Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635

Во Тирана формиран е Регионалниот комитет на партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција. На основачкото собрание избран е и советот на комитетот, кој има 27 члена, а за координатор е избран Кристо Мазнику. Потпретседател на комитетот е Незир Меча, секретар Никола Ѓурѓај, а оперативен секретар Ерлин Мазнику.
Македонците во Албанија преземаат интензивни политички активности пред одржувањето на првиот партиски конгрес, во почетокот на април. По ова следуваат и парламентарните избори во Албанија со кој првпат Македонците треба да бидат застапени со пратеници во албанскиот парламент.
Македонска алијанса за европска интеграција активно работи на подобрување на положбата на Македонското малцинство во Република Албанија.
извор Нова Македонија
--------------------------------------------------
Во Тирана има значителен број на Македонци, Пустец, голо Брдо, гора, белчиште,Корча во речиси цела источна Албанија топонимите се Македонски и таму живеат Македонци.
Доколку нема опструкции и овој пат, возможно ли е учество на Македонците во Албанскиот парламент.