Кирија,струја,парно,вода,чистачка,кабелска и интернет 10 000.
Храна,некоја пијачка во слободно време и чат пат кафе 10 000.
Цигари,кафе и сок за дома без кој неможе да се замисли животот 3 000.
Телефон 1 000 денари.
24 000 денари за скромен живот,ако одиш пешки низ Скопје,ако не купуваш облека,ако не искачаш навечер по дискотеки.Значи чисто преживување,луксуз е само интернетот кој денес е потреба.Ова за една особа,замисли да имам и деца,од што би ги ранела.Среќа просекот го дигаат па немам гајле за иднина:kajg:
Плус сакам да ручам во кафана,да испаднам да прошетам да си купам сладолед,некое млеко за тело,парфем,кино,некоја книга,сакам на викенд да отидам,да си купам парче облека,да се начукам како човек на некоја свирка,да имам за на одмор летно време,зимување,да им купам на внуците играчка,да ги прошетам,да купам некому поклон...Ова би требало да е нормален живот,но еве ќе го класифицирам во луксуз.