Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
До кога е можно префрлање од еден факултет на друг ?
Во склоп на истиот универзитет.
:(
 
1ва год сум на феит моментално и ми делува многу тежок.Математика сум дупка али програмирање ми иде доста добро, електротехника така така бидејќи знам од средно.Не дека се откажувам одма но морам да мислам уште сеа што ако испопаѓам со предметиве... муабетот ми е , се мислам да се префлрам на техничкиот факултет во битола, или вонредно или во велес тоа што им е представништвото или што и да е. НО , од другари и од доста луѓе слушам дека е катастрофа , а во кој поглед не разбрав ..затоа и пишувам да ве прашам вас :) 1)
Некој нешто да спомне околу факултетов ? Добар е / не е ? Примамливо ми изглеа дека нема електротехника и физика, башка 2 математики се само и тоа е тоа .. 2) Кои ми се шансите во поглед на наоѓање на работа после дипломирање ? односно колку е вреднуван овој факултет ? баш глеав низ огласиве за работа и не пишува во огласот пример, дечко строго електро ! него пишува bachelor of computer science , а ова звање се добива скоро од секој информатички факултет...
 
За апсолвентските ваучери за компјутери да не знае некој нешто , да не слушнал ?
 
За апсолвентските ваучери за компјутери да не знае некој нешто , да не слушнал ?
Да дека за да аплицираш,вкупниот прилив на пари во семејството не треба да биде повеќе од 12 000ден. Други услови нема. Имаше некоја статија на нет за ова,ако ја најдам ќе ја ставам да прочиташ.

еве ја
 
Да дека за да аплицираш,вкупниот прилив на пари во семејството не треба да биде повеќе од 12 000ден. Други услови нема. Имаше некоја статија на нет за ова,ако ја најдам ќе ја ставам да прочиташ.

еве ја


А конкурс некаков, од кога почнува, што документи треба?!?

Инаку, мене ме интересира дали некој тука знае што е GRE test?!? Треба да аплицирам нешто и ми пратија меил со потребни работи, каде меѓу другото пишува, don't forget to include the GRE test...
 
А конкурс некаков, од кога почнува, што документи треба?!?

Инаку, мене ме интересира дали некој тука знае што е GRE test?!? Треба да аплицирам нешто и ми пратија меил со потребни работи, каде меѓу другото пишува, don't forget to include the GRE test...
Не знам што документи треба..ваљда дека си редовен студент и пресметка на семејниот буџет да поднесеш на факс и мислам дека до 15.11 најкасно треба да се аплицира..после си чекаш..
 
Дечки некој да знајт каде можам да ги најдам одговорите од прашањата за државен службеник, ми требаат за во недела
фала
 
дали некој знае колку поени требаат за да се запише гимназија ?undefinedundefined
 
Дали некој ја има во електронска форма збирката задачи по електротехника за прва година техничко? Може и српската и македонската :)
 
Kje moze nekoj das mi ja preraskaze lektirata sagrinska koza kje mu bidam mnogu blagodaren :)
 
Kje moze nekoj das mi ja preraskaze lektirata sagrinska koza kje mu bidam mnogu blagodaren :)
Има еден тип што купува Шагринска кожа од антикварница. Она му исполнува желби, али со секоја желба кожата се намалува, а кога ќе исчезне скроз типот треба да умре. Кога ќе остане уште последната нишка се наоѓа со љубената кај него дома и у тој момент посакува она да му падне у прегратки и да го залапа, па тоа и го прави, а он умира пошто нели ја потрошил последната желба.
 
Дали некој може да ми каже кои часови ги имате во средно Информатика. И дали може да ми ја кажете разликата мегју Информатика и Техничар за компјутерско управување
 
Компјутерско управување е mostly автоматика. Немора да значи, ама најчесто е. Барем у модерно време.
За разлика од компјутерско управување, информатика е наука за информациите. Дали процесирањето на информации ќе биде на компјутер (дигитален уред) или ќе го сметаш у тетратка, пак е информатика и едното и другото. Значи, компјутерско управување е автоматика, а информатика е процесирањето на тие информации што е потпомогнато од ова другово.

Кога јас бев средно, а тоа не беше одамна, предметите беа следниве, ако мислиш на предметите:

Прва година: Електротехника (the damn bitch), Електротехнички материјали и елементи, Техничко цртање.
Втора година: Програмирање, Автоматика, Електроника, Пракса, Основи на мерење и логички кола.
Трета година: Програмирање редовно, Автоматика редовно, Дигитални системи, за изборни бираш два од следниве предмети: програмирање изборно, автоматика изборно, пракса изборно, математика изборно, физика изборно, дигитални системи изборен. + пракса
Четврта година: Програмирање р., Процесно управување (продолжеток на автоматика), Дигитални системи, Опасност и заштита од струен удар, и двата изборни што ќе си ги одбереш од трета + пракса

и нормално сите четири години математика, интензивно. :D
Имаш физика редовно прва и втора година, исто и историја и информатика. Имаш македонски,странски јазик, физичко, ликовно имаш во прва, и музичко исто у прва :D

Тоа е. Иначе ако те интересира компјутерско управување, јас мислам дека тоа е уствари машинскиот смер. А информатика си е електротехнички, односно електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Е сега, техничар за компјутерско управување е убав смер, како и сите други ако те интересира и ако имаш желба да го работиш, ама не е некој смер со добра репутација, обично е одбегнуван од тие што се поодличните, иако не е смер за потценување и таму се сретнуваат исклучоци, ептен јаки, особено математика... јас со такви случаи се имам сретнато. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom