СП Рим, 2009 (18.7 - 03.08) - спортови на вода

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не си слушнала за местење?

Дека дувал мора забрана, како што знам тоа е забрането, инаку сите дувачи ќе бевме...

И да тоа што го прокоцка медалот Чавич само за таков гест го прави подобар од Фелпс...

Местење, не местење, излегоа забавени снимнки по интернетов. Да ти објаснам нешто во пливањето. Пеперутка стилот заедно со грбниот се најделикатни во пливањето. За грбниот стил не на оваа тема ама сега ќе објаснам за пеперутката.
Кога ќе се доближуваш кон крајот пливајќи пеперутка, ќе мораш толку добро да го имаш извежбано стилот за да точно завеслајот, поточно рацете ги испружиш до крајот и да ја допреш електрониката, за да не навлезеш во друг завеслај и да успориш. Најди ги сликите повторно и види што се случуваше. Кога сите мислеа дека Чавиќ ќе заврши пред Фелпс и ќе допре пред него, Фелпс со неговиот завеслај стигна пред Чавиќ. Затоа пливањето не е воопшто едноставен спорт и освен обично пливање, треба многу да се обрнува внимание и на финиширањата, ротациите, стартовите, дишењето, поготово кај овој стил.

Имаше Фелпс суспензија, 3 месечна, затоа сега во Рим е изгубен во свемирот.
 
Сеуште мислам дека во Пекинг Чавич го победи на Фелпс, Чавич е звер кога излезе тогаш со мајцата "Косово је Србија" тоа тие прав пратриот а додека Фелпс требаше да му дадат доживотен бан за марихуаната!
:pos:
Бобан... што патриотско има за тебе тоа што Чавич носел „Косово је Србија“??? Од Србија си или од Македонија???
Второ... уште еднаш ќе кажам, местенки се прават, ама не тука... да имаше некоја неправилност тој Чавич ќе полудеше и ќе ја бараше правдата, а тој се откажа од секакви жалби само по еден преглед на снимката.
И не ми е чудно тоа што Фелпс пушел марихуана, тоа во Америка не е ништо чудно, а веќе и во многу развиени земји марихуаната е легализирана :raz: И како што кажа Џену_Грл... нека освојат бронза кај нас, не злато... ќе им купам шприцеви и нека се шприцаат до бескрај... т.е. до смрт
 
Чавиќ и Фелпс во ниеден поглед не може да се споредуваат.Тоа што го направи Фелпс на ОИ никогаш не ќе може некој да го повтори.Осум златни медали тоа ти е страшна подготовка за осул различни дисциплини ,додека Чавиќ мислам плива 50 м и 200м пеперутка.
 
:pos:
Бобан... што патриотско има за тебе тоа што Чавич носел „Косово је Србија“??? Од Србија си или од Македонија???
Второ... уште еднаш ќе кажам, местенки се прават, ама не тука... да имаше некоја неправилност тој Чавич ќе полудеше и ќе ја бараше правдата, а тој се откажа од секакви жалби само по еден преглед на снимката.
И не ми е чудно тоа што Фелпс пушел марихуана, тоа во Америка не е ништо чудно, а веќе и во многу развиени земји марихуаната е легализирана :raz: И како што кажа Џену_Грл... нека освојат бронза кај нас, не злато... ќе им купам шприцеви и нека се шприцаат до бескрај... т.е. до смрт

Види јас Фелпс го сметам за најголем спортист, но ме изнервира тоа со дувањето и го замразив зошто има брилијантна кариера а може да се уништи со таков скандал...

А за Чавич реков дека има големо срце не дека јас сум Србин али со таков гест ја зголемува својата популарност во земјата без разлика што изгуби еден медал...
 
Искрено... се надевам дека сите кои имаат пливано во тие костими ќе си останат без светски рекорди :) Се прашувам дали некој од овие што постигнаа светски рекорд пливаше со некој друг костим :raz:

Меѓународната пливачка федерација одлучи да ги забрани полиурентанските одела следната година поради поплавите од новите светски рекорди.

Еве Наум, ќе ги забранат Jaked. Фала ти Господе што ги слушна моите молитви. И јас сум за понови модели да вадат, ама да ги прават со 50 постотен полиуретан е веќе претерано. Од сите спортови бизниси почнаа да прават, да ти се одмили и да гледаш и да тренираш.

Инаку не беа сите рекорди на овој костим, некои пливаа и со Арена и со Спидо, ама повеќето беа на Jaked.
 
Мислам дека прочитав за ова пред два-три дена и таа забрана ќе важи после СП... но прашањето ми е, дали светските рекорди ќе им бидат поништени :raz:
Исто така ми е чудна инфериорноста на Фелпс и неговата немоќ против германецот Пол Бидерман :raz: Дали паузата имаше толкаво влијание врз Фелпс или па Спидо сериозно заостануваат зад Арена :raz:
 
Читав дека Фелпс и неговиот тренер оваа година по ова СП планираат да не настапат на неколку собири, во главно поради куршлусов што е настанат со костимите. Или е исфрустриран поради сето ова или па не е физички многу спремен, но Фелпс изјави и дека не е многу спремен, но неговата цел не била да освојува медали на СП, туку на ЛОИ. Му останува уште да ја престигне Надја Команечи мислам со бројот на севкупно освоени медали и да стане најуспешен спортист во историјата.:toe:
 
Се сеќавам кога Алан Бернар го турна рекордот, Мањини му рече дека конечно ја погодил "хемијата", сеа овој Бидерман го погоди костимот :toe:

Мислам дека треба да се дозволат костимите, технологијата не влегла само во пливањето па ај сеа вака онака... Рекордот на Попов времиња стоеше и стоеше па дури и самиот кажа дека е разочаран шо никој не го подобри... Ништо не е вечно и затоа не ги сфаќам ни Хакет ни Торп со нивните фрустрирачки изјави...
 
Eве ви ја целата вистина и се` она што се случува во македонското пливање. По овој текст, извадок од дневниот весник „Време“ ќе ви стане јасно зошто јас толку бев против настапот на Михајло на ЛОИ.
Повелете, читајте, текстот е вистинит.

Текстов е реплика на статијата која ја напиша тренерот на Михајло, Марјан Соколовски, која ако ја најдам, ќе ја постирам и неа.



Учи и не спомнувај ме веќе Во врска со натписот „Пливачите и тренерите на СП во Рим како туристи“, објавен во „Време“, во кој е цитирана изјава на тренерот Марјан Соколовски, а потпишана од новинарот З.С., во интерес на вистината и правилното информирање на македонската спортска јавност, Ве молам да го објавите следново: - Срамно е од страна на Марјан Соколовски, „тренерче“ на ПК „Акватик“, да обвинува за „туризам“ на македонските пливачи и тренери за учество на СП во Рим 2009, кој истиот во 2008 како голем измамник и турист со неговиот пулен-маратонец, настапуваше на ОИ во Пекинг 2008, во дисциплината 200 краул, освојувајќи го извонредното претпоследно место.
- Дотичното „тренерче“, инаку е сопственик на ПК „Акватик“, создаден пред неколку години, не со цел да се занимава со квалитетно пливање, туку со пливачка школа и да ги мами родителите за да собира членарина.
- Кога велам дека е измамник, мислам, пред се, на тоа што со помош на ПФМ успеа да ја измами дури и Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), дека неговиот пливач е најдобриот во нашата држава во 2008 година, иако тоа беше Сергеј Наумовски, со далеку повреден резултат од неговиот пулен, но, за жал, успеа да се прошета до Пекинг и сега изигрува олимписки тренер.
- Ноторна вистина е дека пливачите Сергеј Наумовски (1988) и Бојан Јованов (1990), сениори, на последното сениорско првенство, кое се одржа во Скопје, ги постигнаа највредните резултати, далеку подобри од неговиот „фаворит“ Александар Јеремиќ, кој во моментов е најдобриот младинец на Македонија, но не настапи на ЕП за младинци (каде му е местото), а го форсира за учество на СП. Искрено, не ми е јасно зошто!?
- Пливачот Евгениј Поп-Ацев на СП во Рим е пријавен како учесник во маратонската трка на 25 км, како најнадежен и вистински наследник на нашиот афирмиран маратонец Томи Стефановски, а тоа, мислам и ти ќе се согласиш, нема врска со неговиот настап на Универзијадата во Белград на 400, 800 и 1500 краул, каде што не беше последен како што наведуваш.
- Срамно е што во својата изјава колегата Зоран Величковски го поистоветуваше со Зорица Велковска (која не е во пливачкиот тим), иако многу добро знаеш дека е дипломиран професор на ФФК во Скопје и вклучен во процесот на тренирање на пливачите многу порано од тебе.
- Срамно е што забораваш и воопшто не ти пречеше да бидеш водач на македонската репрезентација на СП во Мелбурн 2007. Со ниту еден пливач со исполнета минимална норма.
- Не сум никаков „послушник“ на Стефан Пулејковски, кого бесрамно го споменуваш иако знаеш дека без негова помош, немаше да бидеш на СП во Барселона 1993, ниту на СП во Мелбурн 2007, ниту на ОИ во Пекинг 2008 и на многубројни маратони во светот, туку човекот веројатно правилно и објективно ги проценил луѓето што се инволвирани во пливачкиот спорт во Македонија.
- И на крајот (иако има уште многу да се каже), сакам да ти порачам тебе и на твоите пајташи, дека без мој одговор во средствата за јавно информирање во Македонија ќе останеш тогаш кога на Македонија ќе и донесеш: 1 златен, 2 сребрени и три бронзени медали од ЕП за младинци (Маленко, Бошевска, Стојановска), четврто место од ЕП за сениори (Бошевска “ Берлин 2002), шесто и деветто место од СП во куси базени (Маленко “ Рио де Жанеиро и Гетеборг), 10 место од СП (Мечковска - Рио-95), четврто место на Медитерански игри (Мешковска -1991) итн., а до тогаш молчи, учи, вредно работи, прави резултати и веќе не спомнувај ме.

Проф. д-р Димитрија Поповски


Извор: Време
 
А да прашм за костимите, што врска има материјалот со брзината, немат ваљда некој пропелер назад:pos:
 
Хммм... интересен текст :raz: Ама мора да признаам имаше и нешто корисно од настапот на Михајло (барем за него) на ОИ, се сликаше со една глав повисоката од него Ана Ивановиќ :pos:
Инаку ме интересира каде е сега Весна Стојановска, мислам дека со 15 години настапи на ОИ во Сиднеј, ама понатака не ги постигна очекуваните резултати :raz:
А да прашм за костимите, што врска има материјалот со брзината, немат ваљда некој пропелер назад:pos:
Мислам дека ги стимулираат мускулите, нешто како кинетичка енергија, не знам како точно да се изразам, пливачите воопшто не чувствуваат замор, а може да се види и од постигнатите резултати, нели? Рекорди кои не се соборени преку пет-шест години се соборуваат со -1 секунда :raz: :pos:
 
А да прашм за костимите, што врска има материјалот со брзината, немат ваљда некој пропелер назад:pos:

И ја сакав да прашам тоа, кој одлучувачки фактор се костумите?
 
А да прашм за костимите, што врска има материјалот со брзината, немат ваљда некој пропелер назад:pos:
Ете така, прашај си, признај си дека не се разбираш многу од пливање, ќе објасниме.

Новите костими се направени од повеќе од 50 посто полиуретан, маса, која го зголемува лизгањето на водата, дава помалку отпор на водата и пливачот се движи побрзо во водата и автоматски како што кажа наумдб, помалку се заморува пливачот поготово на подолги дисциплини.

Хммм... интересен текст :raz: Ама мора да признаам имаше и нешто корисно од настапот на Михајло (барем за него) на ОИ, се сликаше со една глав повисоката од него Ана Ивановиќ :pos:
Инаку ме интересира каде е сега Весна Стојановска, мислам дека со 15 години настапи на ОИ во Сиднеј, ама понатака не ги постигна очекуваните резултати :raz:

Весна е во САД, плива се` уште но не многу, колку за себе, бидејќи го заврши факултетот и сега се зафати со работа. А Бошевска ги заврши и пост дипломските по психологија и има свој пливачки клуб во САД.
Ама фацата на Михајло со Ивановиќ беше прајслес :pos2:.
 
Пелегрини денеска одлична на штафета, пливаше последна а за тоа време останатите противници направија одлична предност, во последните 100 метри пливаше добро за на крај да освои само 4-то место Италија за неколку стотинки зад 3-тото а пред Пелегрини да настапи сигурно имаше 8-9 секунди ако не и повеќе, се разочара али кога виде дека се пласирале.
 
Тренерот на Мајкл Фелпс, Боб Боуман го советувал својот пливач да не плива се додека ФИНА не ги забрани новите пливачки костими. Исто така во текстот пишува дека и Бидерман користел таков костум, за разлика од Фелпс кој е на старите „демоде“ костими со 50% полиуретан... Исто така му е несфатливо и сомнително тоа што на Фелпс му требаа пет години да дојде од 1:46 на 1:42:9 за разлика од Бидерман кој тоа го направи за 11 месеци. За разлика од тренерот Фелпс изјавил:
Паул е многу силен пливач и има неверојатна година. Не ме победи пливачки костим, туку голем спортист. Но, решение мора да се најде за оваа ситуација. Би сакал да се вратиме на „чистото“ пливање
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom