Ај да ве замолам ако имате некаква информација за Општинска лига на Кисела Вода да ја споделите тука, на пример колку екипи брои, кога се игра прво коло, итн. Однапред ви благодарам за трудот.
Обично прво коло се игра во октомври, порада малиот број на екипи. Во глобала следниве екипи се натпреваруваат таму.
1.Алхемичари (Скопје)
2.Текстилец (Скопје)
3.Вардар 75 (Усје)
4.Титан 2010 (Скопје)
5.Победа (Долно Лисиче)
6.ССК Нова (Драчево)
7.Сопиште (Сопиште)
8.ССК Младинец (Драчево)
Екипите од број 1 до број 6, ланска сезона играа во ОФЛ Кисела Вода. Во глобала од овие екипи, единствено јаки тимови се Победа, а тука некаде е и Текстилец.
Алхемичари немаат свој терен и играат како домаќини на теренот на противникот, а исто е и со Текстилец. По некогаш двата тима како домаќини играат на стадионот на Цементарница 55.
Титан 2010, како домаќин игра исто на Цементара, ама чисто се сомневам дека ќе пријават екипа оваа сезона, али останува да се види.
Вардар 75, пола натпревари ги играат, пола не ги играат. Уствари играат ако се соберат. Имаат свој терен во Усје, и е многу мал, не верувам дека е подолг од 85 метри.
Победа се супер екипа, кои без проблем можат да играат во 3 лига, али немаат пари. Играат на нивниот терен во Долно Лисиче.
Сопиште повторно оформија екипа, а пред 3/4 сезони играа во 3 лига. Би требало да се борат за влез во 3 лига, али ај времето ќе покаже.
ССК Нова, се всушност втората екипа на ССК Младинец. Со оглед на тоа дека ССК Младинец испаднаа од 3 лига, не верувам дека ССК Нова ќе игра оваа сезона во 4 лига.
Сума Сумарум, лигата ќе брои 6 или 7 клуба, а главни претенденти за влез еден ранг погоре би требало да бидар ССК Младинец и Сопиште.
Во зависност од потребите на ОФС Кисела Вода, понекогаш своја екипа пријавува и Зелениково, порано се викаа ФК Слобода 76, а подоцна ФК Зелениково, ама не верувам дека ќе играат оваа сезона.