Неписменоста на форумот

Може темава да се преименува во Говорете Македонски :vozbud: ....ама зборовите да ги чита ЉуБчо Георгиевски...нели во негово време тоа беше актуелно
 
Може темава да се преименува во Говорете Македонски :vozbud: ....ама зборовите да ги чита ЉуБчо Георгиевски...нели во негово време тоа беше актуелно
Јас не знам колку знаеш, меѓутоа говорете не е македонски збор. Тоа беше доста интересна полемика, за на крај да се дојде до заклучок дека зборувајте е многу поадекватен збор отколку говорете.
:helou:
колку да си знаеш, не дека направи грешка:smir:
 
Неписменоста на форумов можеби и не е толку лоша, посебно ако се спореди со нечитањето или несфаќањето, сеедно. Толку страни прочитав, а наидов на само неколку коментари кои се на место и одговараат на поставената тема.
Туку, иако немам допирна точка со факултетот на Марко, ја имам истата мана. Често се случува да ме изнервираат постови кои се полни со информации и знаење, а во кои има доста правописни грешки. Сепак, не изгледа убаво и не остава некој голем впечаток кога ќе налеташ на некој кој сака да се направи или е паметен, а не знае дека Македонија се пишува со К и Ј. Тоа само како пример, кој често го посочувавте и вие.
Во основно и средно, имав чест Македонски јазик да ми предаваат прекрасни професори, кои постојано се трудеа да не научат што е можно повеќе. Посебно внимаваа на правилниот речник и правопис, па често сме правеле и диктати поради тоа. Во средно, повеќе од половина од оцената за писмената работа се добиваше од правописот, а за оцена во дневник беше најпресудно правилното изразување. Па денес, после толкав труд од моите професори, јас потсвесно си врежав многу правила. Со тоа не сакам да кажам дека знам се`, затоа што не е така. Често се случува да научам некое ново правило, после што ми е непријатно што не сум го знаела. Истото, одма го меморирам и не го грешам пак. Пример, не знаев дека "се` уште" не се пишува заедно, иако пологично е да е така.:toe:
А како сето тоа го користам и денес? Било што да пишувам, не можам на мојот дијалект. Многу ми е смешно и глупаво. П
Покрај правописот, навикната сум кога пишувам да е тоа литературно. Ретко се случува да отстапам од тоа, само затоа што ми е непријатно да оставам некому некаква кратка порака, напишана на литературен јазик... секој би ми се насмеал.:toe:
Кога пишувам тука или на мсн и сл., навистина се борам со себе! Едноставно, ми доаѓа да пишувам правилно, а тоа во денешно време кај повеќето би предизвикало само смеење.:)
Значи, поентата ми е дека темава е супер и уште посупер би била кога барем наредните страни ќе бидат попозитивни.:wink:
 
Било што да пишувам, не можам на мојот дијалект. Многу ми е смешно и глупаво. ....
Значи, поентата ми е дека темава е супер и уште посупер би била кога барем наредните страни ќе бидат попозитивни.:wink:

Ja можа на печеш дијалекти да пиша ак сака, усфари можа да се потруда. Еф, сеа на пример ќе се потруда да пиша на кракузиски, за да да тро придонес и да го потзачува кракузискио говор во аркивине на гугал.

И друго шо ќе се потруда да си кажа, ќе се потруда да су попозитивен.
Зато еф на една пљуска од мене: +. Со болт јет пишана, за да се знет дек сака позитивносќе.:back:
 
Уфффф тоа несака и неможе ужасно ме нервира!!! :nerv:
 
Ja можа на печеш дијалекти да пиша ак сака, усфари можа да се потруда. Еф, сеа на пример ќе се потруда да пиша на кракузиски, за да да тро придонес и да го потзачува кракузискио говор во аркивине на гугал.

И друго шо ќе се потруда да си кажа, ќе се потруда да су попозитивен.
Зато еф на една пљуска од мене: +. Со болт јет пишана, за да се знет дек сака позитивносќе.:back:

Ама ти си смешен!!! :pos2:
Шала на страна ... секако дека на ваков муабет исто би ти вратила, ама потешко ми е кога се работи за посериозен муабет, да пишувам Струшки. :toe:
 
Ама ти си смешен!!! :pos2:
Шала на страна ... секако дека на ваков муабет исто би ти вратила, ама потешко ми е кога се работи за посериозен муабет, да пишувам Струшки. :toe:

Андеде, сериозен јет, не веља не. Ама Дано ле дано моја рано, шчо мислиш ти бе пиленце, от ќе го знеме није овајговор да го прогорвиме от време на време? Санќир нашкола сне го учеле. Ја пасејќи офци ко завршив трето оделеније саде вака можеф да се разбера со нив. И шчо да пра ја сеа? Требит да кажвиме за да не се заборајт.

Еф по струшки ко ме ѓибаш, ногу помило ми је ко ќе прочита "Ќ' о' надрва" или "Ќ' о' наструга" отколку Ќе одам по дрва или Ќе одам до Струга. Чунким, таќе зборале дедојни дедофци и небивает да потзаборајме на ними. :back:

Еф пак пљуска + зелена за да јет пошарено :)

А да јет жив Миладин (от Миладиновци малото, шчо учеше чколија ф сфрансфо) и да те чујет как се страмиш от говорот на кој шо пишел такви медојни за читање и прогорање, никош не би ти влегол в дучан.

ДУМАЊЕ

Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Окул-нокул јарка младост
От љубовта барат ладост.
Та лад не дат, пламен даат,
И во маки душа клаат.

Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Јарка младост јарко греит
И ко цвеќе ме венеит,
Барам сенка да с`оладвам,
В место сенка в жарој падвам.

Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Младост срцето ми печит
Без надежда да м`излечит.
Ела, младост, усили се,
И во мене угасни се!
 
Ако веќе викаш правопис, у место во не е скопски туку српски. Јас македонски имам двојка, и мислам дека ми е заслужена. Неколку пати во постовите имам пишано дека сум тапа за македонски, а со тоа и правопис и да не ми замерувате за тоа. Но ако веќе си македонец, не користи србизми.
 
Небаре говорот ни е на место, та сме се фатиле за правописот. :)

Мене не ми боде очи тоа што некој голтнал буква, ставил запирка каде што не треба (ова и јас го правам доста често), пишува на дијалект или прави грешка со сВаќам наместо сфаќам. Да бидам искрена, повеќе ми пречи кога некој не знае да употребува интерпункциски знаци или воошто не ги употребува. Многу е потешко за читање, односно целиот звук што се добива од читањето звучи некако фалш. Како канти да тропаат, да се изразам метафорично. :)

Меѓутоа, тоа што ми пречи е неправилен говор, оној тип што нема никаква врска со правопис, туку со општа култура и/или незнаење. Бидејќи тие членови можеби го запазуваат правилото да пишуваат онака како што зборуваат, меѓутоа не зборуваат правилно. Па се добива следното:

- отидовНе наместо отидовме
- кеНЛер наместо келнер
- гроЈЗе наместо грозје
- доРЈан наместо дојран - знам дека сега ќе ме прекори Серпико дека се пишува со голема буква :smir:

Инаку, правописот не се стекнува само на школо, тоа е точно дека е важна основа, меѓутоа се надоградува со читање. Иако, првенствено мислам дека најголемо влијание има тоа што сме го научиле дома. Особено за оние примери што ги набројав погоре. Ако така ги научиле од мали, нема жива сила што потоа ќе ги поправи, едноставно во самиот говор несвесно ќе се прават тие грешки.
 
- доРЈан наместо дојран - знам дека сега ќе ме прекори Серпико дека се пишува со голема буква :smir:

Офтопик: дојран се пишува со мала, Охрид со голема. Колкаво езеро, толкава буква! :)))

Точно, домашното потковување е многу важно, со тоа што човекот знае да се истренира кога и во која прилика на кој начин да разговара или да општи во литературна форма.
 
Андеде, сериозен јет, не веља не. Ама Дано ле дано моја рано, шчо мислиш ти бе пиленце, от ќе го знеме није овајговор да го прогорвиме от време на време? Санќир нашкола сне го учеле. Ја пасејќи офци ко завршив трето оделеније саде вака можеф да се разбера со нив. И шчо да пра ја сеа? Требит да кажвиме за да не се заборајт.

Еф по струшки ко ме ѓибаш, ногу помило ми је ко ќе прочита "Ќ' о' надрва" или "Ќ' о' наструга" отколку Ќе одам по дрва или Ќе одам до Струга. Чунким, таќе зборале дедојни дедофци и небивает да потзаборајме на ними. :back:

Еф пак пљуска + зелена за да јет пошарено :)

А да јет жив Миладин (от Миладиновци малото, шчо учеше чколија ф сфрансфо) и да те чујет как се страмиш от говорот на кој шо пишел такви медојни за читање и прогорање, никош не би ти влегол в дучан.

ДУМАЊЕ

Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Окул-нокул јарка младост
От љубовта барат ладост.
Та лад не дат, пламен даат,
И во маки душа клаат.

Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Јарка младост јарко греит
И ко цвеќе ме венеит,
Барам сенка да с`оладвам,
В место сенка в жарој падвам.

Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Младост срцето ми печит
Без надежда да м`излечит.
Ела, младост, усили се,
И во мене угасни се!

Абе златен, ја тераме темава во погрешна насока. Никој не вели дека е лошо да си го зачуваме дијалектот од нашите дедовци, само не може секаде да се применува, а и не е убаво баш. Пример на форумов... што ќе биде ако секој си зборува на свој дијалект? Прво ќе нема ни Е од естетика, а после ќе има и големи недоразбирања помеѓу нас. За по дома или за на кафе никој никому нема право да му кажува како да зборува, но барем на еден ваков јавен медиум, јас мислам дека е подобро сите да го практикуваме Македонскиот литературен јазик, без забегување со сите дијалекти кои постојат.
А на темава... уште полошо е кога некој пишува Струмички на пример, а притоа не внимава и на правописот. Не знае да стави голема буква на почеток, запирка за да ја среди реченицата, па макар и точка за да се знае каде таа завршува. Покрај тоа, од невнимание, во секој збор пропушта или додава три букви, со што апсолутно ништо не се разбира. И да, сето тоа, напишано на латиница... :nesvest:
И навистина не разбирам зошто не го сфаќате ова како поголем проблем. Не дека сме тука на испит и мора да се докажуваме, трудиме многу и мора да внимаваме на се`, ама жалосно е да не се знаат, некои навистина основни работи од својот јазик. На страна дијалектите! :)
 
јас на пример секогаш сум стоел добро со македонскиот ама во форумов љубам да пишувам без големи букви и со минимум интерпукциски знаци . ке ми простите за комотноста што си ја дозволувам
 
Алал вера колку сите се` си знаат. :cuc:

Денес кај мојот маалски бербер, дискутирав со момчето за македонската нарав. Заклучивме заедно дека македонците се народ кој не работи, но обожува да тера политика, исправа криви реки, Дрини и паланки, но кога ќе дојде момент да се стори нешто конструктивно прави една специфична фаца проследена со зборовите, “ќе средиме бе“.

Игнорантноста и непочитувањето на околината е одраз на обичен простотилак, ништо повеќе. Па така и “вашето“ игнорирање на потребата нај едноставно својата мисла да ја пренесете до мене го поистоветувам со непочитување на мојата личност. Истото (бидејќи е непоткрепено со вистинска причина, сем оние кои навистина ја имаат) го сметам за неинтелигентно.

Значи, да не се трудиш да бидеш писмен според мене е смешно. Исто колку и напаѓањето на сите околу себе дека твоето велигденско јајце е поцрвено од неговото, а ти си пописмен од него.
јас на пример секогаш сум стоел добро со македонскиот ама во форумов љубам да пишувам без големи букви и со минимум интерпукциски знаци . ке ми простите за комотноста што си ја дозволувам

Ја не ти простувам. Ќе ми простиш што не ти простувам... :smir:
 
Според мене не е толку многу важен правописот и граматиката доволно е само да е јасно тоа што е напишано. Многу поважна е креативната мисла и начинот на кој се искажува тоа.
 
Според мене не е толку многу важен правописот и граматиката доволно е само да е јасно тоа што е напишано. Многу поважна е креативната мисла и начинот на кој се искажува тоа.

Eпа како може да биде јасно тоа што е напишано ако притоа не се почитуваат некои правила, било тоа да се граматички или правописни ???

Ако не можеш да го искажеш тоа што го мислиш тогаш џабе ти е креативната мисла, колку и таа да била добра...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom