30% македонска музика на македонскиот етер?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mungos
  • Време на започнување Време на започнување
Да да како и да е треба да се удри поголем акцент на македонската музика,а најдобро може преку радиата
 
treba preku cel den da ima nasa muzika toa na prvo mesto
 
Нема да се објаснувам зошто мислам дека 99% од мак музиката што се врти по радијата е срање. Во секој случај сопственото срање некако поубаво мириса од странското (или можеби навидум). Е сега дали ќе се слуша 30% домашно 70% странско или обратно мене лично не ми менува ништо. И така радиото ми е последен резорт за извор на музика ако нема ништо друго во близина (компјутер, мп3 плеер итн).
 
Брат овдека не се сллуша толку македонска музика како што се слуша во егејска македонија.....да ти е... народот!!!!!!!
 
Дефинитивно против. Зошто? Еми пример... основам радио посветено на трансот. Од каде ке најдам асални македонски транс траки да ми трошат 30% од времето, и тоа секој ден различни да бидат?
 
Дефинитивно против. Зошто? Еми пример... основам радио посветено на трансот. Од каде ке најдам асални македонски транс траки да ми трошат 30% од времето, и тоа секој ден различни да бидат?

ќе ти оди Yudhisthira na repeat :vozbud:
 
Македонската музика искрено е срање и тоа нема шанси да се смени во иднина. Но сепак има резерва. Ако им се даде шанса за поголем простор може ке се појават нови лица кои ке имаат талент и умешност колку толку да ја оправат сцената. Али вака како што е сега, тие 30 % што ке бидат само лошо ке слушаме.
 
Законов си е ОК.
Ама нешто не ми е јасно.
Во Македонијава има разно разни радија наменети за етничките малцинства и емитуваат музика исклучиво на нивниот јазик.
Досега никогаш од ваквите радија (албански, турски, ромски) не сум слушнал да свртат Македонска песна.
Ме интересира како законот важи за нив.
 
Мислам дека законов е донесен малку поодамна.И според мене е одличен.И секоја чест пред се на оние на кои им текнало и секако на оние кои го изгласале законов.Колку што ме држи меморијава порано на Антена 5 се пуштаа песни само од англиското говорно подрачје, ама со законов ете ги пуштаат и македонски песни.Имаме горе-долу солидни песни на на Македонскава музичка сцена кои заслужуваат да бидат слушнати, а секако композиторите да бидат наградени(авторски права за емитување).И мислам дека треба да се покачи овој процент на 5о или 60%.Мегутоа и вака е солидно:pipi:
 
ама таа македонска музика на антена 5 се пушта исклучиво во ноќните часови.
тие очигледно ги користат „дупките“ во законот :pipi:
 
Во државава комерцијалата од што е многу квалитетна се врти 1-2 месеци максимум, а да би се пуштало повеќе некомерцијална би дошло до бум на радио станиците. Никој не одамна не го прашува народот што навистина сака да слушне, а не дали му се бендисува најновиот сингл/албум на некое си пичлеме на моја возраст што уште нема ни средно, а извадил дури и спот. Законот треба да се спроведува, само така ќе се почитува.
 
30% па ќе се покријат само три дена неделно...4 дена ќе се повторуваат истите песни.........
 
Дечки, ве молам не тресете глупости.
Законов е многу глупав.
Не можеш да очекуваш да се зголеми квалитетот и барањето за македонска музика само со тоа што на сила ќе тераш луѓе да ја слушаат.
30 проценти од еден ден се скоро седум часа. Како сопствениците на транс/техно/инди рок/електроника/world hits/класика/хеви метал (и многу други жанрови) ќе најдат 7 часа дневно материјал за да пуштаат и одозгора да не се повторуваат секој ден?
Не е само Антена 5 на македонската радио сцена.
Ако не ти се допаѓа некој жанр, не ти се допаѓа, овој закон може само спротивен негативен ефект да има кон гледачите врз македонската сцена.

Постојат многу други начини да се зголеми квалитетот на нашата домашна сцена, овој не е еден од нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom