓа дека врзуваме крај со крај, иако приливот на пари сега во споредба со претходно е неспоредлив. Поради претходно наведеното не сум во состојба да одредам колку пари ми се потребни за еден месец. Пак ќе речам, сите трошиме колку што имаме.:toe:
 
Еве, сега да се покажете, па и донирањето дури и 1000ден. месечно нема да ви биде страшно на тие суми кои ги кажувате.

Lurtz, тебе те разбирам, како и што го поштувам мислењето на ogledalo, вие сте родители и вашите трошоци се сепак најнормални во однос на "децава" кои изгледа се премногу во филм влезени од што мама и тато со бекутан ги мачкаат откако ќе ги забришат после нужда #2.

И што е разликата од мислењата на ogledalo и Lurtz за разлика од другите, кога сите зборат за 3/4 члено семејство колку трошат.
 
И што е разликата од мислењата на ogledalo и Lurtz за разлика од другите, кога сите зборат за 3/4 члено семејство колку трошат.

Peter, он и жена му. Pere, сам. Ете, The Blob само за кола троши 18000, Аrmin06 мислам збори само за него, Zevsus исто така.

Машала машала.
 
И што е разликата од мислењата на ogledalo и Lurtz за разлика од другите, кога сите зборат за 3/4 члено семејство колку трошат.
jas zboruvam vo mojata analiza od vkupno okolu 500-600 evra so vlagaat mesecno kaj mene doma, kako gi raspredeluvam i so tie edvaj prezivuvam..znaci neam odmori, mema jadewepo kafeani..koga imam slava doma pola mesec se pisam posle vo malski dukjan..koga treba da kupam drva za preku zima kasnam na rati na krediti i slicno.
zemav detski dodaok od drzava do lani..iznesuvase 600 denari mesecno )))
 
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=41421
Lurtz, тебе те разбирам, како и што го поштувам мислењето на ogledalo, вие сте родители и вашите трошоци се сепак најнормални во однос на "децава" кои изгледа се премногу во филм влезени од што мама и тато со бекутан ги мачкаат откако ќе ги забришат после нужда #2.
...
Peter, он и жена му. Pere, сам. Ете, The Blob само за кола троши 18000, Аrmin06 мислам збори само за него, Zevsus исто така.

Машала машала.
Можеби не те имам разбрано или во погрешен контекст ги имам ставено твоите коментари. Јас ги пишав моите месечни трошоци, трошоци кои ги подмирувам САМ, со пари кои самиот ги заработувам, без никаква помош од родителот. :smir:
 
mesecno
internet i kablovska 950
struja 2000
za 4 macki hrana 1000
за папагалите 180
за јадење треба храна сваког дана појма неам треба јемиш секој ден салати
среќа шо Господ ми праќа на картица иначе од каде???
 
Јас мислам дека сите тука што се испофалија дека трошат „многу“...вода во очите немаат.....Она со што будалата се фали.... паметниот се срами..

Насловот на темата е „Колку пари ви се неопходни месечно“ а не „Колку трошите или штедите месечно“......многумина форумџии ја промашиле темата...сакајќи да ги истакнат своите љубовни чувства кон најголемата курва.....Парата.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom