Колку пари ви се неопходни месечно ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
На ова место уште еднаш се потврдува феноменот Македонец...
Трошкови 30.000 денари плата 15.000 денари...
Никогаш ама никогаш не ми било јасно од каде тој + од 15 илјадарки секој месец...
350.000 невработени, аранжманите за одмор пополнити, во дискотеките врие цело лето, а народот облечен како никаде во Европа....
Навистина јас не ја знам формулата....како и да е овој феномен не држи во живот и отпорни сме на се...А криза???
Дали некој во МК почуствува дека во светот има криза???
Неверувам...

Па на Кајгана има 31 000 членови. Има значи уште 2 000 000 жители кој неможат да си кажат колку им треба и колку имаат :tv:
 
Според мене некои 1000 до 1500 евра месечно е добра сума за едно семејство да живее нормален живот. Да не биде оштетен од ништо, да може и да се облечат сите и да имаат богата трпеза. Да можат да одат на летен, па и зимски одмор. Да не мислат дали ако сега седнат во ресторан, утре ќе имаат леб да купат. Да може и кола да се вози, без да се третира како луксуз.
Јас лично неможам да израчунам колку сама трошам, додека имам уживам.
 
Тоа реално гледано, е upper middle, ако не и high class во Македонија.
Ја би рекол 600 - 700 евриња се сосема доволни за еден пристоен живот.
 
Тоа реално гледано, е upper middle, ако не и high class во Македонија.
Ја би рекол 600 - 700 евриња се сосема доволни за еден пристоен живот.
Не велам дека со 600-700 неможе пристоен живот да се има.. ама зборувам за да се живее без стегање за работи кои ни требаат, не за луксузот за него се знае колку многу треба :=)
 
Преку 1.000 евра месечно е сосема доволна сума според мене за нормален живот да не се стегаш и секако да не трошиш премногу зошто нема шанси да ти стаса, само дада за факултет влече 300/350 па и повеќе евра месечно после уште 100 евра најмалку за телефон, интернет, телевизија, комуналии, уште 150 најмалку за одржување на колата и бензин, за храна треба бајги најмалку 250 евра и облека одприлика 100 евра и толку ќе испадне.
 
Не велам дека со 600-700 неможе пристоен живот да се има.. ама зборувам за да се живее без стегање за работи кои ни требаат, не за луксузот за него се знае колку многу треба :=)

Епа што точно ти „треба“? 14 пара кондури, фенди торбици, ручеци во ресторани 10 пати во месецот....
Ова е прашање на стандард. Како што кажав, Македонија е сиромашна држава, а под тоа подразбирам има полно сиромашни луѓе, кои не виделе со очи како изгледаат 1000 - 1500 евра, па камоли да ги потрошат за еден месец. Сеа, јас, фала богу, не сум сиромашен, ама имам во околина другари кои живеат со 400 евра цело семејство. Има луѓе што преживуваат и со помалку. Ако едно семејство добива се што ќе посака, ја нив ги рачунам за богати.
 
Многу зависи и во кој град живеете.
Во Струмица се потребни многу помалку средства одколку во Скопје.А во Струмичките села каде што лугето имат градини , одгледуват по некоја кокошка и прасенце потребни се многу малку пари. Дедо ми и баба ми живеат на село со 200 евра пензија и не се жалат...За јадење и пиење има доволно...
Секако со 200 евра е незамисливо да се преживее во Скопје...
Затоа ако 1000 евра се доволни во СК во Струмица се живее и со 600 евра...
 
Јас дојдов до заклучок дека овде на темава се изјаснија само хипер богаташи.
Овде во Велес најголем број од мажите возат такси, а жените шијат во конфекции.
Една просечна Велешка плата е 8.000 денари.
А вас Скопјани 8.000 не ви стигнуваат само за кафани и дискотеки.
Кај нас за богаташи ги сметаат тие што одат на одмор во Охрид. А пак недај боже некој да замине преку границите, или пак на зимување:tapp:, Шпанско село, зимување само на сон. Овде никој не троши 4.000 за бензин, 5.000 за кафани, 6.000 за гардероба итн.
Некој спомна 1.000 евра потребни за нормален живот. Па ти другарче незнаеш што е сиромаштија. Со 1.000 евра би си дозволил кредит за кола од 300 евра.
Ти знеаш дека има луѓе што во фрижидерпт имаат само маргарин.
Јас кратко ќе кажам дека за нормален живот во Македонија потребни се 300 евра.
Ма немој некој да ми каже дека во нормален живот спаѓа 10.000 месечно за дискотеки и кафани, со тие пари треба да се прејадеш како свиња и да се опиеш како магаре.
 
Најреалниот пост што го прочитав на оваа тема, реален поглед на животот на едно македонско семејство. Браво, ти симнувам капа на искреноста :salut:

А за сите други што постиравте тука, ако навистина располагате со толкави суми, браво, ви посакувам и да ви се удвојат тие примања.

Ајде сега и мојата сметка ( за една скромна живеачка за 3 члено семејство)
-2000 за вода, струја, интернет, фиксен
-6000 за јадење
-2500 за огрев
-2000 за сретства за хигиена
-2500 непредвидени трошоци

Значи со 15 000 денари може да се преживее, да се имаат основните нешта кои се потребни. Е сега нема пари за излегување, кафани и сите разни додатни трошоци, нема пијанчење по кафичи и правење фраер.

А сега малку онтопик. Мене искрено месечно дури и 2000 денари ми се многу, кога сум си дома.Јадење,стан не се плаќа, само за излегување во град се дури и многу
 
Абе сеа да...али на кој му се може...зошто да не си пружи луксуз,ја лично пошто учам во моментот све ми е покриено од моите а месечно за мои потреби трошам некаде околу 100 евра само за искачање...не возам ништо во моменот и доволно ми се.Али сепак не заработувам ја пари па за да зборам.
 
Неможам да кажам колку ми се сметките за струја и вода зашто не ни знам колку се. Обично ако се прекорачи нешто одма ми кажуваат, тоа беше порано за телефон сега само за искачања. Мојата надпросечна македонска плата хехе ми е доволна за шопинг и искачање. Бензин знам дека 1000 денари ми иде неделно у просек, ама често знае да иде и над тоа. Мислам дека 2 македонски плати од по 26-7 илјади денари се сосема доволни за 4 члено семејство, само треба да се земе во предвид какво семејство, дали децата се уште мали и има трошоци околу памперси или се на факултет што и тука треба секој семестар да се издвојат пари за школарина.
 
за финансиите на план на моето 4члено семејство неможам да дадам детален одговор од причина што не сум запознаен целосно, сепак алал вера на татко ми, кој ми пружа одлични услови за живот, притоа не сум лишен од ништо што ме исполнува.
ќе се задржам на прашањето на идниот студент, гледам суми кои мене ми се чинат прилично високи, но мислам дека не треба да се заплашува човекот во врска со финансиите, така што ќе ги спорам оние 300-350 евра, како и онаа минималната одвај-за-живот граница од 15.000 ден.
да напоменам дека не сум трошач, барем за таков се сметам, па следните податоци нека служат објективно и нека дават претстава за просечен студент кој не бара многу.
станот игра многу важна улога, локацијата посебно. под претпоставка дека студентот ќе се запишува на универзитетот Кирил и Методиј, во зградите кај Автокоманда / Гази Баба, спроти Основен суд. зборам за филолошки/економски/правен , информатика/хемија/биохемија, шумарски/земјоделски, студентот ќе бара стан во Аеродром ( каде поминав одлична прва студентска година ), Автокоманда, или Центар, попрецизно околу Влада на РМ / спроти Плоштад.
ќе го конкретизирам одговорот со моите месечни трошоци, кој иако не беа лимитирани од страна на моите, сепак не помнам да потрошив над 10.000 денари месечно. имено, платата на мајка ми која ја добива преку картичка е заокружена на 10.500 денари, која целосно е префрлена на мојата. оваа година, мојот стан (воени кули, тобако 2, Аеродром) кошташе 200 евра, 4 цимери по 50 евра. 76 квадратни метри, парно греење, од кои 45 плаќавме на Топлификација, додека остатокот беше топлено со радијатори поставени од станарот.
лично ми требаа околу 25/30 минути да стигнам до факс (економски) но знаејќи се самиот дека имам бавен од, 15ина минути се оптимални со нормален/полубрз од.
значи:
- 3000 ден. кирија
- 1500+- ден. сметки ( парно, вода, струја, кабелска, интернет )
- 2000 ден. за бонови од СД Стив (4000 бонови) кои ме издржуваа некојси 20ина дена, + пакети од дома 2пати месечно, за храна сосем доволни
- 1800 ден. за враќање дома, 2пати месечно, 450 ден. карта во 1 правец
- 2000+- ден. остаток за останати трошоци, ретко кога излез во град, теретана, голема гурманска од лесковачка <3 . главно парите се трошеа на алкохол, еднаш во неделата, петок најчесто, ќе се издуваш, голем фан на македонско црвено вино (150 денари / 3 литри) со бонго-кола (25 денари / 2 литри).. постудентска алкос-комбинација здравје.
некојси 10.000 денари ми беа сосем доволни оваа година за добар живот во Скопје, од се' имаше по нешто, одлични цимери, пиенки, утакмици фудбал/кошарка, забележете дека обожавам да пешачам, дали се качив 5 пати на градски автобус годинава. со ефективно алоцирање на средствата, мислам дека нема да има никакви финансиски проблеми, сепак тоа е во природата на самиот студент и склоноста кон трошење.

догодина здравје боже влегувам во СД Стив, каде киријата изнесува 3250 ден. со платени сметки и вклучени 4000 бонови за исхрана.. башка воведени се и повратни карти за дома, 630 ден. во 2 правци .. верувам дека уште повеќе ќе се намалат трошоците.
 
Се изначитав се и баш ми беше занимливо:pipi:ајде да си кажам јас колку трошам како студент:обично ми даваат 6000 илјади за две недели или 12 000 месечно тука не го вклучувам патот за автобуска карта стан не плаќам оти си имам свој ама не сум скратена баш од ништо и неможам да се пожалам воглавно парите ми леткаат најного на такси,шетањеи на јадење.Некогаш м исе случува кога сум во колоквиумска недела едвај да потрошам 1000 денари.Со значи мислам дека сум една златна средина.
 
Од аспект на 14 годишно дете:
* За чипсови,сладоледи и други работи од тој тип преку 2000 сигурно.
Се на се,скоро се што сум побарала сум добила,неможам да се пожалам од тоа.
Од невозможно возможно ми правела мајка ми,ја жалам колку само ја трошам...:kesa:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom