Почивај во мир, Мајкл Џексон

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Извор дневник 2006

Мајкл Џексон ќе умре по 10 години

Стејси Браун, човекот што ја напиша биографијата на Мајкл Џексон, е уверен дека познатиот пејач нема шанси да живее подолго од 10 години поради исклучително лошата здравствена состојба, која се одразила и на неговиот изглед.

Таткото на Мајкл, Џо, и брат му Џермејн изразиле загриженост поради здравјето на Мајкл и притисокот на кој бил изложен во текот на неодамна завршеното судење за сексуална злоупотреба на малолетници, кога многу ослабнал и сега навистина грозно изгледа. Во својата книга "Мајкл Џексон: Човекот зад маската", Браун напишал:

- Не верувам дека Мајкл Џексон ќе биде жив по 10 години. Ме чуди дека она што му се случи на Елвис Присли ќе му се случи и нему, тој живее на работ. Сигурно ќе пропадне и ќе изгори. Тежок е само 40 килограми, а висок е 1,8 метар. Тоа е нездраво.

Браун на крајот додал дека не верува оти Мајкл ќе се застрела, туку дека неговата смрт сигурно ќе биде предизвикана од прекумерна доза од некои таблети.

- Жално е што е поп-ѕвезда, а се уште е жив - била реченицата на крајот на книгата, што шокирала многумина.
 
Сеуште не можам да се помирам со веста. Мајкл Џексон е првиот музичар што сум го слушнала од кога знам за себе.
За само 2 недели требаше да почне големата турнеа во Лондон преку која ќе се збогуваше со своите многубројни фанови.
Сега прочитав и дека оставил околу десетина песни кои ги имале слушнато само неговите деца и кои сакал да бидат објавени после неговата смрт. Кој очекуваше дека тоа ќе биде толку брзо :(
Тој ја одбележа нашата генрација, како што ја одбележаа Битлси или Елвис Присли минатата.
Не верував дека ќе го кажам ова, не барем скоро, но морам
RIP Мајкл Џексон, твоите песни се од непроценлива вредност и ќе бидат слушани со генерации и генерации...
 
Шокиран сум...со насолзени очи го пишам ова...
Ни остави преголемо наследство нас, на светот...
Никој не беше...и нема да биде голем како него.
Иако сум голем рокер во душа, искрено го почитувам и секогаш ќе го почитувам.
Само Битлси може да ги споредуваме со неговата величина, НИКОЈ ДРУГ!
Најголемиот изведувач на сите времиња, никој не може да го оспори...ни Фреди, ни Џон, ни Ексл...

Will be remebered...will be missed.

R.I.P....and in your greatness.
 
Не ми се верува дека човекот со чии песни пораснав, го нема веќе, да ме размрда со нов хит, одново и одново...
Почивај во мир. :(
 
Еден од моите омилени пеачи :( Почивај во мир.
 
Вечна ти слава Мајкл Џексон, ќе те паметам како најдобар поп изведувач.
 
R.I.P Michael... Вечно ќе остане крал на поп музиката
 
Почивај во мир човеку, додека беше жив немаше мир....се надевам вака ќе го најдеш.. :nesum:
 
Некако не ми е официјална веста. Сите се базираат врз извор од LA Times , а па они се базираат на друг извор :toe:
 
Како прилично болна вест ја прифатив кога дознав дека деновите ти се изброени. Полесно ми беше да верувам дека се само шпекулации, лаги... како се` друго објавено за тебе. Медиумите не ги интересира ништо друго освен да се здобијат со популарност, другите се ситат на туѓите проблеми, па затоа и никогаш не проголтував се` што ќе чуев за тебе и секогаш те почитував како музичар.
Потајно се надевав дека дури и да е вистина-нема да заврши така... како денес.
Судбината си игра по свои правила и не остава секогаш со прстот во уста, па така и со тебе.

Почивај во мир голем човеку. Твоите песни вечно ќе останат со нас и ќе не потсетуваат на тебе.

:cry:
 
R.I.P Мајкл Џексон.Ми беше еден од омилените поп изведувачи.
СЛАВА ТИ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom