Јасно ми е дека воопшто не е пријатно да те нападне глутница кучиња, нема дискусија. Но се обидувам да Ви кажам дека тие сами не се виновни за тоа, некое несовесно човече ги оставило на улица! Затоа велам не се решаваат работите со убивање, ајде ќе направиме акција ќе ги убиеме сега сите, но што кога веќе утре пак десетици ќе бидат на улица... Затоа пак ќе кажам собирање во стационар, лекување, стерилизација(иако лично сум против тоа) и вдомување или чување во стационар додека не си умрат САМИ.Е сега оној лош чичко што ќе го фатат како фрла кученце дебела глоба-барем за оваа Влада глобите е се проблем. Овде во оваа сакана државичка се лечат само последиците никој не ја лекува причината на проблемот-се е само маркетинг.
Воопшто не ме интересира кој е виновен за состојбата.
Повеќе од јасно е дека им секакви шупаци кои ги оставаат своите кучиња или нивните кутриња на улица кога ќе им скурчат.
Тоа кое ме интересира и за кое се залагам е да нема воопшто кучиња кои слободно ќе се шетаат по улици.
Не знам што е тоа толку тешко за разбирање.
Кучињата не се луѓе па нивното дејство врз некого да резултира со тужба.
За да ви влезе подобро во глава, разберете дека ако човек нападне друг човек може да биде судски и кривично гонет за тоа.
Како ќе тужите куче за напад или не мора напад за тоа што од радост ми ги извалкало панталоните или ме направило да се почуствувам загрозен.
Не знам како е можно да не контате дека кучињата не може да бидат оставени сами на себе.
Кучињата мора да бидат под нечија одговорност. Ако мене куче ми се с`сне или ме нападне јас треба да можам да поведам постапка против оној кој е одговорен за тоа куче.
Кого да тужам за евентуален напад или неадекватно однесување на куче скитник? Градот?
Тоа кое е важно и кое мора да се спроведе е отстранување на сите кучиња бездомници од населените места и казна за сите оние сопственици на кучиња кои истите ги пуштаат слободни без ланец да трчаат наоколу.
Ова се најосновни, најбазични предуслови, кои не знам зошто не можете да ги восприемете.
Уште еднаш. Куче без стопан не смее да постои.
Дали ќе ги убиваат, дали ќе ги затвараат воопшто не е важно.
Тоа кое е важно е да ги нема во човечката околина.