Македонски пратеници во Албанија ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување
Кај се сега шќипоњите кои викаат дека само во пограничните места во Албанија имало Македонци

Shqiponjite se tuka, koi nemat nisto protiv makedoncite, nisto sto e napraveno za makedoncite vo albanija, naprotiv ja kroristam situacijava da vi cestitam na site tuka vo forumot, neka e so sreka, i poveke da gi zacvrstime nasite odnosi so Albanija, koja nikogas nisto nemat sporeno na makedoncite ili voopsto na Makedonija, i sto se odnesuva deka imalo makedonci i vo drugite delovi vo Albanija, jas licno mislam deka toa ne prestavuva nikakov problem, i da gi ima.:toe::pipi:
 
Кај се сега шќипоњите кои викаат дека само во пограничните места во Албанија имало Македонци

Ban od tema!

Na tema, airilija, da vidime, ke pocekame i ke izrazime ili zadovolstvo od demokraticnosta ili nezadovolstvo od nedostatok na demokratija.
 
Нека отварат бе, ако ги има толку, нека има и 10 пратеници нивни впарламент.
 
Во Тирана има значителен број на Македонци, Пустец, голо Брдо, гора, белчиште,Корча во речиси цела источна Албанија топонимите се Македонски и таму живеат Македонци.

Доколку нема опструкции и овој пат, возможно ли е учество на Македонците во Албанскиот парламент.

За што ни е надворешниот Милошоски ? Имаме во Албанија амбасадор нели ? Нека се размрдаат малку. Во Косово мислам дека етничките малцинства имаат гарантирани 10 пратенички места кои се додаваат на бројот на пратениците од малцинствата кои ќе се добијат на избори.
Албанија исто така треба да обезбеди рамноправност на граѓаните со тоа што ќе им обезбеди претставување на малцинствата во парламентот без разлика колкав е нивниот врој во вкупното население.
 
Интересно е што сите Македонци надвор од границите на Р.Македонија го користат Сонцето од Кутлеш како свој симбол,а за нас тоа е голем грев.Хммм...

тоа е официјално знаме на Македонците низ светот освен во Македонија

Да солид 16 кракото сонце и тоа со цвеот во средина е официјално знаме на етничките Македонци, исто како што дволгавиот црн орел е на албанците.
Да точно е дека Државното знаме не исто со знамето на етничките македонци ама тоа не те спречува да си го вееш знамето со 16 кракото знаме, тоа е твое етничко облежје, симбол пореку кој се самоиденитифкуваш и твое човеково право да си го вееш каде сакаш, од таа гледна точка тебе не те засегаат меѓународни договори и официјално признати знамиња.
 
Да солид 16 кракото сонце и тоа со цвеот во средина е официјално знаме на етничките Македонци, исто како што дволгавиот црн орел е на албанците.
Да точно е дека Државното знаме не исто со знамето на етничките македонци ама тоа не те спречува да си го вееш знамето со 16 кракото знаме, тоа е твое етничко облежје, симбол пореку кој се самоиденитифкуваш и твое човеково право да си го вееш каде сакаш, од таа гледна точка тебе не те засегаат меѓународни договори и официјално признати знамиња.

Бреј :) Интересен пост. Фала :)
 
Ако се освестат сите Македонци во Албанија, останаа Албанците малцинство.
 
Шќипоњите немаат проблем да се кандидираат македонци во Албанија, никогаш не викале Албанија на албанците, и шќипоњите никогаш немале против ништо македонско....ама ај, терај си у глаа маалски филм. Ќе дојде денот за неколку години ќе видиш дека македонците во Албанија се поголеми македонци од македонците во Македонија...а дотогаш ваљда и ќе разбереш зашто.

Не си толку наивен. Не глуми.
 
Бреј :) Интересен пост. Фала :)

Не ме разбирај погрешно, тоа што го кажав беше наменето за употреба на индивидуално ниво, за сешто е поврзано државнуи институции и се што е на државно ниво тука постои само едно единствено знаме а тоа е државното знаме.
 
Мислам дека како земја која има секогаш пратеници од малцинствата заслужува да има и свои партии во земјите каде што е малцинство. Ако не се дозволи и во Албанија тогаш ке се приклучи на Бугарија и Грција и уствари ние ке испаднеме само глупи.
 
Навистина, Македонците уживаат најголеми права во Албанија (споредено со останатите соседни земји). Тоа не е од вчера, туку така беше и за време на Енвер Хоџа. По неговата ера, тие права се зголемија (а под тоа подразбирам пред се, намалување на политичката тортура врз Македонецот во Албанија).

Но, мора да се воочи една голема хипокризија во целава работа. Веењето на знамето, школувањето на мајчин јазик (во нижите делови од образовниот систем) и други минорни "погодности" важат само во изолираниот џеб од државата и важат само за мал дел од македонската популација. Основно училиште на мајчин јазик немаат Македонците во Голо Брдо, Корча, Тирана... За други работи да не правиме муабет.
Пустец, веќе 50-ина години служи како алиби за Албанија, дека ете, тие обезбедиле права за сите свои граѓани.
Смешно е во 21 век, некој да не може да учи на мајчин јазик, да не може да ги искажува политичките ориентации преку свои претставници во парламентот.
Правата на Македонците во Албанија ни од далеку не се слични на правата на Албанците во Македонија. Внимавајте, зборуваме за елементарни права, ништо ниту приближно на правата на Албанците тука.

Последната посета на Едмунд Темелко на Македонија (јас барем што ја приметив по медиуми), беше одбележана со гостувања по разни емисии. Во една таква емисија, тој најмногу ја истакна оваа хипокризија - наводното имање права. Станува збор за елементарни права на само мал дел од Македонците, во еден изолиран џеб од државата. Тој (Едмунд) се уште е следен од тајната служба и е викан на "разговори"...
Една модерна европска држава (каква што сака да биде Албанија), не би смеела да си го дозволи ова. Најповеќе заради Албанците во соседството.
И никако не смее да се сопре само на трошките, кои демек дарежливо ќе бидат фрлени. Образованието на Македонците во Албанија постоано треба да се унапредува, тоа мора да ни е јасно. Сите други процеси, од тој аспект, мора да се завршат (како на пример деалбанизацијата на македонските имиња и презимиња). Ретроградните геноцидни потези на Тирана, како што се менување топоними, непризнавање на името..., нема да донесат никакво добро за никој од нас. А ќе бидат во корист на Грците, да речеме.

Во целава приказна многу битен момент, кој ќе претставува темел и иницијална каписла за промените во албанското општество, е присуството на македонските политички претставници во парламентот.

Логично би било токму од македонските Албанци да дојде подршка за правата на албанските Македонци. Станува збор, пред се, за изразено елементарни права. Нашата надворешна политика редно е веќе, да заземе поактивна позиција во однос на правата на албанските а и косовските Македонци (Гораните).
 
Tolku li se jaki be majku mu stara tie makedonci od Albanija, pa da uspeat da gi isterat 3.5 milionite albanci od Albanija?!!

Не е тоа наш принцип.
Ако не ни даваат права, не ги убиваме припадниците на службите на државата во која живееме.
Гледаме до крај да ги исцрпиме цивилизираните методи.
 
Не е тоа наш принцип.
Ако не ни даваат права, не ги убиваме припадниците на службите на државата во која живееме.
Гледаме до крај да ги исцрпиме цивилизираните методи.
Aha, dali asimilacija se podrazbira pod toa?
Pa i toa da e, pak isto, tolku li se mokni pa da asimiliraat 3.5 milioni albanci od Albanija?
 
Aha, dali asimilacija se podrazbira pod toa?
Pa i toa da e, pak isto, tolku li se mokni pa da asimiliraat 3.5 milioni albanci od Albanija?

Абе знаеш како викаат,трчајќи да ја фатиш кокошката и јајцата што ги снела ќе се испилат па и пилињата ќе ти избегаат.....Очевидна асимилација се врши од истокот ,ама кога е муабет за таа асимилација секогаш се наоѓа оправдување во дамнешната српска пропаганда
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom