Почивај во мир, Мајкл Џексон

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Ија, ме потресе веста. Последен пат вака дознав и за Хит Леџер (исто на форумов). Штета, беше но ќе остане музичка икона, што и да рекле другите за истото. RIP маестро:icon_frow

Песната со која го запознав како мал

:cuc:
 
Не го сакав многу, ама како и да е почивај во мир Џексон...:/
 
До сега најтешка вест која сум морал да ја објавам на сајтот... Светската музика загуби многу, посебно кога се подготвуваше досега невидена светска турнеја на Мајкл Џексон во О2 арената, над 200 000 влезници беа распродадени за големиот камбек.

Помалку судете за човекот, затоа што никогаш нема да знаеме што се случувало, единствено што со сигурност ќе знаеме е дека го прогонуваа и уништуваа таблоиди, магазини, медиуми, крвопијци кои живеат од несреќата на другите, а кога ја нема ја создаваат.

Она што треба да го запаметиме е музичкиот гениј на Мајкл Џексон, феномен кој жареше и палеше, ретко повторлива појава која можеби нема да ја видиме повторно во нашиот животен век. Во споредба со него, денешните музички ѕвезди се како мали деца кои залутале пред камера.

R.I.P. Michael.

 
Барем Концертите да ги имаше...

ВЕЧНА ТИ СЛАВА

Недостижен СИ!!!
 
RIP legendoo ke ostanes zapameten vo moeto srce kako prv pejac sto sum go slusnal kako pee:kesa:
 
RIP легендо
вечно ке живееш преку своите песни:cry:
 
Последно нешто што очекував да прочитам беше оваа вест.
Просто не ми се верува, иако не бев премногу голем обожавател на него како личност но сепак го почитував како пеач. Музичкиот свет многу рано го загуби овој великан, кралот на поп-музиката, тешко дека некој ќе успее да го доситигне.
Почивај во мир Мајкл Џексон...
 
Почина Кралот на поп музиката. Еден од најголемите шмекери на сите времиња.
Првата песна ко копиљ шо ја слушнав е Били Џин...додека мојата постара сестра ја пееше на цел глас у соба. А првиот спот шо го глеав беше Трилер!
....направи премногу во музиката и културата воопшто!
Р И П Легендо!
 
Почивај во мир Мајкл. Били Џин...смут крилинал, трилер...многу остави зад себе. Фала ти.
Легенда.
 
Заслужува да му се оддаде огромна почит...Секогаш беше и засекогаш ќе остане легенда со својата музика...R.I.P
 
Почивај во мир...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom