Почивај во мир, Мајкл Џексон

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми се верува, ама се повеќе е сигурно дека е починат. RIP...
 
Великану! Остана запаметен, премногу даде, премалку доби. Крал беше, крал ќе останиш, ремек-делата твој и правнуци мој ќе ги слушет. Горда сум шо живеев во твое време, ќе раскажвам на внуци! Лесна нека ти е земјата, нека ти помогне силата на љубовта на милиони срца на светов! Уште еднаш ќе речам, и ќе те омаловажам, Великану!

едит:
Something whispers in my ear and says
That you are not alone
For I am here with you
Though you're far away
I am here to stay
 
Гледам CNN во моментов, и пишува дека уште не потврдиле дека е починат, дека се наоѓа во UCLA Medical Centre, и дека новинарите не можеле да добијат било какви детали за тоа што се случува внатре. Баш сега гледам полицијата ги затвара улиците, а пред медикал центарот има стотици луѓе кои чекаат неизвесно. Сообраќајот е блокиран.
 
Се на се - официјално. Почивај во мир Крале. Пејачот кој меѓу првите го запознав како мал и му ги слушав песните како луд. Лесна ти земја Џеко...
 
Ме потресе веста. Нека почива во мир најголемиот, кралот на поп музиката Мајкл Џексон. Тоа како го живеел животот ама воопшто не ме интересира, тоа е за тие што немаат свој живот. Баш прееска ја слушав Били Џин :( Кој песни само ги има направено човеков!!!
 
Великану! Остана запаметен, премногу даде, премалку доби. Крал беше, крал ќе останиш, ремек-делата твој и правнуци мој ќе ги слушет. Горда сум шо живеев во твое време, ќе раскажвам на внуци! Лесна нека ти е земјата, нека ти помогне силата на љубовта на милиони срца на светов! Уште еднаш ќе речам, и ќе те омаловажам, Великану!

Каков е животов суров, не можам да се совземам
:cry::cry::cry::cry:
 
Штета!!!! Нека му е лесна земја , а на нас останува не да тажиме туку и понатаму да ги вртиме неговите песни, зашто за тоа и ги создаде!!!
 
Сеуште не ми се верува и сеуште во мене постои тронка надеж дека сево ова е за публицитет на трачарскиот сајт (ала Свет) , TMZ. Ама се повеќе и повеќе ја снемува таа надеж и ја сваќам реалноста. Многу луѓе израснаа со неговата музика. Дефинитивно беше најдобриот!



МЈ, почивај во мир. Засекогаш во нашите срца. :cry::cry::cry::cry::cry::cry::cry::cry:
 
Да ве потсетам... на темава не се дискутира за Мајкл Џексон. Покажете барем овде малку достоинство во овие моменти, и во овој конкретен случај (конкретниот случај е во насловот на темата). Ако не сакате да оставите по некој убав збор за покојниот (што е нормално во вакви ситуации), не сметајте ондак.
 
Почивај во мир легендо нема никогаш да бидеш заборавен :( :( :(
 
Го слушав, го поштував, го ценев.
Не.
Не..
Не...
Не....

Многу ми падна криво, еден од моите омилени пеачи ми беше, сите ме познаваа по тоа дека многу го сакам и слушам Мајкл Џексон.
Али јбг, само здраве.. животот е таков! Како е пишано, така ке се прочита.

РИП Мајкл Џексон (1959 - 2009)


едит: и ве молам не ги кажувајте неговите негативни особености, да го паметиме по добрите дела.
 
На CNN веста сеуште не е потврдена !?!?! Луѓе да не скроивме капа на нероден Петко . Дај боже се да е некој трач , ама нешто ми вели дека не е , ипак е сурова реалност:nesvest::nesvest::nesvest:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom