Јас не знам колку знаеш, меѓутоа говорете не е македонски збор. Тоа беше доста интересна полемика, за на крај да се дојде до заклучок дека зборувајте е многу поадекватен збор отколку говорете.Може темава да се преименува во Говорете Македонски ....ама зборовите да ги чита ЉуБчо Георгиевски...нели во негово време тоа беше актуелно
Ja можа на печеш дијалекти да пиша ак сака, усфари можа да се потруда. Еф, сеа на пример ќе се потруда да пиша на кракузиски, за да да тро придонес и да го потзачува кракузискио говор во аркивине на гугал.Било што да пишувам, не можам на мојот дијалект. Многу ми е смешно и глупаво. ....
Значи, поентата ми е дека темава е супер и уште посупер би била кога барем наредните страни ќе бидат попозитивни.:wink:
Ама ти си смешен!!! :pos2:Ja можа на печеш дијалекти да пиша ак сака, усфари можа да се потруда. Еф, сеа на пример ќе се потруда да пиша на кракузиски, за да да тро придонес и да го потзачува кракузискио говор во аркивине на гугал.
И друго шо ќе се потруда да си кажа, ќе се потруда да су попозитивен.
Зато еф на една пљуска од мене: +. Со болт јет пишана, за да се знет дек сака позитивносќе.:back:
Андеде, сериозен јет, не веља не. Ама Дано ле дано моја рано, шчо мислиш ти бе пиленце, от ќе го знеме није овајговор да го прогорвиме от време на време? Санќир нашкола сне го учеле. Ја пасејќи офци ко завршив трето оделеније саде вака можеф да се разбера со нив. И шчо да пра ја сеа? Требит да кажвиме за да не се заборајт.Ама ти си смешен!!! :pos2:
Шала на страна ... секако дека на ваков муабет исто би ти вратила, ама потешко ми е кога се работи за посериозен муабет, да пишувам Струшки.
Офтопик: дојран се пишува со мала, Охрид со голема. Колкаво езеро, толкава буква! ))- доРЈан наместо дојран - знам дека сега ќе ме прекори Серпико дека се пишува со голема буква :smir:
Абе златен, ја тераме темава во погрешна насока. Никој не вели дека е лошо да си го зачуваме дијалектот од нашите дедовци, само не може секаде да се применува, а и не е убаво баш. Пример на форумов... што ќе биде ако секој си зборува на свој дијалект? Прво ќе нема ни Е од естетика, а после ќе има и големи недоразбирања помеѓу нас. За по дома или за на кафе никој никому нема право да му кажува како да зборува, но барем на еден ваков јавен медиум, јас мислам дека е подобро сите да го практикуваме Македонскиот литературен јазик, без забегување со сите дијалекти кои постојат.Андеде, сериозен јет, не веља не. Ама Дано ле дано моја рано, шчо мислиш ти бе пиленце, от ќе го знеме није овајговор да го прогорвиме от време на време? Санќир нашкола сне го учеле. Ја пасејќи офци ко завршив трето оделеније саде вака можеф да се разбера со нив. И шчо да пра ја сеа? Требит да кажвиме за да не се заборајт.
Еф по струшки ко ме ѓибаш, ногу помило ми је ко ќе прочита "Ќ' о' надрва" или "Ќ' о' наструга" отколку Ќе одам по дрва или Ќе одам до Струга. Чунким, таќе зборале дедојни дедофци и небивает да потзаборајме на ними. :back:
Еф пак пљуска + зелена за да јет пошарено
А да јет жив Миладин (от Миладиновци малото, шчо учеше чколија ф сфрансфо) и да те чујет как се страмиш от говорот на кој шо пишел такви медојни за читање и прогорање, никош не би ти влегол в дучан.
ДУМАЊЕ
Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Окул-нокул јарка младост
От љубовта барат ладост.
Та лад не дат, пламен даат,
И во маки душа клаат.
Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Јарка младост јарко греит
И ко цвеќе ме венеит,
Барам сенка да с`оладвам,
В место сенка в жарој падвам.
Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Младост срцето ми печит
Без надежда да м`излечит.
Ела, младост, усили се,
И во мене угасни се!
Ја не ти простувам. Ќе ми простиш што не ти простувам... :smir:јас на пример секогаш сум стоел добро со македонскиот ама во форумов љубам да пишувам без големи букви и со минимум интерпукциски знаци . ке ми простите за комотноста што си ја дозволувам
Eпа како може да биде јасно тоа што е напишано ако притоа не се почитуваат некои правила, било тоа да се граматички или правописни ???Според мене не е толку многу важен правописот и граматиката доволно е само да е јасно тоа што е напишано. Многу поважна е креативната мисла и начинот на кој се искажува тоа.