Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Во Србија ќе се врши дигитализирање на сите книги од 12 век од персиски,турски и арапски јазик за Александар Македонски ,кои потоа ќе бидат објавени преку европската дигитална библиотека.
Врз основа на репарациите од 1928 година во Германија за целите на универзитетската библиотека еоткупена библиотеката на професорот Хајнрих Кристенсен, кој собрал околу 150 книги во 300 тома за Александар Македонски.
Книгите се напишани на различни европски јазици и објавувани во различни градови, помеѓу 15 и 19 век.
Ова е новиот проект на порталот „Europeana" во кој учествува белградската библиотека, како единствена од југоисточна Европа, заедно со водечки истражувачки и универзитетски центри кои ќе го направат достапно целото културно наследство.
Тимот кој се состои од десет луѓе од Универзитетската библиотека „Светозар Марковиќ“, заедно со волонтерите, од овој месец почнува со дигитализација на збирката посветена на Александар Македонски, како и збирка на ориентални ракописни книги која содржи 686 дела на повеќе од 133.000 страници.
Книгите се напишани на три ориентални јазици – арапски, отоманско турски и персиски, а сите тие потекнуваат од европскиот дел на Отоманската Империја збогатена со сите влијанија на локалните традиции, начините на пишување и јазиците кои се специфични за овој регион.
Најстарата книга е од 1206 година, а овие дела пристигнаа во Белград благодарение на разните донации.
Македонска Искра
Можете ли да замислите какви тези ќе бидат срушени после завршувањето на овој проект?