Епа вака
не мислев да пишам на темава ама после постов морам
значи уствари има врска кој како пишува, мислам малце треба да си свесен дека треба сите да те разберат,сама наведуваш дека треба овде да комуницираш и да научиш нешто од другите, но како ќе го сториш тоа ако ти зборува на некој чкљ дијалект и со еден куп правописни грешки да немојш нишо да разбериш?
Малце треба да се има обѕир. Јас, да понекогаш ќе напишам некој збор на охридски,ама секогаш настојувам појќе литературно да пишам(иако и во приватен живот зборувам по литературно).
Така да сакам да кажам дека тоа да секој има право да зборува како сака,ама нека си зборува литературно ако сака и другите да му го прочитаат постот и да научат нешто од него.
Инаку како што видов темава беше за тоа зборовите правилно не се пишувале ова она. Добро сега, не е секој размислува дали во постот да напиши не може или неможе. Мислам дека од тоа нема потреба, сега треба само да се настојува повеќе литературно да се пишува на форумов, но не и правилно да ги пишуваш(во смисла слеано или одделено) и такви работи. Сепак како што реков секој не е писмен, не секој имал 5ка или 4ка по македонски и студира филолошки факултет.
Да беше за така ќе имаше тестирање на форумов, па ај после за врат да ги фатиме тие шо не напишале правилно некој збор.
Воглавно јас сум за тоа да се пишува само на македонски фонт, да се пишува повеќе литературно(сеа може некој збор на одреден дијалект да го напишиш, ама пак на пример јас неможам струмички да разберам воопшто,па сеа некој таков цел пост да го напиши нема шанса да успеам да го прочитам) и исто така да се внимава повеќе на интерпункцијата.