Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    624
Со животни нема играње, поготово со нивниот животински инстинкт. Се знае кои единки имаат највисоко ниво на свест, луѓето, но тие сепак во афект прават неконтролирани работи. И моето е дресирано ама го фаќаат будалите од време на време :црвен:
 
Зашо да се успиваат ако се здрави и не напагаат луге ???
Повекето кучиња скитници се плашат од лугето и бегаат,па има илјада и еден начин да се реши тој проблем,а најлесен и наједноставен би бил како во Америка,многу ми се допага таа идеја и баш би сакал тука да се исполни (убаво е да сонувам за работи што тука не може да се остварат) !!

Значи има специјална полиција таму која се грижи за животните,без разлика дали се скитници или домашни миленичиња,се грижат за нивното добро.Има и емисија на Дискавери Анимал,се надевам имате гледано барем некоја епизода од неа,ептен е добра...кучињата скитници ги прибираат во пансиони,ако на кучето му е лошо,повредено е нешто,го лечат одма пошо пансионот е опремен со најразновидна опрем.Кога кучето или кое и да е животно ке се оправи,доагаат луге што сакаат да го земат и да го чуваат,се разбира кучето пред тоа е дресирано од специјилазирани луге за дресура.
Тука кај нас ако успее ова идеја,јас на сред Камени мост ке се клањам !!
 
Воопшто не ме интересира кој е виновен за состојбата.
Повеќе од јасно е дека им секакви шупаци кои ги оставаат своите кучиња или нивните кутриња на улица кога ќе им скурчат.
Тоа кое ме интересира и за кое се залагам е да нема воопшто кучиња кои слободно ќе се шетаат по улици.
Не знам што е тоа толку тешко за разбирање.
Кучињата не се луѓе па нивното дејство врз некого да резултира со тужба.
За да ви влезе подобро во глава, разберете дека ако човек нападне друг човек може да биде судски и кривично гонет за тоа.
Како ќе тужите куче за напад или не мора напад за тоа што од радост ми ги извалкало панталоните или ме направило да се почуствувам загрозен.
Не знам како е можно да не контате дека кучињата не може да бидат оставени сами на себе.
Кучињата мора да бидат под нечија одговорност. Ако мене куче ми се с`сне или ме нападне јас треба да можам да поведам постапка против оној кој е одговорен за тоа куче.
Кого да тужам за евентуален напад или неадекватно однесување на куче скитник? Градот?
Тоа кое е важно и кое мора да се спроведе е отстранување на сите кучиња бездомници од населените места и казна за сите оние сопственици на кучиња кои истите ги пуштаат слободни без ланец да трчаат наоколу.
Ова се најосновни, најбазични предуслови, кои не знам зошто не можете да ги восприемете.
Уште еднаш. Куче без стопан не смее да постои.
Дали ќе ги убиваат, дали ќе ги затвараат воопшто не е важно.
Тоа кое е важно е да ги нема во човечката околина.

Јас се обидувам да се „сконтам“ ама богаи тешко ми иде. Ретко во мојата околина сретнувам луѓе без основни чувства за животинскиот свет околу нив. Едно нешто треба да се обидеш да сватиш, а тоа е дека Ти (луѓето) не се господари на земјата планета. Ние неа ја делиме заедно со целиот животински и растителен свет. Дождовните шуми полека изчезнуваат токму заради размислувања од твојот тип-ништо не ме интересира решите ми го проблемот. Често пати прифаќам различни мислења но твоето мисење кое е всушност твоја лична желба заради претпоставувам одредени фрустрации, неможам да го прифатам. Се надевам дека оние кој треба да го решат овој проблем не размислуваат како тебе.
 
Кого да тужам за евентуален напад или неадекватно однесување на куче скитник? Градот?

Имаше еден случај во Македонија со медар што ја тужеше мечката (државата- пошто мечките се заштитени со закон) која му уништила дваесетина сандуци за пчели.
Човекот го доби случајот му ја исплатија оштетата (околу две илјади евра).

За кучињава јас сум за безболната солуција-стерилизација.
 
Јас се обидувам да се „сконтам“ ама богаи тешко ми иде. Ретко во мојата околина сретнувам луѓе без основни чувства за животинскиот свет околу нив. Едно нешто треба да се обидеш да сватиш, а тоа е дека Ти (луѓето) не се господари на земјата планета. Ние неа ја делиме заедно со целиот животински и растителен свет. Дождовните шуми полека изчезнуваат токму заради размислувања од твојот тип-ништо не ме интересира решите ми го проблемот. Често пати прифаќам различни мислења но твоето мисење кое е всушност твоја лична желба заради претпоставувам одредени фрустрации, неможам да го прифатам. Се надевам дека оние кој треба да го решат овој проблем не размислуваат како тебе.

Ме здоболе мене за планетата земја, она кое го барам(и ќе го добијам) е да не гледам џукели наоколу.
 
Ме здоболе мене за планетата земја, она кое го барам(и ќе го добијам) е да не гледам џукели наоколу.

Па земи бе друже калаш од Бит пазар и почни убивај го секое куче што ке ти се најде на пат :toe:
 
Е не може така друже.
Сега ќе ти објаснам зашто не си во право тука. Значи ти тоа што го тврдиш е слично со некој да тврди дека "сака да шета наоколу со калашников, нема да го употреби врз други, верувајте му".

Еве, ти се знаеш самиот и твоето куче, али јас од каде да те знам, па да дозволам да шета твојот булдог до мене или сестра ми, на пример?

Дали ако некој непознат во парк ти рече "Верувај ми, тренирано ми е кучето" и ти ќе ја пуштиш ќерка ти (да речеме хипотетички) да си игра во такво окружување?
Си има лимити, не гледајте само од себе, помисли малце што бараш прво. Не е исто мачка со куче, си има опасност, а кога веќе ќе се направи штетата, касно е. Затоа, подобра е превенција, а минимум да биде да шетаат такви поопасни кучиња со маски. Што и мислам веќе е пракса/закон, како и да му доаѓа.

Ако идеме така, ај ја да отидам во банка со калаш и да им речам "Верувајте ми, нема да го искористам калашот."

Знаеш ли колку случаеви имало кога опасните кучиња носат маски,а некое од оние мирните и убавите и семејните(златен ретривер) кое се разбира дека не е опасно го напаѓа?Еден пит бул увото му го снема и за малце око ќе немаше пошто беше на маска кога едно од тие мирните го нападна?

Ќе го носам на маска и на градник кога во парк сите ќе ги шетаат така.Гледам пуштени добермани во парк,хаски ретривери...Мене еднаш ми го нападнаа кучето два добермани,што ќе беше ако носеше маска?Среќа има време да го извадам од поводник.
 
А што со ова ми докажа нешто сеа? :)

Само докажа дека не треба ниедно куче без маска и пуштено. Не те сфаќам сеа, ти уствари го носиш зашто така треба, или зашто опасно е за самото куче со маска да оди?
 
Јас го носам без поводник за места каде што ни се познати мене и на неа.Според мене маска кучето треба да носи само за да не се затруе.Имам дома маска,ќе и ја ставам само кога сите други кучиња ќе носат маска пошто е опасно за неа ако носи маска.
 
Ваше мислење:
* не, сакам да се вратат на улица
* да, сакам побрзо да се реши проблемот

Сите тие хумани души4ки, нека ми образложат, како им помагаат што гласале за првото?
Долга, ладна, гладна смрт во некоја уличка на -20 надвор, или топло „успивање“ ?

Бидете хумани. :'(
 
Работата е што не ги успиваат,ги прегладнуваат до смрт,и со ладна вода ги прскаат на ова време,ова е од сигурни извори човек што го гледал ова!Сега успивањето е најдобрата опција!
 
Па земи бе друже калаш од Бит пазар и почни убивај го секое куче што ке ти се најде на пат :toe:

Не, јас ќе се залагам оние кои ги плаќаме за тоа(шинтерите) да го направат тоа наместо мене.
Убава работа секој да си ја зема правдата во свои раце.
Јас очекувам од градот, од државата да ги отстрани сите кучиња од населените места.
Што ќе прави со нив, воопшто не ме интересира.
 
Работата е што не ги успиваат,ги прегладнуваат до смрт,и со ладна вода ги прскаат на ова време,ова е од сигурни извори човек што го гледал ова!Сега успивањето е најдобрата опција!

Девојка на еден другар на брат ми исто видела! Сигурни извори!

Не гледам поента. На -20 нема пак да умрат?
Или поинтересно е низ градот, по тротоарите да ги гледаме? Mawи, мртви, сwaткички.
Со шанса ширење и на некоја болест. :toe:
 
Не, јас ќе се залагам оние кои ги плаќаме за тоа(шинтерите) да го направат тоа наместо мене.
Убава работа секој да си ја зема правдата во свои раце.
Јас очекувам од градот, од државата да ги отстрани сите кучиња од населените места.
Што ќе прави со нив, воопшто не ме интересира.

Ги плакаме ??
-Немој не ме радуј бре,нема асални луге за таа работа сфакаш !!!

И јас очекувам од Гејција да не признае под уставното име,ама нема !!!

Убава работа е секој да си ја земе правдата во свој раце,но не ги гледаме последиците од истата...сакаш да кажеш дека тебе ти е страв од некое куче бездомник кое е мирно како буба да не помине покрај тебе,да те мирисне,или пак не сакаш да му дадеш малку леб,малку нега и љубов,па да ти врати со истото ???

Немој бе немој,убаво гласи поговорката--КУЧЕТО Е НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ НА ЧОВЕКОТ,ама изгледа ти не ја сфакаш...
 
Девојка на еден другар на брат ми исто видела! Сигурни извори!

Не гледам поента. На -20 нема пак да умрат?
Или поинтересно е низ градот, по тротоарите да ги гледаме? Mawи, мртви, сwaткички.
Со шанса ширење и на некоја болест. :toe:

Е да скапи се инекциите бавна и тешка смрт е најдобро решение.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom