Горе доле ми ја сфати поентата (само јас немам пенис, не му кажувај на никој те молам, па и не го чувам моево ради курац) Ај ќе те молам прочитај го мојот прв пост на темава. Проблемот не е во МЕНЕ, фала, ни јас мојава не ја парам баш поради тоа што имам страв кај да ги дадам. кучињата. Проблемот е неедукација кај луѓето.
Е сега, ако ги убиеш ти сите кучиња на улица, тоа нема да го реши проблемот, пошто ти не дека нешто си ги едуцирал луѓево. Со самото тоа што тие го оставаат кучето на улица го осудуваат на смрт или на мачење ( а прашање е што е полошо), и свесни се за тоа.
Ама ако луѓево знаат повеќе за кучињата, барем тоа што го пишував горе кога дискутиравме со принц, ќе знаат дека убаво е да се посвои куче, и дека треба да знаеш да го чуваш и да знаеш да го одбереш кучето. Со тоа, прво ќе се посвојат кученцава по улици, и ќе се реши проблемот. Вака се врти во круг.
И само да ти кажам зошто нема жени на високи функции, случајно го учам тоа, тоа е генерално така зошто жената има неизбежно голема улога во семејството. А не пошто вие сте мажишта а ние плачеме кога ќе згазнеме мравка на улица.