3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Северен регион-Група 1
13 Коло
Алумина-ССК Младинец 1:1 ?
Лепенец-Горно Лисиче 0:0
Славија-Бутел 1:0
Драчево-Треска 0:1
Беса-Волково ?
Јустинијан-Шкендија ?
Сан Сити е слободен
 
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.775
Поени од реакции
23
Северен регион-Група 1
13 Коло
Алумина-ССК Младинец 1:1 ?
Лепенец-Горно Лисиче 0:0
Славија-Бутел 1:0
Драчево-Треска 0:1
Беса-Волково ?
Јустинијан-Шкендија ?
Сан Сити е слободен
u vcerasen sport press imalo i tabela od ofs gazi baba i tekst za ofs stip sto tepale nesto i rez.
 
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.775
Поени од реакции
23

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Настаните, барем оние лошите што се појавија во почетокот на ова првенство од коло во коло се менуваат а богами и зголемуваат со филмска брзина. Уште не се заборави бојкотот на три екипи на комплетното првенство, за да малку подоцна речат „пу, не важи“, не се заборавија немилите настани во Каменица кога беше нападнат судијата, не се заборавија истите такви настани ниту во Пробиштип, а богами не се заборави ниту не патувањето на одредени екипи кај своите противници, кога еве дојде XVI коло, коло полно со нови, пардон, стари бисери, во кое човек не може да биде паметен кого да критикува, дали луѓето одредени да ја водат оваа лига, дали судиската организација, дали судиите, или пак играчите. Ама кога добро ќе размислиме најголемите виновници се оние на кои им е доверено водењето на МАК фудбалот, кој за жал во оваа Трета лига Исток повеќе наликува на вестерн филм одошто на некаков фудбал.

Рековме последното коло донесе нови „бисери“. Најпрвин екипата на „Младост“ од Муртино не отпатува во Каменица, зошто? луѓето од Муртино најдобро си знаат. Па не се луди да плаќаат судиски такси кога во последните неколку кола (барем така ни изјавија) судиите им направиле вистински р’шум и во екипата и во резултатите.

Потоа доаѓа на ред натпреварот во Оризари помеѓу домаќинот „Младост“ и „Плачковица Јака“. Натпревар како и секој друг на рамниште на лигата во која се игра. Натпревар беше фер и коректен кога станува збор за играчите од обете страни, но за жал излезе од колосек во последните 6 минути. Најпрвион првиот помошник на овој натпревар Ален Коцевски сигнализираше офсајд позиција со што директно ги оштети гостите, впрочем снимката од натпреварот тоа најдобро го кажува. И тогаш попуштија нервите кај радовишките фудбалери за прв пат, го заобиколија судијата, го влечеа за дрес, го влечеа за судискиот амблем, ама ништо не се промени. И кога присутните гледачи очекуваа по некој црвен картон за гостите, главниот судија Мите Јованов се задоволи само со еден жолт картон и ништо повеќе. Арно ама ѓаволот си ја зема работата во свои раце. Не поминаа ниту две минути домаќините го постигнаа победоносниот гол. Додека течеше акцијата одбраната на гостите не рекламираше офсајд бидејќи како и на спротивната страна него го немаше, но кога се затресе нивната мрежа младите момчиња не можеа да се контролираат, свесни дека загубија добиен натпревар се нафрлија на вториот помошник Ристе Горгиев, кој ни крив ни должен го плати цехот и за неговиот колега од спротивната страна. Момчето си доби неколку удари за што сведочат снимките. Прекинот траеше околу 7-8 минути, и кога сите присутни на натпреварот па и играчите на „Плачковица Јака“ се помирија дека истиот е прекинат, главниот судија ја намести топката на центар и го продолжи на големо чудо натпреварот. Што ќе се случеше со судијата ако гостите не дај боже постигнеа погодок може да се размислува како за научна фантастика, и добро е што така се се заврши.

Е сега зошто Мите Јованов не ги почитуваше фудбалските правила во двата случаи не знаеме (или е незнаење или нешто друго). Што ќе напише делегатот и тоа не знаеме, но затоа сме сигурни дека ќе биде по онаа старата „кучињата лаат, караванот си врви“, ама тоа ќе трае се додека некој од делителите на правдата, пардон, неправдата не го извлече подебелиот крај.

Среќа во несреќа е што е крај на првенството па ќе може да се оладат главите, да се направат анализи и ако се сака навистина да се игра фудбал на терените во Третата лига Исток ќе мора и квалитетот на судиите да се подобри. Во спротивно нема спас за тонењето на МАК фудбалот, пардон, вестерн лигата.





http://komarec.com.mk/poveke.php?id=4336
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.020
Поени од реакции
74.388
^Брат тоа ти е трета лига. Судиите се аналфабет за судење, јас да застанам да судам ќе отсудам поубаво (само што знаејќи ги екипите и не би застанал да судам:vozbud:). Кога можеа на неколку утакмици да дигаат офсајд при изведување на аут, што друго останува да се каже:smir:
Пред некој ден прочитав еден коментар за судиите во трета лига во весникот ВРЕМЕ, али бидејќи страната не им се отвара еве ќе го цитирам новинарот. Статијата беше околу тоа што Хари забранил да се пратат судии за мечеви од младинската Хедис А1 лига, па натреварите ги суделе судии од третата лига. Па новинарот пишал: "Мечевите беа спасени од судии кои не му се плашат на Харалампие, и кои судат во нашите трети лиги, и се нашле во овие лиги САМО ЗАРАДИ ИНАЕТОТ КОЈ МУ ГО ТЕРААТ НА ХАРИ":pos2::pos2::pos2::pos2:
Дефинитивно тоа е единствената причина зашто судат во трета а не во прва лига:tapp::tapp:
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Во недела се игра големото дерби во источниот регион...Осогово-Тиверија.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Во недела се игра големото дерби во источниот регион...Осогово-Тиверија.
Според мене Осогово е поквалитетен и ке победи со 2:0
Стрелец на двата гола ке биде бившиот играч на Силекс Мирче Натков
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Според мене Осогово е поквалитетен и ке победи со 2:0
Стрелец на двата гола ке биде бившиот играч на Силекс Мирче Натков
Победија со 1-0,не се ништо поквалитетни туку цело време провоцираа и удараа без топка. А Мирче Натков 25 минута,АУТ. Red Card :) :)


„ОСОГОВО“ – Данев, С.Манчовски, Постоловски (Ѓорѓиев), Здравков, Коцев, Митров, Дамески (Цветановски), Натков, Шуманов, Д.Манчовски, Паунов (Данилов).
„ТИВЕРИЈА“ – Стојков, Ј.Серафимовски, Јорданов, М.Јованов, Кавазов, Стојанов (М.Алаѓозовски), Д.Алаѓозовски (Коцев), Андреев, Тасев, Ристов, С.Јованов.

МИТРОВ СО ЕВРОГОЛ ГО РЕШИ ДЕРБИ НАТПРЕВАРОТ
Во вистинска фудбалска атмосфера каква немало во Кочани последните 7-8 години, екипата на „Осогово“ со евро-голот на Митров го реши дерби натпреварот во своја корист победувајќи ја мошне добрата екипа на „Тиверија“ со 1:0 (0:0).

Натпреварот започна мошне интересно. Се играше првата минута кога домаќините можеа да го откријат резултатот, но ударот на Паунов од само 5 метри отиде високо над голот на Стојков. По оваа шанса за домаќините започна и понервозно да се игра, гостите малку провоцираа што домаќините го прифатија и да не беше решителноста на главниот судија Стојанов од Штип можеби натпреварот ќе добиеше и поинаква димензија. Дека нервите почнаа да работат се покажа во 5’.Митров беше во налет кон противничкиот гол од левата страна, кога влезе во казнетиот простор падна а судијата одмавна со раце. Домаќините бучно реагираа, бараа пенал но судијата покажа само гол-аут. Во 15’ нова прилика за домаќините од десната страна беше упатен удар кон голот на струмичани, но голманот Стојков полета низ воздухот и со прекрасна интервенција спаси сигурен гол исфрлувајќи ја топката во корнер. Сепак се чини дека судијата најголемата грешка ја направи во 19’. Митров се пробиваше кон голот на гостите и кога веќе го мина Кавазов овој стартуваше над него и судијата покажа само фаул за домаќините иако за стартот на противникот најмалку требаше да му додели жолт картон. Во 27’ се случи инцидент. Гостинскиот играч Ј.Серафимовски на центарот од игралиштето грубо го фаулираше домашниот играч Натков, кој не можејќи да се контролира возврати без топка и оправдано заработи црвен картон, гостинскиот бек помина само со жолт картон а подебелиот крај го извлече тренерот на гостите Митев кој иако не беше повикан од судијата влезе на теренот по што предвреме мораше да замине во соблекувалната заработувајќи и тој црвен картон. Домаќините со 10 играчи почнаа да играат внимателно па до крајот на полувремето гледачите освен превиткување по теренот ништо фудбалски не видоа.

Во второто полувреме фудбал се играше до водството на домаќините. Во 57’ Митров доби топка на левата страна од игралиштето, паралелно со линијата на шеснаесетникот во слалом помина неколку гостински играчи и од дваесетина метри се реши на удар по кој топката заврши конечно во мрежата на Стојков чија интервенција остана залудна.

По водството домаќините се повлекоа на својата половина љубоморно чувајќи го тешко стекнатото водство. Гостите создадоа неколку прилики за гол но немаше реализатор што ќе ја погодеше мрежата на „жетварите“. Во 75’ Тасев прокоцка стопостотна шанса за израмнување. Во 80’ домашниот играч С.Манчовски од самата гол линија ја исфрли топката во корнер и ја спречи радоста на струмичани. Во 88’ најпрвин домашниот тренер Крстев заработи црвен картон а две минути подоцна и стрелецот на единствениот гол Митров по втор пат пожолте па пред време беше пратен на туширање. Во судиското продолжение Тиверија ја имаше и последната прилика за израмнување но ударот на капитенот Јованов од дваесеттина метри помина поред самиот лев дирек на Данев.

Се на се дербито не ги оправда очекувањата на две илјадната публика. Значењето на натпреварот и важноста на бодовите си го сторија своето.
 

St3

Член од
3 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
8
Според мене Осогово е поквалитетен и ке победи со 2:0
Стрелец на двата гола ке биде бившиот играч на Силекс Мирче Натков
Мирче Натков.......тој тепачот ли...... Поздрави го, го чекаме во Струмица:smir:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.020
Поени од реакции
74.388
Знае ли некој како ќе одат баражите оваа година. Колку екипи ќе испаѓаат во втора. Ќе се смени ли нешто со оглед на тоа што испаднаа Ѓорче и Слога:toe:
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Знае ли некој како ќе одат баражите оваа година. Колку екипи ќе испаѓаат во втора. Ќе се смени ли нешто со оглед на тоа што испаднаа Ѓорче и Слога:toe:
Колку што знаем првите нема да играат бараж како до сега, туку директно ќе влезат у втора лига...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.020
Поени од реакции
74.388
Колку што знаем првите нема да играат бараж како до сега, туку директно ќе влезат у втора лига...
Одлично одлично :vozbud: Се надевам дека некој ќе го потврди ова што го кажа:smir:
 
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.775
Поени од реакции
23
Колку што знаем првите нема да играат бараж како до сега, туку директно ќе влезат у втора лига...
Одлично одлично :vozbud: Се надевам дека некој ќе го потврди ова што го кажа:smir:
ne e taka. bobi4e go iamcitano tekstot za ljuboten na sajtot na tv kiss i tamu pisuva deka ke idat direktno, ama oni imaat greska. u severen region se igra baraz pomegu pobednicite na dvete grupi, posle toa pobednicite na 5 regioni zaedno so 12 mesto od 2liga igraat baraz i trite pobednici ke igraat u 2liga. 13i14 mesto od 2liga ispagaat. ako se otkazat uste nekoi ekipi sezonava togas ke ima uste promeni, ama u momentov e vakva situacijava kako sto pisav pogore.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.020
Поени од реакции
74.388
ne e taka. bobi4e go iamcitano tekstot za ljuboten na sajtot na tv kiss i tamu pisuva deka ke idat direktno, ama oni imaat greska. u severen region se igra baraz pomegu pobednicite na dvete grupi, posle toa pobednicite na 5 regioni zaedno so 12 mesto od 2liga igraat baraz i trite pobednici ke igraat u 2liga. 13i14 mesto od 2liga ispagaat. ako se otkazat uste nekoi ekipi sezonava togas ke ima uste promeni, ama u momentov e vakva situacijava kako sto pisav pogore.
Така и си мислев :( затоа препрашав :(
Епа ќе биде јака конкуренцијата за втора лига оваа година :):)
Во преден план Нормално првакот што ќе биде од север СЛАВИЈА или Лисиче, а очекувам добро да се покаже и Караорман:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom