3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Караорман и Арсими и официјално се победници на Југозапад и Запад и ќе играат во баражот. останува Југ и Исток, а од таму мн веројатно тоа да се Вардар и Овче Поле, но исто така и аутсајдери во баражот (освеб ако не се паднат меѓусебе).

Трета лига Исток, повеќе се комплетираше за да стигнат до паричка задолжените во регионот, односно колку да има некаква лига. Немаа доволно екипи, па на крај го присобраа Дојранско езеро (кој патем, лани со административно одземање бодови, отпадна од трета лига југ) за да достигнат минимум од 6 екипи за да се одигра лига. Карбинци, Чешиново, Рудар и Малеш, повеќе се декор во лигата, колку истата да опстои.

не е точно, не отпадна. лигата се прекина и немаше испаѓање ниту шампион бидејќи не се одиграа 75% од натпреварите. Дојранци прво не се пријавија за во Југ сезонава, а потоа откако собраа финансии се пријавија во Исток колку за да учествуваат на ионака сезона која ќе има малку натпревари (веќе на 1 натпревар не отпатуваа, кај Рудар).
 
Да не си помешал нешто?
Сезоната не беше прекината, тоа беше пред две сезони. Во трета лига југ, Локомотива Градско беше шампион (патем од таа лига и Братство Житоше влезе во втора лига), а Дојранско езеро беше во прва половина на табела, ама добија некоја драконска казна со одземање на 15тина бодови (играле неколку кола со нерегистрирани играчи) и паднаа на последното место кое испаѓаше.

Ги гледав Дојранско езеро со Малеш викендов, очобол тежок, колку да се одигра лигата.
Се надевам дека Вардар Неготино и Караорман ќе се вратат во втора лига.
 
не сум помешал, така беше. отакко ФФМ се избламира со прекинатите лиги поради пандемијата кога немаа никаков правилник што да се прави при такво сценарио, потоа донесоа прваилник за 75% одиграни натпревати за да се прогласи шампион и да има испаѓање, во спротивно нема ништо од тоа. лани Југ се прекина оти од МЗ бараа тестови. 75% не беа одиграни и според правилникот на ФФМ сезоната нема шампион и нема испаѓање (освен за екипите кои претходно се откажале или биле дисквалификувани). тоа што не се прогласува шампион не значи и дека првиот не може да оди ранг погоре, што и се случи со Локомотива, а потоа и со Братство преку бараж.

еве ја табелата: https://macedonianfootball.com/3-mfl-south-2020-21-standings-fixtures/
 
Претставник на ОФС Прилеп врачи пехар на капитенот на Локомотива, на една од пријателските утакмици во август 2021. Така што, покрај сите перипетии, може да се каже шампиони :)
 
Да не знае ФК Превалец од Велес како стојат на табелата во трета лига? Дали имаат шанси за влез во втора?
 
Да не знае ФК Превалец од Велес како стојат на табелата во трета лига? Дали имаат шанси за влез во втора?
Втори се, им бега Вардар Негоитно 3 бода мислам. Ако тепаат се до крај и меѓусебниот со нив имаат шанси.
 
Втори се, им бега Вардар Негоитно 3 бода мислам. Ако тепаат се до крај и меѓусебниот со нив имаат шанси.

Изгубија дома од Вардар 2-5 така да не верувам да ги стигнат.Додека на Вардар составот е од млади деца сите од Неготино,но од тоа што видов не е некој материјал за во втора лига,незнам само како стојат и другите екипи што се прво место во регионите за бараж.
 
Енгравиран тровеј дадоа неколку месеци после прославата. А трофејот за прославата не беше официјален од ОФС туку од некој друг турнир, битно да се мафта нешто :)
Еве допис каде Локомотива се прогласени за шампиони.
А ова е слика од пехарот овој е некој претставник ФФМ нз.
 
Attachments

  • Scanitto_2021-05-28_001.jpg
    Scanitto_2021-05-28_001.jpg
    147,5 KB · Прегледи: 20
дописов тотално се коси со прописите на ФФМ каде јасно е наведено под кои услови во прекината лига се прогласува или не се прогласува шампион. овие на своја рака си донеле одлука за која може и судски да го јадат ако сака некој да се замара.

Изгубија дома од Вардар 2-5 така да не верувам да ги стигнат.Додека на Вардар составот е од млади деца сите од Неготино,но од тоа што видов не е некој материјал за во втора лига,незнам само како стојат и другите екипи што се прво место во регионите за бараж.

не знам колку се јаки Караорман и Арсими, ама се со второлигашки амбиции и освен ако не се паднат меѓусебе во баражот, очекувам лесно да поминат.
 
Кога е ждребот и кога ќе се играат баражите знае некој?
 
За жал, Вардар и Караорман се паднаа меѓусебе.

Вардар Неготино - Караорман
Овче Поле - Арсими

Се надевам светиниколци нема да ја шитнат за пари на Арсими, со оглед на тоа што немаат баш добри финансии за втора лига...
 
Ќе има пренос на ФФМ ТВ од бараживе?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom