Ви недостигаат ли владините реклами ?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување

Ви недостигаат ли владините реклами ?

  • Да

    Гласови: 42 33,1%
  • Не

    Гласови: 61 48,0%
  • Не ги приметувам

    Гласови: 24 18,9%

  • Вкупно гласачи
    127
Како ли само ги израчунавте бе тие 50 евра по човек , Заев ли ви кажа така да зборите :pos2:
Смешни сте ... Дајте нешто поозбилно ...
Доколку го прочиташе првиот пост, ќе воочеше на што се базира мојата пресметка.

Ај пробај пак па пиши.
 
Овие денови ќе почнат да ни перат мозокот...
Дури и ќе ми недостасуваат владините кампањи...до 21 март...
 
Вака сега.
Имам еден проблем :)
Во последните неколку недели, се' нешто како да ми фали...се' нешто како да ме копка.
Имено, откако секнаа владините реклами, мојата самодоверба е преполовена.
Животот ми стана пекол!
Секоја вечер си легнувам во страв и дилема, дали сабајле кога ќе се разбудам, пак ќе бидам Македонија!?
Секое утро се будам со истото прашање ?
Дали верувам во себе? Дали верувам во своите одлуки и верувам во својот народ ?
Страшно ми фалат зборовите: Тргнав да го ослободам светот, а не да ги учам неодлучните што е храброст и одговорност! (реклама Александар ака Грујо)
Се прашувам..? Како ли сега ќе си ја вратам самодовербата која ја стекнав во времето кога владините рекламми беа составен дел од мојот живот ?
Страшно.....ужас!!!
И да е само ова, арно ќе да е.
Агонијата навлезе во сите пори од општествениот живот на граѓаните.
Па дури и во сексуалниот!

Седам така пред некој ден со двајца пријатели на кафе муабет.....
- Како е - го прашувам едниот.
- Шо како е вика. Никако.
- Сексуалниот живот ми е катастрофа.
- Откако нема веќе реклами за трето дете, жена-ми ја изгуби желбата за секс.
- А откако пак разбра дека субвенцијата се разгледува пред уставен....либидито ептен и падна.
- Нема веќе иднина - се жали.
- Абе криза нема за тебе - му велам - Муваш ти нешто и на страна.
- Што мувам бе.
- И швалерката ме откачи откако разбра дека се крчкало некој закон со кој ќе плаќала пенали ако не била мажена до 28, а она на граница... 27.
- Како бе така те откачи - го прашувам изненадено.
- Е така де.
- Ми рече дека повеќе не и требал швалер...туку маж.
- Еее... и јас си имам сличен проблем - се надоврзува вториот пријател.
- Е што проблем па имаш ти ? Немаш жена, немаш швалерка...имаш сериозна врска - зачудено прашува првиот.
- Абе се утепав пари давајќи по кондоми - одговара овој.
- Зашто кондоми ? Па нели сте веќе 4 години заедно - зачудено констатирам.
- Епа сме, ама во последно време нонстоп ми префрла дека абортусот бил убиство, а ние сеуште не сме во брак. Така да стариот добар секс без кондом за мене веќе е минато - нервозно ја вади кутујата цигари од џеб и пали цигара.
- Дечко, овде пушењето е забрането - довикува келнерот од шанкот.
- Како бе забранено ? Па нели...
- Абе ве зезам - не прекинува и се смее.
- Ама после избори ќе видите - пак се смее.

Го привршуваме така кафе-муабетот...излегувам надвор и во најблискиот парк седнувам на една клупа, за да на раат испушам една цигара.
Лево од мене, камуфлиран џандар кој едвај чека да плукнам или фрлам пикавец, па да ми опне една казна од 50 евра.
Спроти мене седат момче и девојка, а јас, помалку воајерски им го прислушкувам муабетот.

- Кажи нешто де - му вели девојчето на момчето.
А овој како од топ почнува:
- Дали знаеш дека со брз бакнеж уста на уста се согоруваат три калории, додека со долготраен и страстен бакнеж може да се истрошат дури 6,5 калории.
- Молам ? Зачудено прашува девојчето.
- Да бе цуцо, не си знаела - задоволно одговара момчето.
- Ти личам ли ја на дебела бе за да согорувам калории...дебилу еден? Револтирано одговара девојчето, станува од клупата и си заминува.
- Ама чекај...јас знам англиски, одам на часови по француски, а компјутерот дома тата мата го правам...Застани!! Знаењето е сила...знаењето е моќ - извикува момчето.
- Да ама треба уште многу многу да учиш - заминувајќи му возвраќа девојчето.
- И...? Каде згрешив сега - Се прашува паметното момче гледајќи во мене.
- Глупавата идеја е само отсуство на добрата.Ништо страшно.
Му одговарам станувајќи од клупата и одејќи накај најблиската корпа за отпадоци за да го фрлам отпушокот од цигарето.

- Пууу ме заеба!! Го слушам гласот на џандарот од позадина.
- Уште половина час имам до крајот на смената а треба уште двајца да казнам, инаку отидоа 15% од платата.
- Иди му викам пред влада или парламент. Таму секој еден кој ќе помине, плука по нив, така да за 15 минути ќе си го исполниш лимитот за цела недела.
- Благодарам Господине...љубезно ми се обраќа џандарот.
- Ако свршам работа во знак на благодарнаост имаш две плукања и едно фрлање пикавец гратис од мене - се насмевнува и шиба накај влада со надеж дека во последен момент ќе спаси околу две-ипоп илјади денари од неговата плата.
А јас, погледнувам во часовникот и брзам накај дома, во надеж дека рекламите се вратени во етер, за да конечно си ја повратам и мојата изгубена самодоверба која исчезна со исчезнувањето на владините кампањи :)

The End

Настаните и улогите се полуизмислени.

Користени се сегменти од следните владини кампањи и реклами:
- Ти си Македонија
- Трето дете
- Знаењето е моќ
- Стоп за абортусот
- Забрането плукање и фрлање пикавци

Во текстов погоре, се обидов од моја гледна точка на еден пародичен начин да го претставам "ефектот" од владините кампањи и реклами за кои се потроши многу поголема сума на пари од изнесените осум милиони годишно од страна на заводот за ревизија, и околу кои се дигна голема прашина за време на нивното презентирање.

И бидејќи нели Јас сум Македонија а знаењето е моќ, слободно можам да констатирам дека ние всушност и немаме лоша влада, туку имаме недостаток од добра, а рејтингот на власта не паѓа поради нејзината лошата работа, туку поради недостаток на реклами.

Ова е само моја констатација во врска со горенапишаното.

А вашата ?

Дали некому му недостигаат владините реклами ?
Дали некој денес за разлика од пред два месеца се чувствува помалку Македонец ?
Дали за време на кампањата решивте да го проширите семејството со трето дете ?
Дали после престанокот на рекламите се откажавте од проширување на семејството ?
Дали скапо-платените реклами на било кој начин влијаеа врз вас ?
Дали целта ги оправда средствата ?
Тука да напоменам дека по моја лична пресметка базирана врз пазарните цени за продукција и закупен медиумски простор за емитување на истите, севкупните владини кампањи и реклами годишно би чинеле повеќе од 40 а помалку од 50 милиони евра.

И уште само едно прашање:

Дали средствата имаа цел ?
Подобар пост за мене во политика од овој нема.Не сум политички определена за влада или против влада ама знам дека сум против безвезните глупави иритирачки и досадни кампањи.Мило ми е што ги нема и се надевам т.е се молам дека нема ни да се појават пак:nesum:
 
Подобар пост за мене во политика од овој нема.

безвезните глупави иритирачки и досадни кампањи

Користени се сегменти од следните владини кампањи и реклами:
- Ти си Македонија
- Трето дете
- Знаењето е моќ
- Стоп за абортусот
- Забрането плукање и фрлање пикавци (Основна култура)

која од овие не е позитивна??
или шпанските серии поедукативни се ?
 
Ниедна не е позитивна....Што придонесоа за тебе лично може да објасниш?
 
А ти да објасниш како ти одмогнаа?
Кога ќе ми одговориш на прашањето тогаш ќе добиеш одговор на твоето.Зошто сето тоа го сфаќате партиски не ми е јасно.Едноставно тие претставуваат за џабе фрлени пари.
Како ти звучи свеста на средовековната жена која на нова година роди 4то дете и кога ја прашаа како се решила на тој чекор и кога одговори дека сакале да ги искористат средствата кои ги дава владата со кампањата.Мене тоа ми звучеше бедно.Што со тоа дете понатаму?Каде ќе најде пари да го школува, да го нахрани да го облече?Она за тоа не размислува, туку само за надоместокот што го дава владата.
Извини ама мене ова не ми дава никакво подигање на свеста.
А на дечково што ме реплицираше дека сум била зелена не вреди да се симнувам на негово ниво и да навредувам.Барем да имаше за одговор нешто паметно.........се гледа колку му помогнале кампањите посебно таа за толеранција просто ме вчудоневидува ефектот:pipi:
 
Мене не ми сметаа суштините на рекламите углавно стојам и јас на тие мислења и мислам дека се корисни.
Ама самите реклами и начинот на презентирање беа многу чкарт(“татушка да и го начука на мамушка да се роди дадушка’’ )и преифорсирани што створија одбивност према идеите.
Налет парата фрлена за нив, свеста за некои прашања кои се битни ќе биде синомин за “Грујова реклама’’ уште долго време и нема да се размислува на суштината и пораката.
Мислам дека можеа се ова посуптилно да го пласираат, освен ако самите не иделе на картата “аверзија’’
 
Кога ќе ми одговориш на прашањето тогаш ќе добиеш одговор на твоето.Зошто сето тоа го сфаќате партиски не ми е јасно.Едноставно тие претставуваат за џабе фрлени пари.
Како ти звучи свеста на средовековната жена која на нова година роди 4то дете и кога ја прашаа како се решила на тој чекор и кога одговори дека сакале да ги искористат средствата кои ги дава владата со кампањата.Мене тоа ми звучеше бедно.Што со тоа дете понатаму?Каде ќе најде пари да го школува, да го нахрани да го облече?Она за тоа не размислува, туку само за надоместокот што го дава владата.
Извини ама мене ова не ми дава никакво подигање на свеста.
А на дечково што ме реплицираше дека сум била зелена не вреди да се симнувам на негово ниво и да навредувам.Барем да имаше за одговор нешто паметно.........се гледа колку му помогнале кампањите посебно таа за толеранција просто ме вчудоневидува ефектот:pipi:
Многу погрешно сваќање на кампањата.Целта на камп. трето дете нее некој да земе пари од државата.Познато е дека нашиот народ старее.Нема никаков наталитет и се соочува со стареење да не речам одумирање.Јас и натаму сум со мислење дека кампањата беше на место без разлика на ефектот.Не е убаво да се фрла со дрва и камења на се што нее од СЕДЕСЕ.Пак ќе речам да не беше онаа изјава на портпаролите на седесе каде се трошеле нашите пари немаше ни олку прашина да се крене.
 
Kako lud sum bez niv!!!!

Ajbe malce oladete vekje so taa predizborna kampanja OVCI!!!

Da vi se isposeram na vasite partii i vasite prepukuvanja ovdeka na forumov!!!

Kako be ne vi e sram vekje so ova sto go pravite daj ostavete ne nas obicnite smrtnice da odmorime malce od vasite partiski gluposti i prepukuvanja.

:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Зошто претерал ?

Доколку мислиш дека сум претерал, те молам аргументирано демантирај ме и одговори на следните прашања:

Дали некој денес за разлика од пред два месеца се чувствува помалку Македонец ?
Дали за време на кампањата решивте да го проширите семејството со трето дете ?
Дали после престанокот на рекламите се откажавте од проширување на семејството ?
Дали скапо-платените реклами на било кој начин влијаеа врз вас ?
Дали целта ги оправда средствата ?
Тука да напоменам дека по моја лична пресметка базирана врз пазарните цени за продукција и закупен медиумски простор за емитување на истите, севкупните владини кампањи и реклами годишно би чинеле повеќе од 40 а помалку од 50 милиони евра.

Дали средствата имаа цел, или најголемата цел беше перење на неколку десетици милиони евра ?
Е сега Реален што очекуваш да ти кажам.Овие прашања што си ги поставил не заслужуваат одговор.Сеа што очекуваше ти?Дека после кампањата ќе рипнат сите и ќе склепаат уште по едно или две деца?Или дека сега по два месеци ќе станиме ептен Македонци и ќе нема никакви поделби?Сигурно не очекуваше дека по 2 месеци во Македонија се ќе се сфрти за 360 степени?Имаме околу ова разговарано и ако почниме пак ќе треба да се враќаме назад и пак од почеток.Не видов ништо лошо во кампањата а нити во спотот на М.Манчески за која исто толку кренавта прашина.И еве тие 50 еура западногермански се разбира не ги жалам за кампањата.Барем ете знам каде ги потроши владата,што не би рекол за владите на СЕДЕСЕ кога не знаев ни што ни како ни каде одлетаја фабриките,претпријатиата, девизните заштеди на граѓаните и се што беше вредно во оваа наша мила и напатена "Северна Македонија".Подобро е и вака пријателе оти ако беше во позиција твојот идол БЦ да одлучува тие пари ќе ги потрошеше во кампањи со кои би го смениле името.Верувај.
 
Како само би ги банирал сите што не мислат како тебе а :nesum:
Поставуваш тема , а не трпиш поинакво мислење ...
Би сакал ти едноумие а ?
Умре тоа време брат ...одамна умре ...
И после ја сум ти бил спамерр на овој подфорум...
Ова не кореспондира со реалната ситуација. Секогаш сум отворен за конструктивна дискусија во која со соговорникот би ги соочиле аргументите, а не навредите.
Дали ова на тебе ти личи на конструктивна дискусија:
Си созреал за на бајачка.
Авторот е дипломиран чукач на празна слама. :nesvest:
Секако дека тие „вработените„ на Бихаќка не се толку „ступидни„ за да ги смислат..кога ете тие ни се многу преокупирани со ВИТКАЊЕ на КИЧМИТЕ..со ТОПЕЊЕ ТЕНКОВИ...и МЕНУВАЊЕ на ИМЕТО (без да се „загрози„ ИДЕНТИТЕТОТ)..
:pipi:
Заев ли ви кажа така да зборите :pos2:Смешни сте ... Дајте нешто поозбилно ...
за тебе и неколкумина амеби на форумов ...
џабе е да ти се објасни кои се ефектите кога тоа неможеш да го примиш у глаа ... тоа е голема филозофија за тебе ...
^Ова мене повеќе ми личи на муабет во некој селски штаб на ДПМНЕ, каде младите сили прават натпревар во плукање од место во далечина.
Али ајде еве ти мое мислење за владините кампањи , иако мислам дека добро го знаеш :
Супер штом ти текна да кажеш и некој збор околу темава :)
Мислам дека тоа се добро потрошени пари , во кои се промовираат позитивни работи , работи за кои ти "реален" мој пријателе мислиш дека се негативни !
Далеку од тоа да мислам дека се негативни.
Јас само прашувам:
Дали потрошените пари, ја постигнаа својата цел ?
Доколку за нешто потрошиш од 80 до 100 милиони евра, сигурно е дека МОРА да имаш и некоја замислена цел.
А сега слободно банирај ...
Не сум јас тука да банирам пријателе. За таа работа си постои администрација на форумов.
 
Многу погрешно сваќање на кампањата.Целта на камп. трето дете нее некој да земе пари од државата.Познато е дека нашиот народ старее.Нема никаков наталитет и се соочува со стареење да не речам одумирање.Јас и натаму сум со мислење дека кампањата беше на место без разлика на ефектот.Не е убаво да се фрла со дрва и камења на се што нее од СЕДЕСЕ.Пак ќе речам да не беше онаа изјава на портпаролите на седесе каде се трошеле нашите пари немаше ни олку прашина да се крене.
Повторувам дека сакам да ја ставите партиската обоеност на страна. Јас ти пишав дека овој пример не го измислив изјавата е од првата жена што родила 4то дете во 2009.Те молам пробај убаво аргументирано да ме убедиш дека грешам, да ми кажеш пример на некој кој му разработела свеста во позитивен правец поради кампањите.Не викам дека имало нешто негативно туку само непродуктивно штом нема ништо ефект.Јас искрено не слушнав ни еден случај каде стварно има 3то дете само за да се зголеми наталитетот во државава, жалосно ми беше дека не мислат за понатаму туку за надоместокот само:pipi:
 
дали ми недостигаат владините реклами?
да се реклами ко рклами корисни и полезни можеби.
такви какви што беа НЕ!!
на етерот оди реклама на стока што слабо одуи на пазаротво стилот на ТОП ШОП
колку што можам да приметам некој се најде навреден на форумов од самата тема и тоа непотребно. не би требало критиките да се сваќат толку сериозно, секоја критика може дабиде од корист , ако је адекватна, нели сепак се трошат народни пари кој можат по паметно да се искористат......
за сега толку да не ми се олади ручекот, денес е прочка не заборавајте :smir::smir::smir::smir:
 
Повторувам дека сакам да ја ставите партиската обоеност на страна. Јас ти пишав дека овој пример не го измислив изјавата е од првата жена што родила 4то дете во 2009.Те молам пробај убаво аргументирано да ме убедиш дека грешам, да ми кажеш пример на некој кој му разработела свеста во позитивен правец поради кампањите.Не викам дека имало нешто негативно туку само непродуктивно штом нема ништо ефект.Јас искрено не слушнав ни еден случај каде стварно има 3то дете само за да се зголеми наталитетот во државава, жалосно ми беше дека не мислат за понатаму туку за надоместокот само:pipi:
Да навистина тоа е тргично да се оди на 3 дете само за средствата што ги нуди државата.Не ми беше целта дате разубедувам во нешто пошто не сум ни јас парт.обоен.Само сакав да ги оправдам донекаде рекламите односно кампањата на владата не само за трето дете туку воопшто.Тоа го има секаде.Ете Чешка дури се реши да населува население претежно од словенските народи се со цел да го запре стареењетона своето население.Замисли какви реакции ќе има ако некоја влада кај нас би се решила на ваков чекор.Не може мене да ме убеди некој (на пр.реален 07)дека една реклама од типот Ти си Македонија ќе има негативни последици кога на секој чекор се етикетираме како бугари срби патриоти предавници вакви или онакви.Не сакам да те убедувам ни да те обојувам само сакав да ти кажам дека овие реакции против владинита кампања дојдоја од кујните на СДС.Еве и ти кажими нее подобро тие 50 еура да знаеш дека владата ги потрошила за некоја кампања или пак да не знаеш кај ти исчезнале или кај испариле заштедените твои пари и девизи?

Ова не кореспондира со реалната ситуација. Секогаш сум отворен за конструктивна дискусија во која со соговорникот би ги соочиле аргументите, а не навредите.
Дали ова на тебе ти личи на конструктивна дискусија:

^Ова мене повеќе ми личи на муабет во некој селски штаб на ДПМНЕ, каде младите сили прават натпревар во плукање од место во далечина.
Супер штом ти текна да кажеш и некој збор околу темава :)Далеку од тоа да мислам дека се негативни.
Јас само прашувам:
Дали потрошените пари, ја постигнаа својата цел ?
Доколку за нешто потрошиш од 80 до 100 милиони евра, сигурно е дека МОРА да имаш и некоја замислена цел.
Не сум јас тука да банирам пријателе. За таа работа си постои администрација на форумов.
Веќе еднаш ти реков дека не е навреда да ме наречеш селанец.Уосталом што му фали на селаните и нивните селски штабови ко ќе немаме што да правиме организираме натпревари и во плукање во далечина.И се живо можеме да победиме само едни никогаш не верувам дека ќе ги победиме.Тие се недопирливи и постојат само за себе.Гледаат од високо на се и тие можат да плукнат најдалеку.Мислам знаеш за кого зборувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom