СП Рим, 2009 (18.7 - 03.08) - спортови на вода

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Фелпс во Атина пливаше со костим од половина до колена, нешто како боксерици, колку да го држат стегнато. Сега гледам никој не плива така, сите во одела се бутнале :)
Сфаќам зошто го прават ова, гледаат дека границата на човековите постигнувања надоаѓа, па мора да се развива или бизнисот на Арена и Спидо со костими или медицината со произведување на медицински средства што се најблиску до допинг а не се допинг. Којзнае како ќе се одвива ова во иднина. Не дека сум против овие целокупни костими, ама ова со Јакед е претерано. Се знае колку полиуретан треба да има, дај ако не и пераи нека им стават :)
 
Браво за Пелегрини и Фелпс навистина вчера имаше премногу светски рекорди денеска има интересни дуели Србија - Хрватска ватерполо и Шпанија со Сад.Србија со Хрватска ќе биде големо дерби сепак мислам дека ќе победи Хрватска.
 
Не знам за ватерполо... ама утре ќе биде дуелот кој во пливачкиот свет се чека цела година. Чавич против Фелпс... прашање е дали Чавич ќе успее да ја искористи недоволната подготвеност на Фелпс и ќе го победи на 100 метри пеперутка :raz:
 
од колку саатот е утре?
 
Па од шест до осум и пол... Очекувам некаде кај седум да биде таа трка :)
 
Србија - Хрватска 16.50 пренос на РТС и ХРТ2 :vozbud:

Србија во финале со победата над Хрватска со 12-11
Многу интересен и неизвесен меч сепак Србите докажаа дека се подобри како и секогаш!
 
Ептен беше тежок натпреварот, и србите и хрватите изиграа одлично, србите повеќе играа со топки од далеку додека хрвативе повеќе играа преку центарот затоа и изгубија убаво се слушна кога тренерот на србите рече да го покријат центарот и баш предпоследните 2-3 топки ги изгубија таму, надигрување имаше асално, чиста 10-ка за натпреваров.
 
Малце е глупаво од секоја трка, паѓа нов светски рекорд и во финале и во полуфинале. Фелпс на бојкот поради хаосот со костимите, а и прекрасна изјава од него: Следната година ќе биде позабавно. Пливачето ќе му се врати на пливањето.
П.С. Воодушевена сум особено од петнаесет годишната Швеѓанката Сјострем, 100 метри делфин.:smir:
 
Па од шест до осум и пол... Очекувам некаде кај седум да биде таа трка :)

Прееска гледав, првата сесија од финалните трки ќе биде од 9 саат наутро, а 100 метри пеперутка спаѓаше таму, и ќе биде трета по ред.
 
Хммм... моја грешка, сега подобро видов... кфалификациите ќе бидат утре од девет па натака, полуфиналните трки ќе бидат после 18:00... а финалето ќе биде дури на 1-ви август после 18:00 :raz:

Програмата:
Код:
http://www.roma09.it/en/competition_programme/swimming.html
 
Eve momentalno se pliva taa disciplina,za nekoku momenti ke startuvaat i grupite na Cavic i Phelps.

I Cavic i Phelps pobedija vo svoite grupi.Izgleda deka Cavic ima najdobro vreme vo kvalifikaciite a Phelps 3 treto.
 
Na koja web-strana ili kade moze da se prati online prvenstvoto .....
 
Чавиќ имаше најдобро време во квалификациите, а Фелпс го делеше второто место... Но сепак мислам дека може тој доста подобро, многу лежерно пливаше + очигледно е дека е далеку подобар на вторите пеесет метри... Плус Чавиќ пливаше во целокупен (со 100% полиутеран) костим, додека Фелпс пливаше со костим кој беше од над колената до половината (онака како што ќе биде од наредната година). Исто така морам да нагласам дека Чавиќ на првите пеесет метри пливаше за 0.63 секунди подобро од светскиот рекорд (по што српските коментатори на Евроспорт почнаа да завиваат како луди) ама во вториот дел беше слаб. Се надевам дека Фелпс утре ќе победи на оваа дисциплина иако не е доволно подготвен :)
 
I jas se nadevam na negova pobeda,a za ova Phelps sekogas pliva so takov kostim peperutka,izgleda mu smetaat preramkite.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom