Почивај во мир, Мајкл Џексон

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Боже боже не ми се верува :cry::cry::cry::cry::cry::cry::cry:

Како е можно еј како е можно!!!!!
 
Неможам да поверувам!Не сакам ова да биде точно.Не , не ова не се случува!
Легендо, почивај во мир!За тебе се зборело и ке се збори уште многу години и векови.Лесна ти земја!
 
Некако не ми е вистинита вества.... но сепак.... ако е вистина... нека почива во мир :smir:
За жал доаѓа за сите па и за ѕвездите крајот... ќе мора да се помири светот со поразот на уште еден пеач...
 
Мајкл Џексон. Едно од првите имиња што ги слушнав во моето сиромашно музичко образование. Извонреден човек, за кого половина век живот беше прекраток, а сепак и повеќе од доволен да изгради една цела нова ера во музиката. Без сомневање најголем поп изведувач на сите времиња, човек со големо срце, со брилијантна харизма и уникатност. Никогаш нема да го заборавам моментот кога како детиште копајќи по старите плочи на татко ми, ја најдов Thriller, која заедно со Bad стојат на почесно место до Dynasty плочата од KISS. Не жалам за ниту една залудно потрошена минута кога безуспешно пробував да го научам твојот moonwalk-от. Не жалам за 4500 илјади динари кои ги дадов за да ја добијам Bad оригиналната плоча. На светот му остави неверојатни и неповторливи музички парчиња. Thriller, Billie Jean, Black or White, Liberian Girl, They Don't Care About Us, Beat It, Smooth Criminal, Wanna Be Starting Something, The Way You Make Me Feel... не можам да се определам за само една песна, толку многу ремек дела направи, толку ноќи на душевно неспокојство сум поминал со тие песни кои ме вратиле во нормала. На светот му даде се’, иако не доби ни десеттина од тоа за возврат. Не ме интересира воопшто за приватниот живот, скандалите кои те следеа и слични работи. Знам само дека јас и светот вечерва изгубивме голем пејач, шоумен и пред се - човек. Никогаш нема да те заборавам и никогаш нема да ги тргнам плочите од почесното место. И запомни, како што еднаш испеа и самиот: You are not alone. Се надевам дека сега си на подобро место. Не си сам, целиот свет е со тебе, засекогаш.


Почивај во вид Мајкл, великану меѓу великаните.
 
Би-Би-Си официјално ја потврди веста.....
 
Беше еден од најголемите музичари, легенда! Твоите дела, концерти никогаш нема да бидат заборавени. Почивај во мир! :cry:
Навистина ми е жал, едноставно не можам да поверувам, не сум свесна.:jaj:
 
ПОЧИВАЈ ВО МИР, драга легендо
Луѓето се памтат по заслугите, ти ќе останеш запаметен по трагта која ја оставо во музичката историја
Секоја чест за делото
 
Колку и да е тажен моментов, факт е дека Мајкл Џексон обележа една цела декада во музичката индустрија, онака комплет, од почеток до крај. Потврда за тоа може и да се смета темава која ќе биде преполна негови хитови. Тоа на мноооооогу ретки мајстори им успева. Почивај во мир МЏ.
 



Штета, еден од пејачите со кој растевме. RIP Мј, еден од моите омилени пејачи
 



Двете песни кои морав да ги слушнам барем еднаш дневно. Се` уште не можам да поверувам дека си отиде поп кралот, едноставно невозможно :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom