Ден #20...was a high school "slow song"
*(и оваа е пред моето време)
Голема сала, пригушено светло, свири оваа песна, секој пар е со свој свет, така и јас и ти. Ти си потпрена на моите гради, а јас на твојата глава, стоиме во место, телата ни се движат бавно, пребавно, лево-десно, уживаме во амбиентот, уживаме во музиката, уживаме во сензитивноста, во меѓусебниот допир. Го слушам твоето смирено дишење, а твојата рака е загубена во мојата коса. Мислам дека очите ти се затворени, живееш со секое сетило во тој миг.