Е не може така друже.
Сега ќе ти објаснам зашто не си во право тука. Значи ти тоа што го тврдиш е слично со некој да тврди дека "сака да шета наоколу со калашников, нема да го употреби врз други, верувајте му".
Еве, ти се знаеш самиот и твоето куче, али јас од каде да те знам, па да дозволам да шета твојот булдог до мене или сестра ми, на пример?
Дали ако некој непознат во парк ти рече "Верувај ми, тренирано ми е кучето" и ти ќе ја пуштиш ќерка ти (да речеме хипотетички) да си игра во такво окружување?
Си има лимити, не гледајте само од себе, помисли малце што бараш прво. Не е исто мачка со куче, си има опасност, а кога веќе ќе се направи штетата, касно е. Затоа, подобра е превенција, а минимум да биде да шетаат такви поопасни кучиња со маски. Што и мислам веќе е пракса/закон, како и да му доаѓа.
Ако идеме така, ај ја да отидам во банка со калаш и да им речам "Верувајте ми, нема да го искористам калашот."