Објасни поубаво, многу штедиш на зборови
Два етнички македонски клубови од Куманово, кои имаа екипи во младинска категорија Куманово 2012 и Еуроспорт Вардар (Куманово 2012 играше и во општинска лига) се споиле и ја откупиле лиценцата на третолигашот Студена Вода, клуб од кумановското село Доброшане.
Фактички клубот го менува името во ГФК Куманово и како такво ќе продолжи со настапи во трета лига север. ГФК Куманово настанува со фузија во однос на играчка и структурна смисла на овие три клубови.
Единствено не знам фали ФК Куманово 2012 беше историски наследник на некогашниот прволигаш.
Како и да е, срамота беше Куманово да нема етнички македонски фудбалски клуб. Се надевам и Кумани ќе навиваат за клубот.